Набљудувајќи ги набљудувачите: Јазикот, етнитетот и моќта во Македонија за време на пописот во 1994 година и потоа
(Оригинално издаден на англиски: Observing the Observers: Language, Ethnicity, and Power in the 1994 Macedonian Census and Beyond. Toward Comprehensive Peace in Southeastern Europe: Conflict Prevention in the South Balkans, ed. by Barnett Rubin. New York: Council on Foreign Relations/Twentieth Century Fund. 1996. 81 105 & 119 126.Читателот треба да има предвид дека некои детали се променети во последниве пет години, но, сепак, основните теми сеуште се актуелни.)
Во Сараево, пред Југословенската војна, имаше музеј на крајот на мостот каде што бил убиен принцот Фердинанд. Меѓу експонатите во музејот имаше политичка карикатура од периодот непосредно пред избивањето на оваа таканаречена голема војна(Првата Светска војна). На неа беше прикажан неправилен круг од буриња барут, некои беа со долги фитили што се нишаа, а од други се излеваше барут. Во центарот на кругот направен од овие буриња барут стоеја слаби, неизбричени луѓе со темни мустаќи, облечени во национални носии на балканските народи, вчудовидено обѕрнувајќи се околу себе. Надвор од кругот, ревносно подавајќи им запалени чкорчиња, стоеја дебели, бледи, негувани луѓе во официјални западноевропски облеки на Големите сили. На овој начин во поранешна Југославија се сфаќаше концептот за "балканското буре барут". Има определена иронија во сликата на која во центарот се наоѓа Балканот, а Големите сили се на периферијата затоа што, всушност, речиси во секоја сфера од односите меѓу Југоисточна Европа и остатокот од тој континент случајот е обратен, а Македонија останала и останува да биде потенцијален центар на конфликти затоа што е на периферијата на сите свои соседи, кои, пак, и самите се на периферијата од Европа.
Во текот на деветнаесеттиот и во почетокот на дваесеттиот век националните движења во Албанија, во Бугарија, во Грција и во Србија се искристализираа на начин на кој Македонија беше (и сеуште е) на работ на нивните барања што се преклопуваат. Еден од начините на кој се изразува тој конфликт е преку пописите и ривалските претензии.
Во споредба со сегашната позиција на Албанија и на Косово, позицијата на Република Македонија истовремено е и централна и периферна. За разлика од Косово со својата влада во сенка и паралелниот образовен систем, Македонија ги исполнува барањата на една независна земја, но, за разлика од Албанија, со својот јасен меѓународен статус и со членството во Обединетите нации под своето сопствено име, Македонија не го ужива нормалното признавање на независна европска земја бидејќи само некои земји ја признаа под нејзиното уставно име, додека другите го користат привремениот термин на Обединетите нации "Поранешна Југословенска Република Македонија (ПЈРМ)". Косово може да се смета за регион во кој етно-лингивстичкото српско малцинство доминира врз албанското мнозинство. Албанија е земја управувана од своето етно-лингвистичко мнозинство. Но, во Македонија, која има странски војски стационирани во рамките на нејзините граници (американските и нордиските баталјони на Обединетите нации во Македонија за распоредување за превенција[UNPREDEP]) самиот легитимитет на идентитетот на мнозинската етно-лигвистичка група, т.е. Македонците, сеуште е подложен на двосмисленост, и намерен и наивен. Згора на тоа, некои актери би полемизирале дали Македонците се мнозинство или дури плуралитет во Република Македонија. Иако од многу аспекти ситуацијата на албанското мнозинство и во Албанија и во Косово може да се смета како економски или политички полоша од ситуацијата на албанското малцинство во Македонија, дискутабилно, Македонија е најнестабилната од нив трите, земја врз која е фокусирано албанското и косовското внимание. Еден таков израз на нестабилноста во Македонија е постоењето на контрадикторни податоци за бројот на населението.
Пописот: политика на броењето
Броењето на населението со илјадници години е потенцијално оптоварено со политичка тензија. "Броевите" (Четврта книга Мојсеева, I:2-3) го опишуваат пописот како цел за подготвувањето на војна, а пописот спомнат во "Евангелието по Лука" (II:1-5) најверојатно се поврзува со римските напори за консолидирање на хегемонијата во она што во тоа време сеуште било кралство (а подоцна провинција) на Јудеја. Од 21 јуни до средината на јули 1994 година, под интензивен внтрешен и надворешно-политички притисок, во Република Македонија се спроведе вонреден попис - редовниот попис е спроведен во 1991 година, кога Републиката сеуште беше "социјалистичка" и дел од она што сега е поранешна Југославија. Во 1994 година пописот не беше финансиран од страна на владата на земјата, што обично е случај со модерните пописи во суверените држави, туку од меѓународните организации - Советот на Европа (СЕ), кој во тоа време сеуште одбиваше да ја признае Република Македонија, и Европската унија (ЕУ), чиј политички став спрема Македонија честопати беше доминиран од Грција. Вонредниот попис од 1994 година на тој начин дава можност пошироко да се согледа и комплексноста на македонската сцена и улогата на европското посредништво. Пописот од 1994 година во Македонија поставува фундаментални прашања за неодамнешните конфликти, како на пример оние околу образованието и употребата на јазикот на републичко ниво, како историски момент околу кој се кристализираа националните и меѓународните тензии. Како и да се развива иднината на Македонија, пописот од 1994 година е една од главните врски во веригата настани што водат до тоа. Во ова поглавје го разгледувам македонскиот попис од 1994 година и како настан сам по себе и како дел од поголем контекст на потраги по идентитетот и хегемонијата на Балканот. На овој начин, се надевам, ги расветлив не само специфичните и општите прашања поврзани со концептот на етничкиот, лингвистичкиот и религиозниот идентитет, туку и врската на супранационалното со националното, на централното со маргиналното и на Европа со територијата западно од Урал и северно од Медитеранот. Сметам дека западните сили, кои во голема мера ја определуваат (и финансираат) политиката на оние актери назначени како Меѓународна заедница продолжија да ја маргинализираат Македонија со наметнување на своите сопствени конструкции. Овие обиди не придонесоа за стабилизирање на Македонија.
Во летото на 1994 година работев како постар политички и политиколошки аналитчар покривајќи ја Македонија во Единицата за анализа и оценувања организирана од страна на Сузан Вудворд за Јасуши Акаши, Специјален претставник на Генералниот секретар на Обединетите нации, во состав на Силите за заштита (UNPROFOR) стационирани во поранешна Југославија. Во врска со овие должности, добив овластување да бидам надворешен набљудувач на вонредниот попис во 1994 година како член на една меѓународна организација, во согласност со членот 33 од Законот за попис. Иако не бев официјално поврзан со ниедна од организациите кои го финансираа пописот, повеќето од нивните претставници ми дозволија да ги придружувам во нивните задачи и да присуствувам на состаноците. Како резултат на тоа, можев да го набљудувам и процесот на пописот и европските набљудувачи кои официјално го набљудуваа.
Прашањата за етничкиот идентитет, за државјанството, за јазичните права и за меѓусебните односи на концептите за јазикот, за религијата и "националноста" беа крајно оспорувани во Македонија. Затоа беше јасно дека пописот е политички настан, а не статистичко истражување како што тврдеа властите. Ова не беше првпат бројките од пописот во Македонија да бидат предмет на конфликт земајќи ги предвид овие фактори. На почетокот од веков, како и на неговиот крај, економските и политичките структури на Балканот беа нестабилни или во транзиција, се водеа војни, меѓуетничките тензии беа големи, а Македонија беше предмет на конфликтни барања, во определена мера поддржани од контрадикторните пописни податоци. Табелата А1 покажува примери кога бројките се користеле за да се поткрепат ваквите претензии спрема Македонија на крајот од деветнаесеттиот и во почетокот на дваесеттот век, кога отоманската моќ слабеела, а малите земји од Југоисточна Европа се обидувале да се консолидираат и да ги прошират своите хегемонии.
Иако Дако во својата книга значајно насловена како "Албанија: главниот клуч за Блискот Исток" цитира слични податоци, а очигледните несовпаѓања ги нарекува "забавни", овие несовпаѓања не се целосно арбитрарни. Напротив, барем до одредена мера, авторите на разни статии или книги, давајќи националистички аргументи, избираа критериуми кои ги поткрепуваа нивните гледишта.
Во случајот со грчките и со турските автори, изборот е базиран врз религијата, врз образованието, или пак и врз двете. Секој член на грчката православна црква, или по 1870 година секој "патријархист", како и секој оној кој одел во грчко училиште (а бидејќи образованието било контролирано од религијата, македонските христијани имале мал избор до средината на деветнаесеттиот век) од страна на Грците бил сметан како Грк. Ова ги создава изразите како "славофонски Грк" и "албанофонски Грк". Отсуството на Албанци во грчките податоци се објаснува со тоа што тие биле броени како Турци, Грци или друго врз основа на религијата (муслимани, православни, католици).
Српската православна црква и српските училишта биле релативно слаби, освен во одредени северни и западни делови на Македонија, па поради тоа српските власти избирале специфични изоглоси, односно, дијалектни граници, врз основа на одделни јазични карактеристики за да ги оправдаат етничките, а со тоа и територијалните барања, како што е прикажано во табелата А2 (стр. 6 и на цртежот А1 (стр. 7).
ТАБЕЛА А.1.
Контрадикторни пописни податоци за Македонија во 1889-1905 година
етничка група | бугарски | % | српски | % | грчки | % | турски | % |
Бугари1 | 1,181,336 | 52.31 | 57,600 | 2.01 | 332,162 | 19.26 | 896,497 | 30.8 |
Срби | 700 | 0.03 | 2,048,320 | 71.35 | 0 | 0 | 100,000 | 3.4 |
Грци | 228,702 | 10.13 | 201,140 | 7.01 | 652,795 | 37.85 | 307,000 | 10.6 |
Албанци | 128,711 | 5.70 | 165,620 | 5.77 | 0 | 0 | 0 | 0 |
Турци | 499,204 | 22.11 | 231,400 | 8.06 | 634,017 | 36.76 | 1,508,507 | 51.8 |
Други2 | 219,571 | 9.72 | 166,540 | 13.86 | 105,844 | 6.13 | 99,000 | 3.4 |
Вкупно | 2,258,224 | 100 | 2,870,620 | 100 | 1,724,818 | 100 | 2,911,004 | 100 |
1. Бугарските податоци се од 1900 г., српските од 1889 г., а грчките од 1904. Сите заедно се дадени во Baron d'Estournelles de Constant et al., Report of the International Comission to Inquire into the Causes and Conduct of Balkan Wars, оддел за интеркурс и образование, публикација бр. 4, Вашингтон, Карнеги донација за меѓународен мир, 1914 (препечатена во 1993 г. како The Other Balkan Wars со вовед од Џорџ Кенан, стр. 28-30 и ги претставува овие три земји кои биле независни, имале територијални претензии спрема Македонија и се бореле една против друга во Втората балканска војна во 1913 г. За споредба ги додадов и турските податоци од отоманскиот попис од 1905 (Osman Yavuz Saral, Kaybettiщimiz Rumeli [Istanbul: Bogщazici, 1975] стр. 152). Грчките податоци го испуштаат Скопскиот санџак (Uskup, Косовски вилает) вештачки елинизиран како Kossyphopedion во Cleanthes Nicolaodes, La Macedonie (Berlin:Stuhr, 1899) стр. 25, додека пак бугарските податоци ја вклучуваат казата Тетово (Kalakan-delen, Призренски санџак, Косовски вилает) и казите Дебар (Dibre-i bala) и Река (Rokkalar/Zir Nanice) во санџаците на вилаетите Солун и Битола/Манастир кои географски и припаѓаат на Македонија. За полесна споредба, ги додадов процентите. Го избрав d'Estournelles de Constant, поради тоа што тој дава типичен пример за несовпаѓањата и поради тоа што со препечатувањето во 1993 доби поголема актуелност за сегашната ситуација. Категоријата "други" ги вклучува Власите, Евреите, Циганите (модерно Роми), "разно" (Черкези, Ерменци итн.) За грчкото гледиште на периодот видете и други извори, Christopher J. Christides, The Macedonian Camouflage in the Light of Facts and Figures (Athens: Hellenic Publishing Co., 1949), стр. 32-22. Види исто така: Stephen Clissold, A Short History of Yugoslavia: From Early Times to 1966 (Cambridge: Cambridge University Press, 1968) стр. 136. За податоците во врска со поствоениот период види: Тошо Поповски, Македонското национално малцинство во Бугарија, Грција и Албанија (Скопје: Македонска книга, 1981) стр.187, 192-93, 247.
2. Сарал не разликува Албанци и Турци, меѓутоа пишува: "Муслиманите (поголемиот број Турци, а помалку Албанци)." Единствената друга етничка група која е дадена кај Сарал (а овде ја има под "друго" заради полесна споредба) се " Власите". (стр. 152).
Табела А.2.
Различни изоглоси кои се користат за да ги поддржат контрадикторните територијални претензии
[1]рамена | [2]жена/жената | |
Српски | ||
Македонски | ||
Бугарски |
Заблешка: Овие форми се користат во модерните стандардни јазици. Ситуацијата со дијалектите е значително посложена, но небитна за она што во овој случај го илустрираме.
Изоглосите илустрирани во првата колона - рефлекс на општословенското *tj, каде што српскиот и македонскиот имаат еднократно палатално запирање или африкат наместо комбинација на палатален фрикатив или запирање, било искористено од Белиќ за да ги оправда српските претензии спрема речиси цела северна и централна Македонија. Цитирајќи го Меје, Белиќ пишува дека македонските дијалекти не се ниту српски ниту бугарски и дека политиката ќе биде таа што ќе ја одреди лингвистичката судбина на Македонија. Потоа сепак тврди, врз основа на една изоглоса, дека северните и централните македонски дијалекти всушност се српски, додека јужните всушност се бугарски. Белиќ ги исмева бугарските учени луѓе кои тврдат дека цела Македонија и Јужна Србија имаат бугарски дијалекти, велејќи дека неговото мислење со совпаѓа со мислењето на непристрасните европски научници, односно неговото толкување на Меје. Тој изјавил дека, поради тоа што Србија има контакт со Западот, а Бугарија "длабоко спие под турскиот јарем", разликата во интелектуалниот развој нема да може лесно да се надмине.
Непристрасниот француски научник Вајан сепак го смета аргументот на Белиќ за заснован врз само една фонетска карактеристика и вели дека повеќето слависти се согласуваат дека македонскиот е всушност дел од македонско-бугарската група која била подложна на пролонгирано влијание од српскиот јазик. Тој набројува разни фонолошки карактеристики кои го поврзуваат македонскиот со бугарскиот јазик, а не со српскиот. Вајан заклучува дека македонскиот не е дијалект на бугарскиот, туку дека заслужува посебно место во македонско-бугарската група. Важно е да се напомне дека Вајан го напишал ова шест години пред политичкото признавање на македонскиот како независен јазик.
Во исто време, карактеристиките, како на пример присуството на постпозитивниот определен член, како што е покажано во втората колона од табелата А.2, помогнале во оправдувањето на бугарските претензии спрема долината Тимок-Морава во Јужна Србија, како и спрема Македонија. Бугарските податоци претпоставуваат дека буквално секој Словен во Македонија бил Бугарин; бројките исто така се зголемени со претпоставување на поголема фертилност и појавата на повеќечлени словенски семејства во однос на другите групи. Така, на пример, ако во некое село имало педесет албански куќи и четириесет словенски, со броењето по пет члена на албанските домаќинства и по седум члена на словенските домаќинства според претпоставките, на крајот излегува словенско мнозинство и покрај помалиот број куќи: 280 Словени наспроти 250 Албанци. Ова е ран пример за тоа колку можат да бидат важни статистичките и демографските претпоставки при процедурата на броењето за исходот од пописот; ваквите претпоставки продолжуваат да бидат карактеристични и за пописите денес.
Од овие статистики значително отсутни се податоците кои ги претставуваат гледиштата на самите етнички Македонци. Општо, постојат многу малку докази за македонските гледишта во издадената литература освен во неколку моменти. Како што појаснува Росос, потиснувањето на македонскиот етнички идентитет во сите свои манифестации било во интерес на сите мали сили кои имале претензии врз територијата, но и на големите сили кои ги поддржувале малите сили и кои сметале дека одржувањето на поделбата на Македонија е погодно решение за мир. Браун затоа ги разгледува недопрените извори надвор од Балканот и го потврдува постоењето на одделното чувство за македонската националност на почетокот на овој век, како и обидите тоа да се отфрли. Од определен аспект оваа ситуација се повторува и денес и податоците за населението пак се користат за да се поткрепат контрадикторните претензии, минувајќи од правата на малцинствата до иредентизмот. Всушност, техниката на привилегирање на религијата наспроти јазикот како основа за идентитетот, која се користела и од Турците и од Грците (а подоцна и од Бугарите и од Србите) за хегемонизација и асмилација на различното население во Македонија, повторно стапува на сцената, како што е покажано подолу.
Југословенскиот попис во Македонија од 1991 година
Од 1 до 15 април 1991 година, во услови на заканувачка политичка дезинтеграција, Социјалистичка Федеративна Република Југославија го спроведе својот последен попис. Пред крајот на таа година, додека сеуште се обработуваа податоците од пописот, започна војната во поранешна Југославија, а Република Македонија ја објави својата независност. Самиот попис беше спроведен во атмосфера на недоверба и непријателство. Предводени од двете најголеми албански политички партии во Македонија, Партијата за демократски просперитет (ПДП) и помалата но погласна радикална Народна демокатска партија (НДП), поголемиот дел Албанци во Македонија (и насекаде низ Југославија) го бојкотираа пописот во 1991 година, тврдејќи дека ќе бидат намерно прикажани како помалку.
Партијата за демократски просперитет беше формирана на 15 април 1990 година во Тетово, сега претежно албански град, со блиски историски и комуникациони врски со Косово, кое се наоѓа веднаш од другата страна на Шар Планина. Филијали на ПДП продолжија да се формираат во разни градови низ Западна Македонија во текот на таа година. ПДП прокламираше заштита на малцинските права како примарна цел, и навистина во 1990 година на локалните избори од нејзината листа беа избрани седуммина Турци и седуммина муслимани (кои најверојатно зборувале македонски) во локалните совети. На бојкот прво повика Народната демократска партија и тој беше почитуван во општините: Дебар, Гостивар, Кичево, Куманово, Охрид, Скопје, Струга, Тетово и Титов Велес. Заводот за статистика ги процени податоците за општините бојкотирани од страна на Албанците преку статистички проекции, користејќи ги податоците од пописот во 1981 година за природниот пораст на населението во периодот меѓу пописите, за миграцијата и други статистички податоци. Прелиминарните податоци беа објавени во ноември 1991 година. Табелата А3 (види стр. 90-91) дава компаративна статистика за сите повоени пописи спроведени на територијата на Република Македонија. Категориите "Египќани" и "Бошњаци" се нови социо-политички реалности.
Пред да бидат објавени прелиминарните податоци за пописот во 1991 година, албанските политички актери започнаа меѓународна медиумска кампања, изјавувајќи не само дека биле погрешно преброени, туку дека Албанците сочинуваат 40 проценти од населението во Македонија, т.е. 700.000 до 800.000. Албанските политички актери беа поддржани во нивното барање од Грција која го негира постоењето на македонскиот јазик и нација, особено на нејзината територија. Претставниците на другите групи исто така даваа поголеми статистички податоци: Србите тврдеа дека се 300.000, Турците 200.000, Ромите 200.000, Грците 250.000, а Ѓупците, Бугарите и Власите по 30.000 сите. Сите овие собрани заедно даваат бројка која го надминува вкупниот број жители на Македонија без да се бројат Македонците. Сите тие бараа јасно жртвување на статистичката прецизност за да добијат политичка моќ и хегемонија.
Албанските јавни напори беа успешни. Во рок од една година по излегувањето на прелиминарните резултати од југословенскиот попис од 1991 година, Герт-Хинрих Аренс, германски дипломат на ниво на амбасадор и претседавач на Работната група за човекови права и малцинства во рамките на Меѓународната конференција за поранешна Југославија, побара вонреден попис во Македонија надгледуван од "меѓународната заедница". Амбасадорот Аренс даде два предлога: едниот ги вклучуваше само оние места со голем број албанско население, другиот се однесуваше на целата земја. Ваквите предлози имаа многу импликации и реперкусии. Првиот предлог се фокусираше врз Албанците со исклучување на другите малцинства во Македонија кои според пописот во 1991 година сочинуваа до 14,37 проценти од населението. Ова им даде имплицитен легитимитет на барањата на Албанците за специјално третирање, како и легитимизирање на правата на албанските политичари да се повикуваат на дискриминација и да бараат повторно броење. Во исто време, предлозите помогнаа да се конкретизира македонско-албанскиот конфликт и тензиите кои почнаа да се градат уште од немирите на Косово во 1981 година, но кои не се наследна карактерстика на македонскиот живот во сите периоди.
Табела А.3.
Вкупен збир и проценти на народности во сите пописи спроведени во Република Маедонија по Втората светска војна
Попис по години, броеви и проценти (на некои места податоците се зокружени)
Извори: Светлана Антоновска и др. "Број и струткура на населението во Република Македонија по општини и национална припадност: Состојба 31.03.1991 година" (Скопје: Републички завод за статистика, 1991); Статистички годишник на Република Македонија, 1993 (Скопје: Републички завод за Статистика, 1994); Попис '94: Податоци за сегашноста и иднината. Први резултати. Соопштение 1. Соопштение 2 (Скопје: Републички завод за статистика, 1994); Ibrahim Latifić i dr. "Vitalna, etnička i migraciona obeležja". Popis stanovnika 1961. (Beograd: Savezni zavod za statistiku, 1970.); Боро Пекевски и др., "Население по народност во СР Македонија, Попис на населението и становите", 1997 год. (Скопје: Републички завод за статистика, 1973); Stanovništvo po narodnosti (knj. 9): Konačni rezultati popisa stanovništva od 15. marta 1948. godine (Beograd: Savezni zavod za statistiku, 1954.); Statistički bilten br. 1295. Popis stanovništva, domaćinstva i stanova u 1981. godini: Nacionalni sastav stanovnštva po opštinama (Beograd: Savezni zavod za statistiku, 1981.).
1. Според д-р Светлана Антоновска (личен контакт, 25 мај 1995 г.) директор на Републичкиот завод за статистика, пониските бројки за некои народности во 1994 наспроти оние од 1991 се поради тоа што граѓаните кои живееле надвор повеќе од една година биле вклучени во пописот од 1991, но не и во пописот од 1994 - што е според меѓународните норми - се броеја само оние граѓани кои живееле во странство една година или помалку. Податоците за 1994 се врз основа на прелиминарните резултати достапни до моментот на пишувањето на текстов (април 1996 г.). Републичкиот завод за статистика требаше да се сретне со Групата експерти од 18 јуни до 15 јуни 1996 за да ги даде крајните резултати објавени дополнително.
2. Предоминантната група на етничката група која зборува ромски, позната како Џипсис (Gypsies) на англиски и Цигани на македонски (слични етноними се користат во повеќето јазици во Централна и Источна Европа) во научната литература и во официјалната литература во многу земји сега се нарекува со нативниот етноним Ром (терминот беше официјален на пописот во Македонја во 1971). Иако во сите други јазици, освен во англискиот, формата на овој збор се приспособува на граматиката на јазикот во кој се користи (на пример во македонскиот, множина од Ром е Роми) во англискиот јазик се јавува значителна неконзистентност. Па така, како множина од Ром некои научници и сериозни автори ја користат ромската множина Roma, други пак ја користат англиската морфологија и го пишуваат зборот Roms, а некои пак множинската придавка Romanies, а се случува и истата форма Ром да остане и за множинската форма. На други места (Фридман анд Ханкок, 1995) аргументирав дека исто како што множината од Turk е Turks, а не Turkler, така и множината од Ром треба да биде Roms а не Roma. Сметам дека оваа форма само го маргинализира и егзотицизира, а не го истакнува фактот дека оваа група е етничка група исто како и Турците, Маџирите итн. (со сигурност специфична етничка група, но сепак етничка група). Употребата во другите европски јазици го потврдува ова гледиште.
3. Овде се вклучени и оние кои се декларирале како Југословени, но и народностите кои не се броени засебно во пописот, претежно од Африка, Источна Азија и Средниот Исток (МИЦ, 5 јануари, 1995).
4. Југословенските и македонските пописи разликуваа 34 категории народности, како и неколку други типови вклучувајќи ги оние кои се декларираа според регионалниот идентитет како и оние кои не се декларираа како народност. Такви беа следниве специфични групи: Австриец, Белгиец, Хрват, Чех, Данец, Холанѓанец, Англичанец, Французин, Германец, Унгарец, Италијанец, Евреин, Црногорец, Норвежанец, Полјак, Романец, Русин, Словак, Словенец, Швајцарец, Швеѓанец и Украинец. Оваа категорија ги вклучува и интелектуалците кои протестираа против употребата на терминот народност за класификација, па се декларираа како "светилка" и "фрижидер" (личен контакт, Роберт Хејден, Универзитет во Питсбург).
1994: Европскиот попис во Македонија
По изјавата на Аренс од ноември 1992 година, следеше деветнаесетмесечна непрекината расправа. Прво, имаше интензивни контроверзи за тоа дали да се одржи или да не се одржи пописот. Откако се договори тоа, следеше долга дебата за тоа како треба да гласи Законот за попис, кој на крајот беше изгласан со поддршка на албанските членови во Парламентот. Едно од главните прашања беше употребата на јазикот при пописот, а членот 35 од Законот за попис гласеше: употреба на двојазични формулари на албански, турски, ромски, влашки и српски покрај македонскиот јазик. Кончено, само што почна пописот, имаше сериозни заткулисни преговори со албанските членови на Парламентот, кои се закануваа дека ќе повикаат на бојкот, и покрај присуството на набљудувачите од Меѓународната мисија за набљудување на пописот и трошоците кои ги направија европските организации.
Набљудувачите на пописот, назначени од европските организации официјално беа наречени Група експерти. Нивното искуство, сепак, не беше поврзано со Македонија. Напротив, повеќето од нив беа статистичари и бирократи без претходно искуство од Балканот. Многу членови од тимот на Меѓународната мисија за набљудување на пописот, вклучувајќи ги и оние на највисоките позиции, ми кажаа дека се изненадени кога откриле дека се вплеткани во длабоки политички прашања, за разлика од механичкото статистичко искуство и беа збунети и вчудовидени поради сложената етничка ситуација на која наидоа. Во поглед на потеклото на македонскиот попис од 1994 опишан погоре како и јасните изјави на албанските политички актери, настанот беше јасно поврзан со политички прашања, односно со барањето на албанските политичари за специјален (немалцински) статус на Албанците во Македонија врз основа на нивниот голем број. Групата експерти, сепак се обидоа да го избегнат впечатокот дека се вклучени во внатрешни политички прашања на суверена држава, јавно изјавувајќи дека пописот има само статистичка природа. Може да се каже дека со нарекување на лидерите на Меѓународната мисија за набљудување на пописот како Група експерти, со што се избегнува директната вклученост на секој оној кој е запознат со Македонија, СЕ (Советот на Европа) се обидуваше да се вмеша во македонските внатрешни работи, истовремено создавајќи слика на објективност.
Недоволните познавања за Македонија од страна на СЕ и Меѓународната мисија за набљудување на пописот доби симболично претставување на пакетот за ориентација за членовите на тимот на Меѓународната мисија за набљудување на пописот. Единствената работа што се однесуваше на земјата, а не на задачата на Меѓународната мисија за набљудување на пописот, беше табелата во која беше дадена кирилицата, со печатни и со курзивни букви, а имињата на буквите беа напишани на кирилица и латиница и едноставно означени како азбука. Недостатокот на описна придавка на еден начин го брише македонскиот јазик од ставот на набљудувачите, а во табелата не беше претставена македонската кирилица, туку руската од која беа избришани последните шест букви. Иако овие букви не се појавуваат во македонската кирилица, седум други букви кои се користат во македонската азбука, а кои ги нема во руската, недостасуваа на табелата. И покрај тоа, имињата на руските кирилични букви користат самогласка чија буква доаѓа на крајот на азбуката, значи имињата на буквите користат симбол кој не е даден во листата на букви. Оваа табела не само што беше приказ на недостатокот на грижа со која СЕ и Меѓународната мисија за набљудување на пописот му приситапија на македонскиот контекст во кој требаше да работат, туку таа исто така даде и погрешни инофрмации за оние кои се стекнуваат со стручно знаење. Фокусирајќи се врз албанското прашање, Меѓународната мисија за набљудување на пописот го превиде македонското.
Слично на ова, привилегираните албански барања над другите беа симоблично претставени во контролните формулари на Меѓународната мисија за набљудување на пописот за домаќинствата што се попишуваа. Иако македонските контролни формулари имаа делови кои укажуваа на шест етнички припадности дефинирани со јазиците во формуларите за попис, како и контролните формулари на Меѓународната мисија за набљудување на пописот за попишувачите, контролните формулари за домаќинствата на Меѓународната мисија за набљудување на пописот беа само на македонски и на албански, а остатокот беше сумиран под "други". Разликата во овие формулари даде писмено претставување за различните концепти на Меѓународната мисија за набљудување на пописот и на македонската влада по однос на целта на пописот.
На првиот ден од пописот, 21 јуни 1994 година, учествував на прес-конференцијата на амбасадорот Аренс на МКПЈ (Меѓународна конференција за поранешна Југославија), Вернер Хауг, претседавач на групата експерти, и Робин Гутри, директор за социјални и економски прашања на Советот на Европа. И покрај инсистирањето на оние кои беа тука собрани дека пописот има статистичка цел без политичка димензија, експертскиот тим се фокусира врз албанските приговори на прашањето 6 од формуларот п-1 & државјанство, за кое четирите можни одговори беа македонско, странско, лице без државјанство и во тек. Главниот проблем беше тоа што и покрај убедувањето во спротивното, Минстерството за внатрешни работи не успеа да ги распредели сите документи за државјанство кога започна пописот. Во Источна Македонија ова беше всушност небитно. Така, на пример, во Радовиш локалната власт всушност ги користеше попишувачите за распределување на државјанствата. Иако проблемот со дистрибуција на документите се јави низ цела Македонија, Албанците тврдеа дека непропорционално голем број Албанци останале без државјанства. Овој проблем беше усложнет од страна на Албанци кои побегнале од репресиите во Косово, но чиј статус во Македонија не беше решен. Иако на крајот се изнајде компромисно решение & во три области на втори јули беше додаден специјален формулар на МВР за држвајнаство & Меѓународната мисија за набљудување на пописот беше вознемирена поради ваквата нерегуларност.
По прес-конференцијата, присуствував на состанок меѓу членовите од Групата експерти и членови на ПДП, на чело со Абдурахман Алити, кој подоцна стана претседател на ПДП. Тема беше претходно спомнатата закана со бојкот во последната минута пред пописот. Гуртри му зборуваше на Алити строго за потребата неговата Партија да соработува на пописот. Алити незадоволно забележа дека во реалноста пописот навистина имал политичка димензија и дека ако тој и неговата Партија отворено повикаат на поддршка на пописот би биле избришани од политичката карта. (Иако Алити не кажа кој би го сторил тоа, единствените логични кандидати беа НДП или радикалите од ПДП.) Рече дека најмногу што може да стори неговата Партија е да вети дека нема да повика на бојкот, но не и дека ќе побара поддршка на пописот. Алити јасно кажа дека ја сфаќа ситуацијата и сака пописот да биде успешен, но исто така рече дека не гледа поента во тоа радикалите да му ја уништат политичката кариера. Потоа со експертите отидовме во Заводот за статистика, каде што прашањето за државјанство повторно беше главна тема. Бидејќи никој од тимот од Меѓународната мисија за набљудување на пописот не знаеше ниту албански ниту македонски, се јави проблем кога се разговараше за формулирањето на прашањето за државјанство, а единствениот правилник беше на македонски. Членовите на Меѓународната мисија за набљудување на пописот исто така ми кажаа дека ја започнале мисијата без да знаат за политичките импликации или за огромната етничка и културна комплексност во регионот. Мислеле дека ќе ги набљудуваат техничките аспекти на статистичката задача.
На крајот на тој прв ден, групата експерти дискутираше за компликациите на кои наишле и го откри погледот на членовите на Македонија како на нешто што не е европско. Еден од членовите од експертската група се пошегува дека треба да се спроведе попис како од пред 2000 години кога секој си доаѓал во своето родно место, нешто што се поврзува со Евангелието по Лука, спомнато на почетокот на овој текст. Ненамерната иронија на нејзиниот коментар беше дека Македонците би го сакале токму ова, а дека Албанците би се плашеле од истото, затоа што огромен број Албанци по Втората светска војна, особено по немирите на Косово во 1981 се дојдени во Македонија од Косово или од друго место. Законот за државјанство им постави услов за престој од петнаесет години, што го исклучуваше најголемиот неодамнешен бран на албанска имиграција. Во текот на дебатите околу овој закон, албанските политичари вршеа притисок да се намали периодот на пет години, зашто подолг период од овој би ги исклучил Албанците кои се дојдени во Македонија од Косово. Друг член на тимот, кој зборуваше фанцуски, го опиша пописот во Турција, каде што имало полициски час (на француски couvre-feu буквално 'покри-оган') со кој се барало секој да остане дома и да ги чека попишувачите, инаку во спротивно би платил голема парична казна. Еден британски член не го разбра Французинот и мислеше дека Турците ги изгореле селата во текот на пописот. И во првиот и во вториот случај, неразбирањето на Балканот воопшто, а со тоа и на Македонија посебно, се појавија како примитивно "друго", назадно и варварско.
На почетокот од еден друг состанок меѓу групата експерти и албанските политички лидери, следното утро го прашав амбасадорот Аренс дали не се зголемуваат етничките тензии со тоа што се интернационализираат албанските барања во Македонија преку пописот спонзориран од СЕ/ICFY. Д-р Аренс одговори дека тој смета оти меѓународните интервенции се корисни и како доказ укажа на фактот дека штом СЕ се сложил да го спонзорира пописот, тврдењата на Албанците веднаш се спуштиле од 40 на 30%. Навистина, во текот на преговорите на кои присуствував, албанските политичари покажуваа одредена загриженост во врска со државјанството -бројката што ја кажуваа како минимум под кој би го сметале пописот за фалсификуван беше 25%. Треба да кажам дека дури и пред да бидат објавени резултатите, процентот кој тие го тврдеа се покачи, а откако беа објавени првите резултати, и покрај тоа што беа одобрени од Меѓународната мисија за набљудување на пописот, повторно беше наведувана бројката до 40% (албанскиот премиер Александар Мекси, на пример, наводно дал бројка од 800.000).
Понекогаш, Меѓународната мисија за набљудување на пописот ? пристапуваше на македонската влада со недоверба, па дури и со негативен став. Поради тоа што пописот од 1994 се одржа како резултат на албанскиот бојкот на пописот од 1991, во Меѓународната комисија за набљудување на пописот имаше тенденција да се гледа на жалбите од страна на Албанците како на основани, наместо како на едно нерешено прашање. Поради тоа Меѓународната комисија за набљудување на пописот честопати гледаше на македонската Влада како на виновна доколку не се докажеше дека е невина. Пописите што се одвиваат во суверените земји обично не се набљудувани од страна на други организации, додека пак пописите во колониите се надгледувани од страна на колонизаторите. Фактот што пописот кој се одржа во Република Македонија во 1994 година беше под притисок и финансиски помогнат од страна на надворешни организации, ја стави земјата во двосмислена позиција. Од една страна, финансирањето од надворешна страна и набљудувањето од страна на лица кои не се македонски државјани ја ставија земјата во позиција слична на несуверен етнитет. Од друга страна пак, Македонија беше третирана како суверена земја која е опфатена од дискриминаторско однесување. Следниов инцидент покажува како недоволната подготвеност на Меѓународната комисија за набљудување на пописот во комбинација со нејзината тенденција е да гледа на македонската Влада со недоверба, доведоа до неправилни проценки. Во јули се сретнав со членови од Меѓународната комисија за набљудување на пописот кои ме информираа дека владата има дискриминаторски однос кон муслиманите со тоа што не ги наведува во листите како Бошњаци или не го назначува нивниот јазик како српскохрватски. Овие членови на Меѓународната комисија за набљудување на пописот биле претходно во контакт со бошњачките политички активисти кои се обиделе да ги убедат дека сите словенски муслимани во Македонија зборуваат на српскохрватски јазик, или дека се Бошњаци или тоа и друго. Кога јас им кажав дека има голем број муслимани кои зборуваат на македонски јазик - кои се познати меѓу народот како торбеши, и покрај тоа што тие преферираат да бидат нарекувани муслимани - кои не зборуваат на српскохрватски јазик и кои не се идентификуваат како Бошњаци, реакцијата на членовите на Меѓународната комисија за набљудување на пописот беше еден вид смеса од изненадување и скептицизам. На крајот тие увидоа дека ситуацијата е навистина таква како што јас им ја објаснив, но, фактот што може да произлезе од едно такво недоразбирање не ја покажува само недовербата кон Македонците со којашто европските експерти му пристапија на пописот, туку и нивната потешкотија да ги разликуваат информациите што ги шират некои етнополитички актери & кои од нив се точни, а кои неточни.
Македонците муслимани често живеат во неразвиени, зафрлени и изолирани области, како што се општините Дебар и Кичево, каде што нема апсолутно етничко мнозинство. Поради тоа тие се лесно достапни за манипулација од страна на албанските и турските политичари кои успеале да убедат некои од нив дека тие се словенизирани Албанци или Турци, а не исламизирани Словени и поради тоа мора повеќе да се потпираат на турските или албанските политички партии за да имаат поддршка во нивните економски интереси, бидејќи во скудни економии таквите интереси лесно се делат по етнички линии. Потенцирањето на македонските националистички политичари на врската меѓу Македонската православна црква и македонската националност уште повеќе ги оддалечи некои Македонци муслимани. Во обидите за попис во муслиманските села каде што се зборува македонски јазик имаше случаи еднојазично македонско муслиманско семејство да бара двојазичен албански или турски формулар со преведувач, но потоа мораше албанскиот или турскиот да им се преведува на македонски. Овие инциденти беа дел од поголемата шема за свесна јазична промена врз база на религијата, како што беше инцидентот во еднојазичното македонско муслиманско село Бачиште (Кичевско), каде што родителите бараа нивните деца да одат во училиште со настава на албански јазик.
Генералниот проблем со пописот во Македонија од 1994 година, како и со другите европски пописи, беше дефинирање на категориите "мајчин јазик" и "националност" (во контролните формулари на Меѓународната комисија за набљудување на пописот се користеа наизменично изразите "етничка припадност" и "национална припадност"). Концептите на етнитет, националноста, јазикот и религијата имаат сложена историја на меѓусебни врски во Македонија, чијашто сложеност продолжува и до ден-денес. Така, на пример, некои муслимани што зборуваат на македонски јазик се декларираат како Албанци или Турци врз база на идентификување на нивната религија со турскиот или албанскиот етнитет. Слично на тоа, некои христијани што зборуваат на албански јазик се декларираат по националност како Македонци изедначувајќи го македонското православно христијанство со македонски етнитет. Како што може и да се очекува, албанските етнополитичари инсистираат дека оние што зборуваат албански јазик, а се идентификувале како Македонци, всушност се Албанци, додека пак Македонците инсистираат дека оние што зборуваат македонски јазик, а се идентификувале како Албанци всушност се Македонци. Исто така, врз база на националноста постоеше и категоријата Југословен, која се до 1991 година постојано стекнуваше се поголема популарност како меѓу Словените така и меѓу оние кои не беа Словени. Сега кога Македонија не е дел од Југославија, оваа категорија не е веќе валидна за повеќето луѓе, бидејќи се однесува на друга земја.
Некои од набљудувачите од Меѓународната комисија за набљудување на пописот не беа свесни за разликите меѓу српскохрватскиот и македонскиот јазик кога пристигнаа да го набљудуваат пописот, што се гледаше од прашањата што ми ги поставуваа мене. Кога тие конечно разбраа дека станува збор за лингвистичка разлика, заклучија дека поради ова јазикот е основа за националноста. Додека јазичната и етничката или националната припадност до определена мера коинцидираат во Македонија, тоа не е секогаш случај, што може да се види не само од категориите како на пример "муслиман", туку исто така и од табелата А.4 (види стр. !!!98), која ја дава статистиката за кореспондирање меѓу декларираната националност и декларираниот мајчин јазик за пописите во 1953 и 1981 година (податоците за 1994 сеуште не се обработени).
Во обид да се наметне западноевропско конструирано израмнување меѓу јазикот и националноста (и националноста и државјанството), Меѓународната комисија за набљудување на пописот помогна на луѓето да им се наметнат избори што доведоа до сегашниот конфликт.
Разлики меѓу декларираната националност и декларираниот мајчин јазик
за шесте главни јазика во Република Македонија: 1953 и 1981
Декларирана националност | Македонски | Албански | Турски |
Српско- хрватски |
Ромски | Влашки | |
Македонци | 853,971 | 1,986 | 281 | 934 | 277 | 2,565 | |
Албанци | 2,152 | 153,502 | 6,569 | 181 | 70 | 1 | |
Турци | 32,392 | 27,087 | 143,615 | 534 | 70 | 10 | |
Роми | 1,040 | 860 | 2,066 | 25 | 16,456 | 1 | |
Власи | 137 | 4 | 2 | 14 | 0 | 8,130 | |
Срби | 3,945 | 0 | 8 | 31,070 | 41 | 9 | |
Муслимани | |||||||
Југословени | 2,152 | 25 | 50 | 563 | 2 | 4 | |
Останати | 322 | 341 | 569 | 5,258 | 173 | 31 | |
Вкупно | 896,651 | 183,805 | 153,160 | 38,579 | 17,089 | 10,751 | |
Македонци | 1,276,878 | 190 | 160 | 547 | 316 | ||
Албанци | 1,218 | 374,181 | 3 | 440 | 1,697 | ||
Турци | 16,608 | 8,592 | 60,768 | 366 | 94 | ||
Роми | 4,160 | 1,697 | 808 | 24 | 36,399 | ||
Власи | 1,111 | 1 | 0 | 3 | 2 | 5,257 | |
Срби | 8,521 | 10 | 3 | 35,867 | 14 | ||
Муслимани | 15,075 | 4,968 | 2,038 | 16,325 | 308 | 30 | |
Југословени | 7,645 | 1,943 | 274 | 2,746 | 530 | ||
Останати | 13,282 | 4,247 | 2,853 | 17,031 | 1,280 | ||
Вкупно | 1,334,498 | 391,829 | 64,907 | 63,349 | 37,780 | 5,931 |
*Неспецифицирани
Извори: Savezni zavod za statistiku, Stanovništvo po narodnosti (Knj. 9): Konačni rezultati popisa stanovništva od 15. marta 1948. godine (Beograd: Savezni zavod za statistiku, 1954); Statistički godišnjak Jugoslavije (knj. 35) (Beograd: Savezni zavod za statistiku, 1988)
Пред се, составеноста на формуларот за попис, на кој испитаникот требаше да се изјасни за еден мајчин јазик, ефикасно ја избриша повеќејазичноста што со векови го карактеризира Балканот - ако не и со милениуми & и којашто сеуште е значајна карактеристика на македонскиот живот во некои области.
Лабилноста на идентитетот долго време го карактеризира животот во Македонија. Постарата генерација од западна Македонија се сеќава на времето кога христијаните и муслиманите живееле заедно под ист покрив како дел од една голема фамилија. Пред Мирцштекскиот договорот од 2-3 октомври 1903 година, само муслиманите можеле да служат како жандарми и ваквите официјални лица имале значајна моќ на локално ниво. Затоа, не било невообичаено во христијанските фамилии еден од браќата да ја прифати исламската вера за да може да ја заштитува целата фамилија. Сите јаделе на заедничка маса, но, доколку, на пример, имало свинско месо, а се правел зелник, жените во куќата ќе ставеле свинско само во половина од питата, па и двете страни од фамилијата, и христијанската и муслиманската, јаделе од иста тепсија. Слободно се склопувале бракови по религиозна линија, но преку лингвистичките линии. Децата во ваквите "мешани" бракови станувале билингвисти или мултилингвисти. Во последно време, соочени со потребата да се избере националност, изборите може да се прават според полот; на пример, ако Турчин се ожени со Албанка, синовите може да бидат Турци, а ќерките Албанки, додека пак во други фамилии може да се направи избор според кој еден син ќе биде Албанец, а другиот Турчин. Европскиот концепт за националност, изедначувајќи го етнитетот со јазикот на државата, не кореспондира со комплексната реалност во Македонија (веројатно ниту пак со повеќето од другите земји), а со фокусирање на "националноста" исклучувајќи ги другите карактеристики добиваме контрадикторни ситуации како што се случаите кога родителите инсистираат нивните деца да се школуваат на јазикот што не го познаваат и покрај фактот што примарното оправдување за повеќејазично образование на ниво на основно училиште е дека децата најдобро учат кога им се предава на нивниот мајчин јазик.
Политизирањето на прашањето за јазикот и неговото мешање со националноста беше потенцирано во пописот од 1994 година при неколку инциденти кои се случија во селата каде се зборува на албански јазик во југозападна Македонија, каде што жителите протестираа бидејќи некои од попишувачите што зборуваат Албански не се етнички Албанци туку Роми (Цигани), Египќани (Ѓупци) или Власи. Бидејќи за повеќето Ѓупци во југозападна Македонија албанскиот е прв јазик, а течно го зборуваат и многу Роми или Власи - особено во југозападна Македонија - не стануваше збор за нивното право да се регистрираат на нивниот мајчин јазик, туку стануваше збор за барање за етнички Албанец, што е пример за етнички предрасуди.
Настаните што доведоа до бојкот на пописот во 1991 година, наметнувањето на пописот во 1994 година и настаните што следеа потоа, покажаа шема на манипулација и фрагментација на етнички и лингвистички идентитети користејќи ги легитимните жалби за да имаат корист некои од претставниците од политичката елита. Во времето на пописот, мојата проценка беше дека ќе има статистички успех, а не политички неуспех. До оној момент додека не резултираше во некои големи промени во бројките - и во официјалните и во смисловните - според кои се определуваат етнички базираните политички врски, тоа предвидување се покажа како точно. Финалниот извештај на Меѓународната комисија за набљудување на пописот, иако критичен, потврди дека пописот бил спроведен според "европските" или "меѓународните" стандарди. Тоа беше побиено од страна на албанските политички учесници кои и го покренаа, но во исто време генерално продолжија да работат во склоп на постојната влада. Во јануари 1995 година, Уставниот суд пресуди дека членот 35 од Законот за попис, кој се осврнува на прашањето за употреба на јазикот, бил неуставен т.е. спротивен на член 7 кој го декларира македонскиот јазик како официјален и гарантира (или рестриктира) употреба на официјален јазик на малцинствата на локално ниво. Така Законот за јазик не најде никакво решение по ова прашање, и кога се вратив во Македонија во декември 1995 година како дел од мисијата за наоѓање факти на работната група за Јужен Балкан на Центарот за превентивни дејства, прашањето за употребата на јазикот на федерално ниво беше сеуште во фокусот на значајната политичка тензија.
По завршувањето на пописот
Ако една од целите на пописот што беше спонзориран однадвор беше или да се легитимизираат или да се замолчат жалбите на Албанците и така на еден или друг начин да се промовира поголема стабилност во македонското општество, присуството на европските медијатори во тековната расправа не послужи за промоција на стабилноста. Во еден напис во отворениот, иако владин, неделник Пулс, речиси по повеќе од половина година по завршувањето на пописот, беше цитиран амбасадорот Аренс:
Аренс изготви теза за паралелна егзистенција наместо заедничка егзистенција меѓу етничките групи во Македонија, особено меѓу Македонците и етничките Албанци. Според Аренс, "никогаш не постоела вистинска коегзистенција", туку националностите во Македонија "секогаш воделе паралелен живот". Тој рече дека имал чувство оти знае многу повеќе за албанската историја и култура од еден просечен Македонец. Исто така, тој имал чувство дека националностите имаат аверзија едни спрема други. Тој го поддржа ова тврдење со фактот дека не постојат мешани бракови и дека постојат етнички тензии и во јавната и во приватната комуникација, особено меѓу Македонците и Албанците.
Има значителна разлика меѓу советот на д-р Аренс и албанските политичари во почетокот на пописот, кога тие сеуште се закануваа со бојкот. Во тоа време тој им рече дека се во ист брод со Македонците, и дека доколку тие - Албанците - го занишаат бродот, сите ќе се удават. Моето лично искуство со новинарите ми укажа на фактот дека она што се појавува во печатот не е секогаш и она што е навистина кажано, но без оглед на нејзината точност, самата изјава е пример за проекција на сегашната конструкција врз минатото. Тоа наметнува поглед врз македонската реалност што во исто време му служи на интересот на локалната политичка елита што му ја дава на еден дипломат неговата меѓународна легитимност и промовира верзија за историјата на Македонија што варира од конкретните случувања - на пример, помошникот-министер за образование е син на татко Албанец и мајка Македонка, зетот на премиерот е Турчин, еден мој македонски пријател кој порано работеше во владата има жена Албанка - но исто така помага за конкретизирање на модерните етнички конфликти.
Во малку поширок контекст, Тодорова исто така ја проектира сегашноста врз минатото, иако од сосем други причини, кога таа се обидува да го дефинира терминот "балканизам" само како "политички и етнички фрагментиран" или, цитирајќи го Берковиќ, "австроунгарска политика поврзана со Балканот". Сепак, постои широко прифатено значење на терминот "балканизам", што е сосем различно од фрагментиран. Во лингвистиката, балканизам е карактеристика која ја делат неповрзаните или далечно поврзаните јазици на Балканот. Граматичката структура на јазиците на Балканот со векови ја потврдува повеќејазичноста и меѓуетничкиот контакт на најинтимни нивоа. Некои заеднички карактеристики на дијалектите на балканските Словени, на балканските Роми, на Албанците, на Грците па дури и на некои балкански Турци резултираат со тоа што едни луѓе ги зборуваат јазиците на другите. Во текот на пописот од 1994 година, Дебар се покажа како најнеприспособлива општина (од причини што се однесуваа повеќе на конкуренцијата меѓу периферијата и центарот отколку меѓу етнитетите), и на крајот таа беше единствената општина каде што не беше комплетиран пописот. Сепак, албанските и македонските дијалекти во Дебар даваат зачудувачки пример за фонолошка сличност, што е резултат на двојазичноста што трае со векови.
Мисијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), што беше стационирана во Скопје во 1995 година, даде други примери за потребата од подобра информираност на надворешните набљудувачи. Меѓу членовите на мисијата увидов погрешно сфаќање дека македонскиот јазик бил "всушност бугарски дијалект", карактеристика што покажува значителна нечувствителност за средината каде што тие треба да ја вршат улогата на медијатори. Особено ме заинтересира настанот што се случи во селото Огњанци. За време на пописот, јас го запишав следниов заклучок за ова село во моите забелешки: "Село со мешан состав (Македонци, Турци, Албанци, Роми). Според извештаите, меѓуетничките односи се одлични и сите доброволно учествуваа во пописот." Но, сепак, само по малку повеќе од една година се појави следнава вест:
Вчера во скопското село Огњанци група жители од македонска и српска националност се обидоа да го спречат влегувањето во училиштето на 40 ученици од албанска националност. Не дојде до инцидент бидејќи полицијата без употреба на сила успеа да ја растури собраната група. Министерството за образование реши да воведе настава на албански јазик за албанските ученици во училиштето. Оние кои протестираа, сметаат дека тие го изградиле училиштето и нема да дозволат нивните деца да учат во мешани класови со деца од различни одделенија. Тие понудија решение - децата од албанска националност да го продолжат своето обрзование во претходната барака во селото, се додека Министерството повторно не ја разгледа својата одлука и не реши кому ќе му биде доделена училишната зграда. Министерот за образование, Емилија Симовска, изјави за Македонската телевизија дека Министерството нема намера да подлегне на каков и да е притисок и доколку има нереди меѓу локалното население, ќе биде побарана помош од Министерството за внатрешни работи.
Во настанот, што беше решен по мирен пат, беше инволвирана и самата мисија на ОБСЕ. Но, кога прашав еден од членовите на мисијата како се случи меѓуетничките односи толку многу да се нарушат за кратко време, тој ми одговори: "Можеби тие биле Срби. Не знаеме. Ние се грижиме само за човековите права и тогаш поминуваме."
Тој ист член на мисијата на ОБСЕ ми раскажа за нивното искуство во Дебарска Жупа, каде што родителите на муслиманските деца кои зборуваат македонски неодамна побарале нивните деца да имаат настава на турски јазик во училиштата (слично на претходно спомнатиот настан во Бачиште). Набљудувачот од ОБСЕ ме информира дека се сретнале со еден турски наставник кој "по случаен избор" ги повикувал децата да покажат како добро го зборуваат турскиот јазик. Набљудувачот исто така ми кажа дека го зборуваат турскиот јазик и нивните баби и дедовци, имплицирајќи дека родителите бараат да ги вратат своите деца на нивните корени. Го прашав набљудувачот дали зборувале со некоја од фамилиите. Тој ми одговори дека не посетиле ниеден дом и дека не им е грижа на кој јазик всушност се зборува во домовите. Родителите имаат право да го изберат јазикот на којшто ќе учат нивните деца во училиштето без оглед дали бараат од децата да учат на јазик што не го знаат. Околностите што довеле до ваква ситуација и решението за подлабоките причини на проблемот што таа го претставува, експлицитно не биле важни. Исто како и набљудувачите од Меѓународната комисија за набљудување на пописот, така и мисијата на ОБСЕ не беше подготвена да се соочи со комплексноста на специфичниот контекст во којшто таа се најде.
Статистички успех, политички неуспех: "Европа", Меѓународната заедница и иднината на Балканот
Пописот од 1994 година меѓу другите работи ја истакна и двосмисленоста на терминот Европа. Географски тој се однесува на континент со граници определени од Медитеранот и Црното Море, јужните падини на Кавказ и западните падини на Урал. Од политичка или културна гледна точка, сеедно, терминот "Европа" честопати значи "Западна Европа" или "Европа на Големите сили". Така, на пример, најмоќната политичка група на континентот се нарекува Европска унија, и покрај тоа што во неа се вклучени само земјите од Западна Европа плус Грција. Не е коинциденција што Грција врши силна внатрешна кампања потенцирајќи го своето членство во оваа Европа. Исклучувањето на југоисточниот дел од полуостровот на географската Европа од онаа што може да се нарече политичка Европа, им е добро познато на жителите на Балканот. Чувството на алиенација генерирано таму јасно е искажано од страна на бугарскиот автор и новинар Алеко Константинов на крајот од вињетата во неговото познато дело Бај Гањо, каде што на сатиричен начин ги прикажува авантурите на еден бугарски трговец со розово масло во Западна Европа во негово време и во тогашна новоослободена Бугарија. Во претпоследната реченица на приказната Бај Гањо журналист ("Бај Гањо како новинар"), Константинов вели: "Европејци сме ниј, ама все не сме дотам!" ("Ние сме Европејци - но, сеуште не сосема!"). Слична употреба на терминот "Европа" слушнав во текот на пописот од 1994 година, кога еден етнички Албанец-политичар ме внесе во една зграда каде што не можеше секој да влезе, објаснувајќи им на стражарите (на македонски јазик): "Тој е од Европа". Мојот придружник знаеше дека јас сум Американец и дека работев за УНПРОФОР, но тој ме идентификува како од Европа, бидејќи во тој момент имав улога на привилегиран западен аутсајдер, исто како член од Меѓународната комисија за набљудување на пописот. Досега, бидејќи меѓународните европски организации успеаја да ја натераат Македонија да спроведе попис што тие го финансираа и го набљудуваа, може да се расправа за тоа дека политичка Европа го применува авторитетот во југоисточната периферија на географската Европа, а особено во Македонија како периферија од перифериите.
Оваа Европа беше користена, и од македонските и од албанските политички учесници, за исполнување на некои нивни цели. Албанските политичари активираа голем број легитимни општествени и политички жалби базирани врз дискриминацијата спрема Албанците, жители на Македонија, започнувајќи од цензурирање и рестрикција на јазикот како и правото на сопственост преку отпуштања и затворски казни - особено уште од 1981 година - за продолжување на нивните кариери и барања за автономија, федерализација и на крајот иридентизам. Македонските статистичари и политичари беа соочени со избор меѓу попис наметнат однадвор или натамошна дестабилизација предизвикана од губење на легитимитетот во една меѓународна заедница којашто во тоа време го дозволуваше економското задушување на Македонија, продолжувајќи да го спречува целосното реализирање на нејзината сувереност - тие го избраа пописот. Но, тогаш тие наметанаа свој сопствен услов, имено, финансирањето да биде доволно не само за покривање на националното прашање, кое беше единственото нешто што Европа сакаше да го реши и единственото нешто што албанските етнополитичари би можеле да го искористат за легитимизирање на своите барања на меѓународната сцена, туку и за сите оние карактеристики на македонската економија (како што е земјоделската сопственост и користењето на земјиштето) што се дел од целосниот попис, но, што биле пропуштени во пописот од 1991 година поради недоволните финансии што се должеле на економската криза.
Пописот во 1994 година се на се беше статистички успешен, но политички неуспешен. И покрај тоа што ги легитимизира основните статистики од пописот во 1991 година, сепак не направи ништо за решавање на прашањето за политичка хегемонија и за влез во ресурсите што продолжуваат да ја мачат Македонија. Сепак, тој помогна да се конкретизира конфликтот чии корени во македонската историја не се толку длабоки како што велат некои учесници во политиката. Барајќи да се наметне една визија за националност што не кореспондира со комплексниот културен контекст на Македонија, политичка Европа повеќе ја репродуцира својата визија за "поинаков" Балкан и маргиналноста во Македонија, отколку што придонесува за нејзина стабилизација.
Понатамошното присуство на разни меѓународни организации во Македонија и постојните тензии во регионот го поставуваат прашањето за тоа како може да се реши сегашната криза на Балканот. Хајден во својот преглед на Вудворд, вели дека научниците кои се специјализираат во југоисточна Европа - може да се додаде дека многумина од нив се обучувани со помош на американски стипендии посебно наменети за креирање на специјалистички кадар - не биле земени предвид кога се расправало и се усвоила политиката на американската влада во однос на поранешна Југославија. Активностите на меѓународните организации што беа прикажани претходно откриваат слично исклучување на регионалната експертиза. Ако иднината биде поразлична од минатото, еден од начините за промоција на разбирање што би водело до стабилност е тесната соработка меѓу научниците и учесниците во политиката.
РЕФЕРЕНЦИ:
Abduramanoski, Islam. 1994. Вештачка делба на Ромите. Nova Makedonija 30 October, p. 7.
Alford, Henry. 1980. Alford's Greek Testament: An Exigetical and Critical Commentary, Vol I. Grand Rapids, MI: Baker [reprint of the seventh ed., 1874].
Anderson, J.D. 1913. The Peoples of India. Cambridge: Cambridge University.
Andonovski, Hristo. 1985. Македонистичко движење во Костурско. Македонија 22(387), 26.
Antonovska, Svetlana, et al. 1991. Број и структура на населението во Република Македонија по општини и национална припадност: Состојба 31.03.1991 година. Скопје: Републички завод за статистика.
Антоновска Светлана. 1994а. Статистички годишник на Република Македонија 1993. Скопје: Републички завод за статистика.
Антоновска Светлана. 1994б. Попис '94: Податоци за сегасшноста и иднината. Први резултати. Соопштение 1, Соопсштение 2. Скопје: Завод за статистика
Belic", Aleksandar. 1919. La Mace"doine. Paris: Bloud & Gay.
Bercovici, Conrad. 1932. The Incredible Balkans. New York: G. P. Putnam.
Brown , Keith. 1995. Of Meanings and Memories: The National Imagination in Macedonia. Ph. D. dissertation. University of Chicago.
Brown, Keith. 1996. Friction in the Archives: Nations and Negotiations on Ellis Island, 1904. Paper presented at the Tenth International Conference of Europeanists. Chicago, March 1996.
Christides, Christopher J. 1949. The Macedonian Camouflage in the Light of Facts and Figures. Athens: Hellenic Publishing Co.
Clissold, Stephen. 1968. A Short History of Yugoslavia: From Early Times to 1966. Cambridge: Cambridge University Press.
Dako, Christo A. 1919. Albania: The Master Key to the Near East. Boston: Grimes.
Dimitrovski, Todor et al. 1978. Za makedonskiot jazik. Skopje: Institut za makedonski jazik.
Duijzings, Ger. 1992. De Egyptenaren in Kosovo en Macedoni'. Amsterdams Sociologisch Tijdschrift 18,2.24-38.
________. Forthcoming. "The Making of the Egyptians in Kosovo and Macedonia". The Politics of Ethnic Consciousness. Ed. by Hans Vermeulen & Cora Govers. Basingstoke: Macmillan.
Durham, M. Edith. 1925. The Serajevo Crime. London: George Allen & Unwin.
d'Estournelles de Constant, Baron, et al. 1914. Report of the International Commission to Inquire into the Causes and Conduct of the Balkan Wars. Division of Intercourse and Education, Publication No. 4. Washington, DC: Carnegie Endowment for International Peace. (reprinted 1993 with an introduction by George Kennan).
Fraenkel, Eran. 1993. Urban Muslim Identity in Macedonia: The Interplay of Ottomanism and Multilingual Nationalism. Language Contact, Language Conflict, ed. by Eran Fraenkel and Christina Kramer, pp. 27-41. Peter Lang: New York.
Friedman, Victor A. 1985. Problems in the Codification of a Standard Romani Literary Language. Papers from the Fourth and Fifth Annual Meetings: Gypsy Lore Society, North American Chapter. 56 75. New York: Gypsy Lore Society.
________. 1993. Language Policy and Language Behavior in Macedonia: Background and Current Events. Language Contact, Language Conflict, ed. by Eran Fraenkel and Christina Kramer, 73-99. Peter Lang: New York.
Friedman, Victor A. and Ian Hancock. 1995. "On the Use of the Terms 'Rom' and 'Romani'." Newsletter of the Gypsy Lore Society 18,2.6-7.
Gal, Susan. 1991. Bart-k's funeral: representations of Europe in Hungarian political rhetoric. American Ethnologist 18,3.440-458
________. 1993. Diversity and contestation in linguistic ideologies: German speakers in Hungary. Language in Society 22.337-59.
Glenny, Misha. 1995. The Birth of a Nation (review of Poulton 1995). The New York Review 16 November.24-28.
Gourevitch, Philip. 1996. Misfortune Tellers. The New Yorker 8 April.96-100.
Хаџи-Ристик, Миодраг. 1994. Прашањето на етногенезата на Египтјаните во Македонија. ин Нова Макеоднија 13-17 Септембер пп. 16, 16, 15, 22, 9.
Hancock, Ian. 1995. A Grammar of Vlax Romani.Columbus: Slavica.
Haugen, Einar. 1968. The Scandinavian Languages as Cultural Artifacts. Language Problems of Developing Nations. Ed. by Joshua Fishman, Charles Ferguson and J. Das Gupta. pp. 267-84. New York: John wiley & Sons.
Hayden, Robert. 1995. Review of Woodward 1995. Slavic Review 54.1114-15.
Human rights Watch/Helsinki. 1994. TheMacedonians of Greece. New York: Human rights Watch.
Ivić, Pavle. 1958. Die serbokroatischen Dialekte: Ihre Struktur und Entwicklung. The Hague: Mouton.
Kaщnčov, Vasil. 1900. Makedonija: Etnografija i statistika. Sofia: Baщlgarsko knižovno dru#382;estvo.
Kaplan, Robert D. 1991. History's Cauldron. The Atlantic Monthly June.92-104.
Konstantinov, Aleko. 1895. Baj Ganjo. Sofia: Daskalov.
Latific", Ibrahim, et al. 1970. Vitalna, etni#269;ka i migraciona obele#382;ja. Popis stanovni#353;tva 1961. Belgrade: Savezni zavod za statistiku.
Limanovski, Niyazi. 1993. Исламизацијата и етничките промени во Македонија. Скопје: Македонска книга.
Лunt, Horace. 1984. Some Socio-Linguistic Aspects of Macedonian and Bulgarian. Language and Literary Theory: In Honor of Ladislav Matejka, Ed. by B. Stolz, I. Titunik, and L. DolezГel. (Papers in Slavic Philology 5), pp. 83-132. Ann Arbor: University of Michigan.
Lunt, Horace. 1986. On Macedonian Language and Nationalism. Slavic Review 45,4.729-34.
Meillet, A. 1918. Les langues dans l'Europe nouvelle. Paris: Payot.
Meyer, Gustav. 1891. Etymologisches Wљrterbuch der albanesischen Sprache. Strassburg: Trџbner.
MILS=Macedonian Information Liaison Service (News Service)
Misirkov, Krste P. 1903. Za makedonickite raboti. Sofija: Liberalni klub. (Reprinted 1974, Skopje: Institut za makedonski jazik, Posebni izdanija 8.)
Nicolaodes, Cleanthes. 1899. La MacЋdoine. Berlin: Stuhr.
Pekevski, Boro et al. 1973. Население по народност во СР Македонија. Попис на населението и становите, 1971 год. Скопје: Републички завод за статистика.
Петрушевски, Илија (ед.). 1992. Macedonia on Old Maps. Skopje: Detska radost.Pipinelis, P. N. 1963. Europe and the Albanian Question. Chicago: Argonaut.
Поповски, Тошо. 1981. Македонското национално малцинство во Бугарија, Грција и Албанија. Скопје: Македонска книга.
Poulton, Hugh. 1995. Who Are the Macedonians?Bloomington: Indiana University Press.
Пулевски, Горги. 1875. Речник од три језика. Белграде: Дрзжавна штампарија. (Slavic section republished in Blaze Ristovski (ed.), 1974, Георгија М. Пулевски: Одбрани страници, Скопје: Македонска книга.)
Rossos, Andrew. 1994. The British foreign Office and Macedonian National Identity 1981-41. Slavic Review 53.369-94
________. 1995. Macedonianism and Macedonian Nationalism on the Left. National Character and National Ideology in Interwar Eastern Europe. Rd. by Ivo Banac and Katherine Verdery, pp. 219-254. New Haven: Yale Center for International and Area Studies.
Sabota. Saturday supplement to the Macedonian-language newspaper Nova Makedonija (Skopje).
Saral, Osman Yavuz. 1975. Kaybettigщimiz Rumeli. Istanbul: Bogщazici.
Savezni Zavod za statistiku. 1954. Stanovnistvo po narodnosti (Knj. 9): Konacni rezultati popisa stanovnistva od 15 marta 1948 godine. Belgrade: Savezni zavod za statistiku.
Savezni Zavod za statistiku. 1981. Statisticki bilten broj 1295 (1981). Popis stanovnistva, domacinstva i stanova u 1981 godini: Nacionalni sastav stanovnistva po opstinama. Belgrade: Savezni zavod za statistiku.
Savezni Zavod za statistiku. 1988. Statisticki Godisnjak Jugoslavije (Knj. 35)
Belgrade.
Skendi, Stavro. 1968. The Albanian National Awakening: 1878-1912. Princeton: Princeton University.
Tanaskovic", Darko. 1992. The Planning of Turkish as a Minority Language in Yugoslavia. Language Planning in Yugoslavia. Ed. by Ranko Bugarski and Celia Hawkesworth, pp. 140-61. Columbus: Slavica.
Todorova, Maria. 1994. The Balkans: From Discovery to Invention. Slavic Review 53.453-82.
Upward, Allen. 1908. The East End of Europe.London: John Murray.
Vaillant, A. 1938. Le probleme du slave macedonien. Bulletin de la Societe Linquistique de Paris 39 fasc. 2 no. 116.194-210.
Verdery, Katherine. 1993. Ethnic relations, economies of shortage, and the transition in Eastern Europe. Socialism, Ideals, Ideologies and Local Practice. Ed by C.M. Hahn, pp. 172-186. London: Routledge.
Woodward, Susan L. 1995. Balkan Tragedy: Chaos and Dissolution After the Cold War. Washington, DC: Brookings Institution.
Xhaferi, Arb'r. 1994. Regjistrimi i jasht'zakonsh'm i popullsis' 1994. Tribuna-Sh2,23/24.20-21.