Геополитиката на Балканот: Последици и можности

Меѓу луѓето на Балканот и на Кавказот се раскажува легендата за заробениот орел што успеал да избега од заробеништво
и да се врати кај своето семејство. Но господарот му имал ставено алки околу канџите, и ова обележје го направило
бегалецот странец меѓу својата раса. Семејството одбива да го земе назад својот член.

- Исмаил Кадаре[1]

Апстракт

Во модерни услови, да се зборува за геополитиката како за корисен политички инструмент може да претставува опасен потфат. Премногу често, скептиците имаат тенденција да ја сметаат геополитиката за група политички пристапи засновани врз брза на географската и политичката експанзија, што доведува до доминација на определена држава во постојаната борба за рамнотежа на моќта. Во најширока смисла, она што ги поврзува традиционалните со поновите истражувања на критичката геополитика е изучувањето на географските димензии (физички, културни, политички и економски) на светската политика. Така, за да се зборува за геополитиката на Балканот, мора постојано да се поврзува пошироката релевантност на идејата за Европа со оние (на Балканот) што сметаат дека се “во” или “надвор од” поширокиот европски контекст. Дури и името Балкан ја изразува оваа долготрајна, малку искривена, перцепција на европски “аутсајдер”. Натаму, по страшните настани од 11 септември 2001 година, геополитичкото значење на Балканот суштински исчезна во очите на голем број политичари. Сепак, иако Балканот веќе не претставува примарен предизвик за надворешната политика, се чини дека е важно да се истакне дека “Западот” не може да си дозволи да гледа во сите други правци, само не кон Југоисточна Европа.

Во модерни услови, да се зборува за геополитиката како за корисен политички инструмент може да претставува опасен потфат. Премногу често, скептиците имаат тенденција да ја сметаат геополитиката за серија политички пристапи засновани врз брза географска и политичка експанзија, што доведува до доминација на определена држава во постојаната борба за рамнотежа на моќта. Сепак, во модерната геополитика постојат нијанси што јасно го отфрлаат ова потрадиционално гледиште; современите геополитички аналитичари, на пример, ги истражуваат подеднакво често и ефектите од зголемената економска глобализација и од политичката фрагментација во меѓународните односи.[2] Во најширока смисла, она што ги поврзува традиционалните со поновите истражувања на критичката геополитика е изучувањето на географските димензии (физички, културни, политички и економски) на светската политика. Динамичните влијанија и, често, тензиите меѓу народите, идеите и ресурсите може да се покажат како моќни сили на определени локации. Така, модерната геополитика може точно да се опише како нарушување на физичките граници со (технолошки, ресурсни и идеолошки) текови.

Но, за да се зборува за геополитиката на Балканот, пошироката релевантност на идејата за Европа мора да им се пренесе на оние (на Балканот) кои сметаат дека се било “во” или “надвор од” поширокиот европски контекст. Дури и иметоБалкан ја изразува оваа долготрајна, малку искривена, перцепција за европскиот аутсајдер. Германскиот географ Август Зуне погрешно го нарекол тој регион Балкански Полуостров (Балкан Халбинсел) на почетокот од деветнаесеттиот век за да ги избегне културно чувствителните еуфемизми, како “европскиот дел од Турција” или “Турција во Европа”.[3] Тој погрешно претпоставил дека северните граници на регионот се балканските планини во Бугарија, но, иако неговите географски граници беа повлечени премногу тесно, точно е дека голем дел од својата историја, уште од времето на римската граница, Балканот беше крстопат на царства, религии и цивилизации, каде што луѓето се судираа во своите различни улоги како заштитници на “замислената” граница. Според Зуне, “на север, овој Балкански Полуостров е одвоен од остатокот од Европа со долгиот балкански планински венец, или поранешните Албанус, Скардус, Хемус, кој на северозапад им се придружува на Алпите на малиот Истарски Полуостров, а на исток се стопува во Црното Море во две гранки.”[4] Да се живее на Балканот буквално значело дека си во Европа, но не од Европа.

Натаму, по страшните настани од 11 септември 2001 година, геополитичката важност на Балканот суштински исчезна во очите на голем број политичари. Сосема логично, Соединетите Американски Држави и Европа се чувствуваа обврзани да ги свртат ресурсите од регионот кон нивната заедничка борба против глобалниот тероризам. Сепак, повеќе од една деценија по падот на Берлинскиот ѕид, Балканот претставуваше еден од најголемите стратешки и политички предизвици за Западот; четирите насилни конфликти и последиците од нив & вклучувајќи ја и првата воена интервенција на НАТО & консумираа повеќе милијарди долари, како и големи дипломатски и регионални иницијативи. И, иако Балканот веќе не претставува еден од главните предизвици на надворешната политика, се чини дека е важно да се нагласи дека меѓународната заедница не може да си дозволи да гледа во сите други правци, само не кон Југоисточна Европа.

Балканот денес е вовлечен во период на тешка, болна транзиција, а различни локации & без оглед дали станува збор за Косово, Македонија, Црна Гора или Србија & се во опасност брзо да подлегнат на транснационалните криминални влијанија и да станат “црни дупки” на терористичкото влијание, како што се случи во Авганистан & кој стана не само држава-покровител на тероризмот, туку и држава под покровителство на терористи. Иако се забележува прогрес кон репрезентативна власт и градење на институциите во Хрватска, Србија и Косово, сепак, внатрешната корупција, активностите на црниот пазар и илегалниот шверц со оружје ? се закануваат на стабилноста на регионот. Кога во Македонија денес секој може да си набави вистински, не лажен, пасош за 25 долари, Балканот с? повеќе станува привлечен за оние кои лесно можат да го избегнат окото на безбедносните сили.

Така, кога зборуваме за геополитичката “судбина” на Балканот, станува јасно дека она што се & или не се & случува со судбината на државите-нации од поранешна Југославија ќе биде главната непозната во идната безбедносна равенка. Иако аналитички и концептуално е погрешно да се дели Југославија од останатиот дел на Балканот, основниот аргумент на овој труд е дека она што се случува таму ќе влијае не само врз Балканскиот регион, туку и врз идната Европа.

Постојат причини и за оптимизам и за песимизам; често, овие причини произлегуваат од истите патишта што доведоа до современите настани во Југоисточна Европа. Не изгледа дека мирот ќе завладее насекаде, а истовремено има можности од нови конфликти. Исто така, ако К-ФОР, И-ФОР и можниот иден М(акедонија)-ФОР се повлечат без регионална стабилизација, што би довело до подобрени долгорочни перспективи за човечка и државна безбедност, постои веројатност да се врати некој вид регионален немир, а големите европски сили, можеби и САД, да мора да избираат некој вид интервенција.[5] Така, песимистичката проценка дека неодамна бевме сведоци на крајот на првата деценија од една нова триесетгодишна војна не се толку самоволни колку што се чинат на прв поглед.

Во најдобар случај, со постојаното долгорочно присуство на некоја форма меѓународни безбедносни сили во регионот, ќе се најдеме во поранешна Југославија којашто се пресметува со пеколниот свет меѓу војна и мир. Ова може да биде најдобриот можен резултат во текот на следната деценија. Се разбира, таквите последици се подобри од спроведувањето балканска интервенција на големите сили. Со право или не, американската и европската интервенција во поранешна Југославија ја сменија динамиката на Европа. И, и покрај желбата на многу држави да ја продолжат “големата традиција” (во која Европа интервенира на Балканот, често како одговор на конфликт, само за да излезе што е можно побрзо по неговото завршување), таквата “традиција” произведе проблематична историја во регионот, често полна со конфликти. Многу попосакуваното решение, всушност единственото прагматично решение, е да се уверат балканските држави дека се дел од Европа, а не некој непоправлив мутант.

Значи, централното тврдење на овој труд е дека иднината на европската безбедност, како и иднината на трансатлантските САД-НАТО односи, ќе биде раководена од одлуки, како и од недостиг на одлуки, од успеси, како и од неуспеси при балканските интервенции. Додека вниманието продолжува да се фокусира на прашања од помала важност, како кои се способните кандидати за следната рунда проширување на НАТО, примарни детерминанти на идниот европски поредок ќе бидат настаните што се случуваат во безбедносниот контекст на Балканот & а не во балтичките држави или во Централна Европа.[6]

Индикации и предизвици

Историјата, како што еднаш напиша Исаја Берлин, е направена “од пророци, со војски зад нив”.[7] Изгледа дека за да се постигне состојба на заеднички идентитет меѓу балканските народи & таква состојба во која ќе се почитува можноста за разлики и заеднички страни како основен човечки идентитет, како и почитување на правната држава и процесите на уставен либерализам & на идните пророци ќе им бидат потребни војски, што се и чувари на мирот имиротворци. Но, мора да се биде внимателен со таквата одговорност, како што мора да се биде внимателен со примената на воена сила во соодветно време и на соодветен начин.

До денес, постигнат е некаков успех. Постојано има предизвици и можности. Додека Босна покажува некои индикации на бавно подобрување, Косово е малку повеќе од квази-трајна “пара-држава”. А Македонија е сосема посебен проблем. Всушност, клучната грешка на повеќето аналитичари е нивната претпоставка дека “етничките” и “религиозните” разлики се слични мотивации за балканските конфликти од изминатата деценија. Како што имам пишувано и на други места,[8] овој аргумент е кратковид и не ги објаснува долгорочните ефекти на распаѓање.

Со ефективниот крај на “златното чудо” од југословенскиот самоуправен систем во 1962 година (во основа, годината кога во Југославија запре брзиот економски развој), на Југославија ? беа потребни речиси три децении за да почне распадот во 1991 година & и тој продолжува и денес. Југославија не умре со падот на Берлинскиот ѕид; напротив, бавниот економски пад овозможи да израсне национализмот, да се појави социјална и религиозна поделба, с? поголеми разлики во економскиот просперитет меѓу “северот” и “југот” (Словенија и Македонија се примери за најпросперитетната и најнепросперитетната република од поранешна Југославија), и фрагментирани идентитети што во минатото биле обединети околу кохерентни идеолошки теми. Горенаведениве тврдења се контроверзни, но сепак објаснуваат како и зошто југословенскиот експеримент се покажа барем делумно успешен од периодот по Втората светска војна до 1980-тите.

Тензии

Некои неопходни вистини од неодамнешното искуство на Балканот поттикнуваат на размислување за нивната релевантност и во иднината:

·        Балканската оска. Југославија & или она што останува од неа & ќе биде критична за европската стабилност. Доколку немаше интервенција на НАТО, која активно почна во 1995 година, ќе имаше повеќе смрт, повеќе бегалци и повеќе потенцијал конфликтот да се прошири. Освен тоа, поголемиот конфликт ќе ги вовлечеше Албанија, Бугарија, Унгарија и Романија, како и партнерите на НАТО, Грција и Турција, подлабоко во вртлогот.

·        Неуспехот на ОН како миротворец? Веројатно, никаде на друго место во Евроазија, општиот неуспех на ОН да имплементира и да обезбеди ефективен мир во периодот по Студентата војна не беше илустриран толку убедливо како во примерот со Балканот. До 1995 година, УНПРОФОР (Силите за заштита на Обединетите нации) и фигуративно и буквално беше заложник во Босна и Херцеговина.[9] На ОН му недостигаа политичка волја и институционални средства за да спроведе ефикасно ред меѓу завојуваните страни во најбруталниот конфликт во Европа по Втората светска војна. С? до интервенцијата во Косово во 1999 година, одобрение или забрана од ОН за воздушната кампања на НАТО ниту се бараше ниту некогаш сериозно се имаше предвид. Двосмисленоста на Резолуцијата 1244 на ОН по интервенцијата во Косово не го реши & ниту се направи обид да го реши & поимот на државниот суверенитет, одговорностите на државите да ги поддржуваат основните човекови права на своите граѓани, или овластувањата на таканаречената “меѓународна заедница” да го прекршува суверенитетот за да спроведе стандарди за човековите права. Нерешавањето на овие прашања ќе го истурка балканското прашање повторно назад во арената на тешките проблеми во текот на следните десет години.

·        Балкански протекторати? Не е многу веројатно дека Дејтонскиот договор целосно ќе се имплементира & барем не во скоро време. Освен тоа, слични договори за Косово, Црна Гора и Македонија, исто така, не се многу веројатни, со оглед на недостигот на меѓународна волја воопшто да се инсистира на ревизија на оригиналниот Париски мировен договор (Дејтонскиот договор) од 1995 година. Создавањето ефективни балкански протекторати може да биде единствената практична опција за стабилноста во регионот. Таквите протекторати мора да ги обезбедува соена сила со капацитет да имплементира слобода на движењето и враќање на бегалците.

Во текот на подолг период, можно е САД да ја има водечката улога во овој напор ако треба да се зачува Дејтон, дури и ако таквиот “протекторат” може да не ги исполни очекувањата на американскиот народ и на Конгресот. Прашање е дали американската волја да го направи тоа ќе издржи до 2015 година; неопходноста од некоја форма на мировни сили до 2015 година е речиси сигурна.[10] Натаму, погрешно е да се претпостави дека концептите “стабилност” и “безбедност” се синоними.[11] Сепак, с? додека стабилноста не е постојана, нема вистински перспективи за долгорочна човечка или државна безбедност во регионот.

·        Воени сили не се трајно решение. Она што е најблиску до протекторат не е долгорочно решение. Ефективни воени сили не се замена за долготрајни дипломатски, политички, екномски, или “еколошки” решенија. Слично, огромно беше влијанието на невладините организации, како што се Ресурсите за воен персонал, Инк. (МПРИ), во обуката и ефективното создавање цврсти воени сили во регионот.[12] Она што беше нешто повеќе од хрватски полициски сили во 1992 година, МПРИ го претвори во воени оружени сили во 1995 година, кои ја спроведоа операцијата Бура за преземање на Краина во 1995 година (и најголемата индивидуална операција на етничко чистење за време на Балканските војни од 1990-тите).

·        Распадот на Југославија не беше можно да се оддели од европската фрагментација. Растурањето на Југославија со политичка дезинтеграција не беше можно да се оддели од процесите на пошироката европска фрагментација од крајот на Студената војна. Југославија не беше вештачка творба, туку држава со социјални, културни и екномски карактеристики што претставуваа нешто повеќе од творба која ја одржуваше Тито. Сепако, ако економското пропаѓање во состојба на слаба државна власт и несигурни граници доведува до конфликт, тогаш лекциите од Босна и Херцеговина претскажуваат мрачна иднина за сличните меѓудржавни конфликти во времето што доаѓа.

·        Религиозни разлики, воени групи и етнички поделби не ја предизвикаа последната балканска војна. Разликите во вероисповедта, во културниот диверзитет, корупцијата и с? поголемиот криминал, или нееднаквиот економски развој не беа единствените што доведоа до непријателствата во последната балканска војна. Различната структура и целите на различните национални идеологии се појавија во рамки на политичката култура на секоја од источноевропските национални групи. Растот на националистичката идеологија пронајде плодна почва во времето по Студената војна и беше проследен со културни, политички и религиозни разлики коишто доведоа до деструкција. Религијата, како културна компонента, придонесе за политичка култура што ја сметаше војната за неопходен резултат, но самата религија не беше единствената причина за војна. Воените групи се проблематичен термин и речиси секогаш се последица на, а не причина за, конфликт.

Што се однесува до етничката поделба како задоволително објаснување на конфликтите, треба да се каже дека етничките разлики самите по себе се долгорочна гаранција за државната безбедност. Ако е тоа вистина, тогаш судбината на Македонија (како последното етнички хетерогено општество коешто останува од поранешните југословенски републики), е особено важна. Хегел беше убеден дека етничкиот диверзитет е и неопходен услов за и неопходен производ од стабилноста на модерната држава.[13] Навистина, Хегел предвидувал “генерален систем” на државна стабилност, заснован врз поврзаноста на полис а не врз верност заснована на крвни врски. Натаму, како предвесник на либералистичкото движење на 20 век, Хегел постојано повторува дека за да биде државата “рационална”, таа мора да биде плуралистичка.[14] И, иако Исаја Берлин е многу критичен кон Хегеловата “утопија”, тој го поддржува Хегеловото залагање за плурализам и мултиетнички идентитети, тврдејќи дека “подложувањето на една идеологија, без оглед колку е разумна и имагинативна, му ги одзема на човекот слободата и виталноста”[15]. Берлин ги повторува претходните проблеми со кои се занимавал Хегел, предупредувајќи од опасностите на моноетнизмот:

“Ова е почеток на национализам... Ако секоја култура ја изрази својата визија, а има право тоа да го направи, и ако не можат да се споредуваат различни вредности и цели на различни општества и начини на живот, тогаш следи дека не постои една група принципи, нема универзални вистини за сите луѓе и сите места. Вредностите на една цивилизација ќе бидат различни од, и веројатно некомпатибилни со, вредностите на друга. Ако на слободното создавање, на спонтаниот развој заедно со вродените црти, неинхибирани или потиснати од догми на една самопрогласена елита, нечувствителна на историјата, треба да му се даде врховна вредност; ако автентичноста и различноста треба да не се жртвуваат на авторитетот, организацијата, централизацијата, кои секогаш водат кон униформност и уништување на она што на луѓето им е најдраго & нивните институции, обичаи, начин на живот, с? што ги направило да бидат она што се & тогаш воспоставувањето на еден свет, организиран врз универзално прифатени рационални принципи & идеалното општество & е неприфатливо.[16]

Економската географија на Балканот

на почеток

 

Во 1962 година, Југославија “заврши” со технолошкиот крај на својот економски развој, но неа ? беа потребни речиси три децении пред да го започне својот стрмоглав пад во 1991 година. Југославија не умре со падот на Берлинскиот ѕид; напротив, бавниот економски пад овозможи да се развијат национализам, социјална и религиозна стратификација, доведе до зголемени разлики во економскиот просперитет меѓу “северот” и “југот”, и фрагментирани идентитети коишто претходно беа обединети околу кохерентни идеолошки теми. Големите меѓународни заеми во 1970-тите & настрана од огромните цени на нафтата од 1973 година и светската должничка криза & не придонесоа да се инсталира фискална дисциплина што можеше да доведе до реформи на југословенската економија и до контрола на инфлацијата. Меѓународната рецесија од 1980-тите придонесе во Југославија да се зголеми невработеноста и да се бара надворешна поддршка, што беше праќана од југословенските гастербајтери кои работеа во Западна Европа.[17] До 1986 година, невработеноста ја надмина бројката од 20 отсто во Србија, Црна Гора, Македонија и Босна и Херцеговина, и се искачи од 40 проценти во 1979 година до речиси 60 проценти во Косово до 1985 година; до 1988 година, годишната инфлација се искачи на 1.200 проценти.[18] До 1983 година, разликата во бруто домашниот производ меѓу најбогатата југословенска република (Словенија) и најсиромашната (покраината Косово) достигна однос од 7:5:1.[19]

Илјада деветстотини и деведесеттите продолжија радикално да ја менуваат економската географија на Балканот, принудувајќи ги економските процеси да се фокусираат на новите пазари и на новите партнери. Турбулентното минато на регионот, неговата маргинална позиција на “периферијата” на Европа и недостигот на каква било економски доминантна земја која би дејствувала како движечка сила за регионот, едноставно придонесоа за натамошна неразвиеност.[20] Потенцијално водечките држави, како Словенија и Хрватска, беа повлечени од примамливоста на “меката сила” на Европската унија и веднаш побараа економски да избегаат од Балканот. Според Симиќ, и Словенија и Хрватска со недоверба гледаат на регионалните балкански иницијативи; освен тоа, во јануари 1998 година, Хрватска ги усвои уставните амандмани со кои се забрани враќање на која било форма на “југословенска” заедница.[21] Така, некои страхуваа дека нова “златна завеса” ќе ја замени претходната железна завеса.

Критичарите на аргументите што се претставени овде & дека различната економска географија на регионот е најголемиот инхибитор на долгорочната безбедност & ќе укажат на пресвртниците воспоставени од Пактот за стабилност на Југоисточна Европа, како и на пресвртниците за кои беа известени Белата куќа и американскиот Стејт-департмент. Таквите пресвртници јасно диктираат методологија и мапа за проценка на стратешкиот прогрес.[22] Но, таквите пресвртници, да кажеме јасно и гласно, се бирократски “тигри од хартија” и ја превидуваат сегашната реалност. Меѓународната заедница & колку и да е политички нечувствително ова тврдење & страда од сериозен случај на “југо-замор”. Според некои проценки, износот потребен за разумна реконструкција на балканските држави погодени од војната достигна огромно ниво од 100 милијарди долари потребни до 2004 година.[23] Дури и со Пактот за стабилност за Балканот од 1999 година, инвестициите не можеа да достигнат толку високо ниво, па исходот од војната најверојатно ќе влијае и врз Балканот и врз Европа во следните децении. Така, Југо-заморот и политичката инертност делумно ги објаснуваат слабите неодамнешни обиди да ? се помогне на Македонија во најсериозната криза од нејзината независност.

Алтернативни сценарија за иднината

на почеток

Опција 1. “Не” опцијата: Меѓу алтернативите што би можеле да се земат предвид за иднината, најпрагматична и најчесто цитирана опција е онаа за поделбата. Но, мора јасно да знаеме дека поделбата, иако од политички аспект е згодна, долгорочно е само гаранција за идни неволи. Разни циници, често без искуство или знаење за Балканот, би можеле да бидат брутални во нивните идеи и таканаречени решенија. Во примерот со Македонија, Џон Мершајмер и Стивен ван Евера, на пример, сметаат дека:

“Ако Словените одбиваат да поделат подеднакво со Албанците, неизбежно е да дојде до насилство. За да се спречи ова, НАТО треба да размисли за спроведување референдум за да се определи дали Албанците сакаат да останат во Македонија. Ако не, Македонија би требало, исто така, да се подели. Ова е изводливо затоа што Албанците од Македонија се концентрирани во западна Македонија, веднаш до Косово и Албанија. (Њујорк Тајмс, 19 април, 1999)

Такво “решение” е погрешно со самото тоа што е контрадикторно. Зошто НАТО би требало да ги прекрши своите сопствени стандарди на цврста поствоена неутралност и да ја преземе улогата за спроведување референдум, што вообичаено е улога на институции како што се ОБСЕ (Организација за безбедност и соработка во Европа) & е нејасно. Нејасно е и зошто Албанците од западна Македонија, Косово и Албанија би сакале да се соберат (читај, “поделат”) во заедница што би претставувала најсиромашната етничка заедница во Европа, а сепак да бидат одвоени & физички, психолошки и економски & од етничките заедници и трговски блокови од кои зависат (како што се “Словените” од Македонија), а сепак да се очекува некако да опстојуваат. Зошто Мершајмер и Ван Евера не можат да увидат дека поделбата за која се залагаат е уште една варварска форма на етничко чистење, и повеќе од само “неубава формула за завршување војни” & ова навистина ми изгледа вчудовидувачки.

Уште еднаш да нагласиме дека Македонија е последното етнички хетерогено општество што остана од поранешна Југославија. Додека некои балкански аналитичари, на пример Тимоти Гартон Еш, тврдат дека вистинската лекција од пост-Југославија е дека етнички хомогените општества & како Словенија & се стремат кон стабилност, а не кон дезинтеграција, извесен број филозофи и социјални научници го тврдат токму спротивното. Една нација, според Франк, се состои од луѓе, додека една држава се состои од граѓаните и од омеѓена територија.[24] Само ретко, нација од еден народ се наоѓа на определена територија со дефинирани граници како “чиста” држава-нација. Затоа, поделбата е едноставно модерна варијанта на “големата традиција” за западноевропска интервенција на Балканот & традиција што нема ниту горда ниту успешна историја.

Опција 2. Надвор. Одлуката за повлекување има свои позитивни страни. Американскиот претседателски кандидат Џ. Буш јасно го подвлече ова претпочитање во кампањата во 2000 година; потоа, како претседател, ги сфати долгорочните ефекти што таквата унилатерална акција би ги имала врз трансантлантските односи. Колку и да звучи неудобно ова опција, контраинтуитивните аргументи би можеле да сугерираат дека европската & и, особено, американската & политика, и на крајот интервенцијата на Балканот по 1991 година едноставно ги интензивираа насилството и негативните резултати. Таквите контраинтуитивни аргументи, колку и да се валидни, остануваат само претпоставки. Во реалноста изгледа прилично неверојатно некоја форма на безбедносни сили да биде присутна во регионот барем до 2015 година.

Опција 3. Продолжи и одржувај. Колку сили ќе останат во регионот зависи од согласувањата и разбирањата постигнати меѓу САД и Европа & како и меѓу НАТО и новиот европски безбедносен и одбранбен идентитет & како и од тоа каков тип безбедносни аранжмани ќе се постигнат од претходно завојуваните страни. С? додека не се постигне долгорочна сигурност, најдоброто на што може да се надеваме е некоја форма на сили од видот каков што ги има на Кипар, кои обезбедуваат присуство и, по можност, стабилност, во регионот.[25]

Опција 4. Дејтон плус. Оваа опција, според која самиот Дејтонски договор би се приспособил и модифицирал на новопојавената реалност по Дејтон, постојано беше одбивана од претходната Клинтонова администрација. Меѓутоа, останува вистината дека: Дејтон стави крај на конфликтот, но не ги реши причините за војната. Натаму, на Косово, Србија, Црна Гора и Македонија им недостига некоја форма на рамковен договор, според кој би ги решиле разликите. Никој за време на разговорите во Дејтон не веруваше вистински дека договорот веднаш би ги урнал границите изградени со повеќе од 42 месеци војна и брутални злосторства. Дејтонскиот договор повеќе би требало да се смета за почеток на долг процес на решавање отколку за негов крај.

Опција 5. Да не се прави ништо. Оваа опција би можела да изгледа иста како опцијата 2 & излези надвор. Но, разликата лежи во практиката на политичката инертност. САД, додека ? искажуваат поддршка на долгорочната стабилност, тие едноставно ќе “обележат време” во својата инволвираност на Балканот с? додека не ги уверат безбедносните партнери дека натаму многу малку може да се постигне. Некои аналитичари можеби ќе сугерираат дека ова е токму онаа опција што САД сега ја практикуваат. До денес, 900.000 српски, хрватски и бошњачки бегалци не успеаја да се вратат во своите домови од пред војната. Етничките мнозинства создадени од војната во Босна & во која Босна, како и Галија пред неа, е поделена на три дела & не беа вратени со насилната институционализација на демократските тенденции. Повеќе од 600.000 мини, за чие отстранување ќе бидат потребни барем 30 години, сега ги дефинираат границите на поделената Босна на три дела и ја спречуваат употребата на 15 проценти од обработливата почва. Би можело да се каже и повеќе, но акцентот се чини очигледен: опцијата “Да не се прави ништо” почна да се кристализира.

Опција 6. Продолжете, поддржете и подобрете ја “европеизацијата” на Балканот. Ова е, јасно, најидеалистичката опција. Регионалните и меѓународните лидери би работеле за да ги консолидираат разликите, активно да обезбедат чувство на идентитет и власт (како, на пример, да работат сега за да ги деминираат и да ги интегрираат заедниците поделени од војната) и да изразат верба и обврзаност за интегрирање на Балканот во европското семејство. “Дејтон плус” е задолжителен за тоа, и тој не е опција. Потоа, она што им треба на балканските држави, како што Штајл и Водворд со право велеа, е да станат дел од шемата за “европеизација”. Ако Европа научи нешто во периодот по Студената земја, секако една лекција беше тоа што европската економска интеграција всушност додаде гас за дезинтеграцијата во Југоисточна Европа.

“Аутсајдери притискаат за балканска интеграција... но таквите напори се осудени на неуспех со оглед на локалната несигурност и политичкиот отпор. На Балканот му е потребна потпора што може да се постигне само со задоволување на единствената заедничка аспирација на регионот: “европеизација”... Во практиката, европеизацијата значи проширување на прекуграничната економија, трговија и инвестициски аранжмани што веќе оперираат во рамките на ЕУ низ југоисточната периферија на Европа... Така, она што регионот не го постигнува политички, врз регионална база може да се постигне за неколку години под покровителство на европеизацијата. Овој “нов договор” би требало да се примени на сите држави во регионот & Албанија, Босна, Бугарија, Хрватска, Грција, Унгарија, Македонија, Романија, Словенија, Турција и Југославија & без да се загрози или уназади преку учеството постојната врска на државата со ЕУ... Раниот влез во либералните европски економски режими ќе го охрабри развојот на приватниот сектор, ќе ја намали економската улога на државата, ќе го истакне владеењето на правото и ќе ги зголеми бенефициите од спречувањето насилни конфликти за ресурси и национални граници.[26] (Стеил И Вудворд 1999, 97-98)

Балканот и иницијативите што имаат геополитичко значењена почеток

На прв поглед, интервенциите од 1990-тите изгледаа како да се фокусираат едноставно врз стабилизирањето на еден нестабилен регион. Но, како резултат на интервенцијата, некои реалности диктираат регионалната стабилност и поголемите геополитички прашања да бидат навистина поврзани.

Прво, и на најосновно ниво, присуството на меѓународните безбедносни сили имаше големо влијание. Во Босна, С-ФОР обезбеди средства за да овозможи да се случи промена & особено во демилитаризацијата и разоружувањето. Сепак, според најточното разбирање, С-ФОР не се “вклопи” во традиционалната концептуална цел на Мерките за градење доверба што значат: 1) да се подобри внатрешната или меѓународната клима и да се олесни контролата над оружјето; 2) да се намали ризикот од војна; и 3) да се намали важноста на трката во вооружувањето, или да се овозможи диспропорционално превооружување на претходно завојуваните страни. САД, силите на НАТО и С-ФОР создадоа услови за потенцијална стабилност, дури и развој, за економска реконструкција и потенцијална меѓузависност, како и за интеграција на балканските народи од поранешна Југославија во потенцијално поширок европски идентитет.

Во Босна и Херцеговина, 36-те нации што придонесоа за С-ФОР не беа вклучени толку многу во градењето на нацијата колку во одржувањето на нацијата. Проблемот во Босна, колку и со тензиите во Косово и натамошната дезинтеграција на поранешните републики од Југославија, е комплексен и поврзан со фактори што не може лесно да се категоризираат под насловите “етнички” и/ли “религиозни” војни. Причините во коренот и последиците се многу подлабоки. Од потпишувањето на Парискиот мировен договор, И-ФОР и С-ФОР (мисијата наследник на првобитните сили за имплементација), успешно работеа за да ги раздвојат претходно завојуваните вооружени сили и помогнаа во разоружувањето на повеќе од 300.000 војници. Процесот за контрола на оружјето, под супервизија на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ), резултираше со уништување на над 6.600 парчиња тешко оружје, а С-ФОР продолжи да го собира оружјето забрането според првобитниот договор. С-ФОР обезбеди почитување на прекинот на огнот, го набљудуваше повлекувањето на силите од Зоната на раздвојување и патролираше во областа долга 1.400 километри. С-ФОР обезбеди сигурност, не само за луѓето во Босна, туку и за сите коишто беа одговорни за имплементација на невоените аспекти на мировниот процес.

Иако ОН, а не С-ФОР, имаа одговорност да ги зајакнат Меѓународните полициски сили (ИПТФ), С-ФОР даде поддршка и помагаше за преструктурирање на функциите на цивилната полиција во Босна. С-ФОР ги поддржуваше ИПТФ во елиминирањето на неавторизираните пунктови во целиот регион (со што се зголемуваше слободата на движење), го искористи своето воено присуство за да го ограничи движењето на вооружените сили и помагаше во отстранувањето на повеќе од 20.000 мини, а продолжи да ги испитува местата за собирање оружје и да ги набљудува обуката на сили и активностите на теренот.

Второ, регионот стана “технолошки демонстратор и основа за тестирање” на нови технологии. Иако не е неопходно да се влезе во долги дискусии за специфичните и најчесто класифицирани категории, присуството на американски сили во регионот директно придонесе за тестирање и подоцнежна употреба на нови софистицирани технологии што ќе имаат директно влијание врз контролата на оружјето во иднина.[27] С? поновите технологии за контрола, како “душкала” за откривање на ЊМД и проширена употреба на предатор и други беспилотни летала најдоа плодна почва во регионот, каде што американските сили беа активно инволвирани, можеби и во иднина на намалено ниво.

Трето, продолжуваат големите проблеми за “човечката безбедност”, како криминализација и оружени мрежи. Балканот е примарна област за шверц на илегално оружје. Заедно со шверцот на дрога и зачестувањето на криминалните активности и корупцијата, овие прашања се веројатно најголемите директни закани за идната безбедност на Македонија и на Албанија. На пример, извори укажуваат на тоа дека, како дел од распространувањето на оружје што следеше по падот на албанската влада во април 1997 година, некаде меѓу 650.000 и 750.000 калашњикови и 3.000.000 рачни гранати се однесени на север во Косово набргу по пролетта истата година, што најчесто завршуваа во рацете на етничките Албанци кои беа без раководство и живееја во строга средновековна албанска традиција на крвна одмазда.[28] Албанските заедници од дијаспората, особено во САД, дополнително го засилија подемот на УЧК [(Ushtria Clirimtare e Kosovës & позната на запад како Ослободителна војска на Косово, или OVK (KLA – Kosovo Liberation Army)] и ? обезбедија фондови и муниција, со што на Косовците им дадоа насилни средства за да ги постигнат своите цели. (Претседателот Буш во јуни 2001 година го поддржа “отсекувањето” на таква помош од албанската дијаспора во САД).

Би можеле да ја спомнеме и трговијата со бело робје, што е поврзана со шверцот на дрога и оружје, како и со криминалните мрежи, кои, исто така, ја дестабилизираат владата и носат несигурност за луѓето во регионот. Иако е опасно да се категоризира премногу широко, се чини очигледно дека “можностите” за криминални активности што се случуваат за време на војна & особено меѓудржавна војна & се привлечни за влијателни личности од двете категории. Познато е дека поранешниот српски претседател на трипартитното босанско претседателство, Момчило Краишник, и српскиот парламентарец од Косово, Жељко Ражњатовиќ (попознат како паравоениот лидер “Аркан”), беа вклучени во, и профитираа од, шверц и криминални активности, дури и кога ја поддржуваа битката за своите политички каузи во текот на војните во Хрватска, во Босна и Херцеговина и во Косово. (Оваа последица е специфична за феноменот на држави што пропаѓаат, а не за Балканот. На пример, во Сиера Леоне, Револуционерниот обединет фронт ги поддржуваше бруталните бунтовнички движења и командуваше со големи операции на шверц на дијаманти, како што правеше и Џона Савимби во Ангола.)

Така, ЕУ, под заедничката безбедносна и одбранбена политика што се развива, може да стане “водечката” организација за безбедносни иницијативи за идниот Балкан. Во најдобар случај, НАТО би можел да служи како водечка извршна агенција (која би се поддржувала под последниот стратешки концепт); така, иднината на трансатлантските односи директно ќе влијае врз иднината на Балканот.

Балканот како основа за тестирање на идната европска безбедност

на почеток

Краткиот преглед во овој напис и сугестиите за идните алтернативи не укажуваат на тоа дека американската интервенција во поранешна Југославија претставува пресвртна точка во американската надворешна политика. Но, таквата интервенција се покажа значајна. До 1994 година, раководството на НАТО се подели & во голема мера под влијание на спротивните американски и британски перспективи & во врска со прашањето за Југославија. Таа година, Англија се залагаше за итна интервенција на НАТО во Босна и Херцеговина, додека САД одби да користи оружени сили. Во 1995 година, интервенцијата на НАТО, како елемент на дипломатијата на принуда, се покажа како есенцијална во создавањето опкружување во кое можеше да се склучи Дејтонскиот мировен договор. Ако интервенцијата на НАТО во поранешна Југославија не се покажеше ефикасна како што се покажа (заедно со присуството на мировните сили на НАТО), најрелевантната дискусија за европската безбедност на крајот од дваесеттиот век можеше да биде напуштање на НАТО & а не негово проширување.[29]

Внатрешното преиспитување во рамките на самата организација на НАТО го илустрира фактот во колку голема мера балканската интервенција ја оформи новата улога на неопходен одговор на агресија против земјите што не се членки на НАТО.[30]

·        Во 1992 година, со почетокот на војната во Босна и Херцеговина, НАТО се ограничи на полициска акција без користење на воздушната зона.

·        Во 1995 година, НАТО избра активни воздушни напади против босанските Срби за да ги заштити цивилите.

·        По Дејтонскиот договор, НАТО ги предводеше Силите за имплементација во Босна и Херцеговина.

·        Во 1999 година, НАТО ја бомбардираше суверената држава Југославија (Србија и Црна Гора) за да ја спречи натамошната српска злоупотреба на косовските Албанци и за да изврши принуда за прифаќање на мировните сили во Косово, предводени од НАТО.

Да се оддалечиме од фокусот на НАТО, да подвлечеме дека интервенцијата во Косово директно ги мотивираше европските лидери реално (а не само теоретски) да формираат заедничка европска безбедносна и одбранбена политика, способна за распоредување 60.000 сили за временски период од 60 дена кои би можеле да изведуваат хуманитарни/мировни функции или функции за надминување на кризите во текот на една година. Како такви, декларациите на претседателството на ЕУ од Келн и Хелсинки од 1999 година се значајни документи и може да индицираат оддалечување од “традиционалните” европско-американски трансатлантски односи што постојат од 1949 година со оригиналната Северноатлантска повелба.

Три основни увидувања укажуваат на босанското искуство како основа за безбедносните предизвици на НАТО, како и за поширокото европско-медитеранско искуство:

·        Балканот е тест за идната безбедност. Балканот е тест за идните безбедносни предизвици со кои НАТО ќе се соочува на Балканот. Токму на Балканот НАТО беше сведок на првото, во својата историја, борбено ангажирање и првата операција надвор од својата област. Тензиите во европскиот “јужен регион” (областа каде што постојат големи шанси да продолжат конфликти и нестабилност) ќе претставуваат предизвик за целите на Алијансата.

·        Интервенцијата на Балканот ја смени Северноатлантската повелба.Интервенцијата на Балканот засекогаш го смени колективниот одбранбен идентитет на Северноатлантската повелба. Дали НАТО ќе создаде посигурен безбедносен систем за Европа, таков што ќе им овозможи на државите и на народите да решаваат за својата судбина, преку мирен процес, би можело да биде критично безбедносно прашање отсега до 2015 година.

·        Превентивна дипломатија и преземање на иницијативата. Дури и во недостиг на меѓународна институционална поддршка, НАТО би можел да ги принуди државите да ги задоволат основните стандарди за човековите и етничките права, тие да ги осудат и да ги бојкотираат политичарите кои промовираат злоупотреба, и да формираат свои сопствени коалициски сили, неопходни за да им се противстават на опасните трендови пред да експлодираат. Иницијативата на поранешниот државен секретар Сајрус Венс, ОН да испратат набљудувачи во Македонија пред избивањето на конфликтот може делумно да објасни зошто Македонија беше единствената од шесте поранешни југословенски републики која го избегна избивањето на војна во рамки на своите граници с? до 2001 година. Истовремено, потегот на НАТО да распореди борбени сили (а не набљудувачи) во Македонија како резултат на регионалните тензии што се одвиваа во 1998 година се чини како мудар избор.

Концептуален заклучок

на почеток

Од 1945 до 1946 година, околу 250.000 лица починаа како жртви на масовните стрелања на Тито, присилни смртни маршеви и концентрациони логори за време на неговата изградба на “новата” Југославија.[31] Наспроти ова, некои проценки укажуваат на тоа дека 3.200 починале во Косово пред интервенцијата на НАТО во 1999 година во името на “човековите права”. Во 1946 година, светот беше едно поинакво место: тукушто започнуваше студена војна, и & на крајот од една светска војна & сувереноста на новонастанатите држави (врз основа на самоодлучување) беше и призната и почитувана.

Сепак, тековните и идните балкански “тешкотии” сугерираат дека очигледниот успех на една балканска мисија ќе се претвори во успех на сите балкански мисии. Поради тоа, прескриптивните решенија се, по природа, проблематични. Постои нешто лажно во тоа да се наметне наративен ред во кризните ситуации, а потоа да се нудат лекции или решенија од, во голема мера, лажниот ред што никогаш не постоел. Сепак, постојат извесен број генерални согледувања и политички импликации што може да се извлечат од истражувањето на реалноста што се случи во поранешна Југославија, за време на последната деценија од дваесеттиот век и првата деценија од дваесет и првиот век.

Прво, политичарите мора да разберат дека двосмисленоста што поттикна неутралност меѓу завојуваните страни не може да се одржува во недоглед. Второ, постои с? поголема потреба да се поврзе идентитетот на поранешна Југославија со други европски идентитети и организации. На пример, членството во НАТО сега изгледа како културно обележје на вклучување и економска привлечност, колку и безбеносна гаранција за многу поранешни републики. Со оглед на тоа што критериумите за членство во ЕУ се толку тешки за исполнување, членството на НАТО е следната најдобра работа & “добра домашна работа” што обезбедува безбедносни гаранции и го прави еден регион поатрактивен за надворешни инвестиции. Најпосле, политичарите мора отворено да ја признаат & додека с? уште постои прозорец на можности & неопходната обврзаност што на Балканот ќе му биде потребна во текот на болната геополитичка транзиција. Создавањето и одржувањето на граѓанско општество бара тежок избор и фокусиран напор.

Јасно е дека регионалните играчи на Балканот имаат конфликтни геополитички интереси. На самиот Балкан, државите од поранешна Југославија, особено Србија, ќе останат од голема важност во следниот век. Контрадикциите и тензиите на балканското распаѓање несомнено ќе ги сочинуваат фундаменталните идни предизвици за американската и европската дипломатија, општествената интеграција и меѓународното лидерство. Така, поради огромните сложености и новите реалности што “западната” интервенција ги стави во опасност со директна интервенција на Балканот, може да се биде сигурен самово постојаната несигурност во овој најпредизвикувачки дел од Европа.

Фусноти

[1]The Balkans: Truths and Untruths, in The Southern Balkans: Perspectives from the Region, Dimitris Triantaphyllou, editor, Chaillot Papers 46 (Paris: European Institute for Security Studies, 2001), 5-6.

[2] Релевантни примери за делата на различни автори се: John Agnew and Stuart Corbridge Mastering Space: Hegemony, Territory and International Political Economy (New York: Routledge, 1995) and Gearoid Tuathail’s “Post-Cold War Geopolitics: Contrasting Superpowers in a World of Global Dangers,” in Geographies of Global Change, 2nd ed. (Oxford: Oxford University Press, 2002). Подетални информации за Tuathail може да се најдат на интернет страницата: http://www. majbill.vt.edu/ geog/faculty/toal/gt.html а за Agnew на http://www.geog. ucla.edu/faculty/agnew.html.

[3] “Балкан”, од турски, буквално значи “планини”.

[4]Goea: Versuch einer Wissenschaftlichen Erdbeschreibung, Berlin, 1811, 11, quoted in Predrag Simic, “Do the Balkans Exist?”The Southern Balkans: Perspectives from the Region, Dimitris Triantaphyllou, editor, Chaillot Papers 46 (Paris: European Institute for Security Studies, 2001), 20.

[5] Овде ќе биде корисно да дадеме објаснување на термините. Во согласност со Парискиот мировен договор од 21 ноември 1995, повеќе познат како Дејтонски договор, Прилог С, Анекс 1-А, “Воени аспекти”, се воспоставија “мултинационални сили за имплементација, И-ФОР, под команда на НАТО, со одобрение од ОН.” Со Анекс 10, се воспостави Висок претставник на ОН за да “ги координира и да ги олеснува цивилните аспекти на мировниот договор”, при што беше подвлечено дека “Високиот претставник нема власт врз И-ФОР.” По “истекот” во 1996 година на првобитната едногодишна американска обврзаност на НАТО и И-ФОР, се воведе името С-ФОР (Сили за стабилизација). Во 1997 година, внатрешната дебата меѓу американскиот Стејт-департмент и Министерството за одбрана се фокусираше на две различни гледишта на пост С-ФОР периодот. Стејт-департментот сакаше да се употреби терминот “Сили за застрашување” (Deterrent Forces) или Д-ФОР; додека американското Министерство за одбрана го претпочиташе името “Сили за нормализација (Normalization Forces) или Н-ФОР со акцент на воените обврски за акции што не беа директно прецизирани во Дејтонскиот договор (како фаќање воени злосторници) и поддршка на одговорностите и функционалната ефективност на Меѓународната полиција на ОН, прецизирано во Анекс 11 од Дејтонскиот мировен договор. Како компромис на овие разлики, одлуката на претседателот Клинтон од 18 декември 1997 година, да го продолжи американското присуство на копнени сили и по планираното повлекување во јуни 1998 година најчесто се нарекува одлука за “Стабилизациски сили плус”, или, едноставно, “С-ФОР”. К-ФОР, или Косовски сили, беа воспоставени во јуни 1999 година.

[6] Овде, во Балканот ги вбројувам Грција, Турција (делот што се наоѓа во Тракија), сите држави што ја сочинуваа поранешна Југославија, Бугарија, Романија и Унгарија. Иако многумина претпочитаат да ја извлечат Унгарија од “балканскиот” контекст, повеќе од 2,5 милиони Унгарци (најмалку 12 проценти од етничката унгарска популација) живеат надвор од границите на денешна Унгарија & голем број во Трансилванија во Романија, во североисточна Хрватска и во српската покраина Војводина. Со тоа, Унгарија има директен интерес за судбината на Балканот.

[7] Strobe Talbott, “The United States, Germany, and the Idea of Europe,” 20 March 1998. Address to the New Traditions Conference, Berlin, Germany. United States Department of State Listserver <U09885@UICVM.UIC.EDU> (16 June 1998).

[8] P. H. Liotta, “Paradigm Lost: Yugoslav Self-Management and the Economics of Disaster,” 125-146, in Dismembering the State: The Death of Yugoslavia and Why It Matters (Lanham, Maryland: Lexington Books, 2001).

[9] До 1995 година, силите на ОН во поранешна Југославија беа колективно наречени УНПРОФОР. Но, со потпишувањето на Дејтонскиот договор, останатите мисии на ОН добија поинакви акроними, како што се формираше И-ФОР, предводен од НАТО. Мисијата на ОН во Македонија на пример, стана позната како УНПРЕДЕП (Превентивни сили на ОН), и продолжи до јануари 1999 година.

[10] И Европската унија јасно даде до знаење дека има намера да ја преземе водечката улога во мировните мисии на Балканот, како неопходна карактеристика на Заедничката европска и безбедносна одбранбена политика и капацитетите на петерсбуршкиот хуманитарен и кризен одговор.

[11] Темелното истражување на националните безбедносни стратегии на Клинтоновата администрација од 1994 до 2000 година откриваат конзистентно претставување на “стабилност” и “безбедност” како синоними. Таквите термини не се синоними, а во балканскиот пример, ќе продолжат да се прават некои основни стратешки грешки со претпоставка дека стабилизацијата самата по себе осигурува безбедност.

[12] Програмата за обука и опремување спонзорирана од Америка се покажа како еден од највлијателните настани во периодот по Дејтон. Програмата беше развиена (под законодавство управувано од американскиот Конгрес) заради специфична цел да се оспособат босанската федерација и владините воени сили, што беа главно муслимански, да се одбранат од потенцијалните српски офанзиви доколку не успее мировниот процес во Босна. Во рамки на планот за обука и опремување, босанските трупи добија софистицирана модерна опрема и обука со симулации на борби со висика технологија, а им беа обезбедени фондови за операции и одржување што ја надминуваа сумата од 700 милиони долари од 1996 до 1998 година. Голем дел од програмата за подобрување на “квалитетот” на босанските сили им беше доделена на една цивилна организација, а не на американските воени сили, наречена Воени професионални ресурси, Инк. (Military Professional Resources, Inc. – MPRI), која доби дозвола од Пентагон.

[13] Georg Wilhelm Friedrich Hegel, Political Writings, translated by T. M. Knox (Oxford: Oxford University Press, 1964).

[14] William James Hersh, Blinding the Cyclops: Thinking the End of Racism (Privately printed, n.d.), 26.

[15] Isaiah Berlin, The Crooked Timber of Humanity: Chapters in the History of Ideas (New York: Alfred A. Knopf, 1991): 85.

[16] Ibid, 224.

[17] Практиката на гастербајтерите (во буквално значење на германски “гостин-работник”) беше извор на економска поддршка за Југославија; традицијата продолжува во различни заедници од поранешна Југославија. Во албанските заедници во западна Македонија, на пример, фондовите од гастербајтерите пратени од Западна Европа обезбедуваат економска поддршка и стабилност за “домашната” заедница.

[18] Susan Woodward, Balkan Tragedy: Chaos and Dissolution after the Cold War (Washington, D.C.: The Brookings Institution, 1995), 51; 53; 55.

[19] Fred Singleton, A Short History of the Yugoslav Peoples (London: Cambridge University Press, 1989), 276.

[20] Simic, 24.

[21] Ibid., 28, fn. 31.

[22] Она што Пакот за стабилност им го понуди на различни балкански држави беше уште една програма за поттик на странски инвестиции. Американскиот придонес, кој изнесуваше 700 милиони долари помош, потоа трговијата и програмата за поттик вклучуваа, на пример, 150 милиони долари во фондови за да ги привлечат инвеститорите во регионот, износ од 130 милиони долари поддршка за мали и средни претпријатија и програма за намалување на тарифите. Според оригиналната повелба, на сите држави што се граничат со Југославија им беше дозволено да примаат помош; дури и во рамките на Југославија, Црна Гора имаше право на директна помош, иако официјални лица на САД не елаборираа како ова може да се постигне ако Црна Гора избере да остане југословенска федерална република. Според Меѓународниот монетарен фонд, на Црна Гора, Косово, Албанија, Македонија, Бугарија и Романија би им биле потребни меѓу 1,25 до 2,25 милијарди долари годишно за да можат следните неколку години да ги подмират огромните трошоци на трговската криза, на бегалската криза и на регионалната нестабилност.

[23] Jose Meirelles Passos, “The New War for Contracts,”O Globo [Rio de Janeiro], 13 June 1999. Reprinted in World Press Review, September 1999, 15. Во овие држави спаѓаат Албанија, Бугарија, Хрватска, Македонија и Романија. Проценката од 100 милијарди долари укажува на неопходниот трошок за да им се овозможи на овие држави да ги достигнат претконфликтните услови на стабилност и потенцијал за развој. Косово немало функционална економска основа или издржлива инфраструктура во својата понова историја.

[24] Thomas M. Franck, “Tribe, Nation, World: Self –Identification in the Evolving International System,”Ethics and International Affairs 11 (1997): 155.

[25] Некоја форма на мировни сили е присутна во Кипар од 1964 година, но Кипар (поделен меѓу турскиот идентитет што се вика Република Северен Кипар и оригиналниот национален идентитет познат како Кипар) е еден од посилните апликанти за членство во Европската унија. Европската безбедносна дебата во голема мера се врти околу прашањето за одговорноста (и независност од НАТО позициите, доминирани од САД), кога станува збор за надминување на кризи и за хуманитарен одговор за областите каков што е Балканот.

[26] Susan Woodward and Benn Steil, “A European ‘New Deal’ for the Balkans,” Foreign Affairs (November-December 1999): 97-98.

[27] Слободан Милошевиќ беше под силно влијание на симулаторот за виртуелно цртање мапи во Дејтон, и кога американските воени планери му ја претставија оваа технологија, тоа директно влијаеше врз неговата одлука да постигне договор заради јасното и стратешко значење на географијата во пост-дејтонска Босна – особено во областа позната како коридор Брчко. Подоцнежните “firsts” технологии вклучуваа воведување, а потоа и широка употреба на Предатор и други беспилотни летала што се користеа во Босна, потоа во Косово, а во јули 2001 година им помогнаа на американските сили во Македонија да не се соочат директно со гневните Словени, кои е обидоа да го блокираат извлекувањето на етнички Албанци за време на евакуацијата од Арачиново, постигната со посредство на НАТО.

[28] Навистина, се случија и други форми на протек на оружје: од организиран шверц, како и од српскиот црн пазар и запленувањето југословенско оружје.

[29] Laura Silber and Allan Little, Yugoslavia: Death of a Nation (New York: TV Books, 1996), 311-316.

[30] “The Alliance’s Operational Role in Peacekeeping: The Process of Bringing Peace to the Former Yugoslavia, Evolution of the Conflict,” NATO Handbook, 1998 edition. <www.nato.int/docu/handbook/ 1998/v080.htm>

[31] Borivoje M. Karapandzich, The Bloodiest Yugoslav Spring, 1945 – Tito’s Katyns and Gulags. [Jugoslovenskokrvavo prolece 1945] (New York: Carlton Press, 1980).





Tags: