ОПШТЕСТВЕНИОТ РАЗВИТОК ВО НЕСИГУРНИ УСЛОВИ: ПРЕДИЗВИКОТ НА ИНДИВИДУАЛИЗАЦИЈАТА
Николај Генов
Бугарска академија на науките
ОПШТЕСТВЕНИОТ РАЗВИТОК ВО НЕСИГУРНИ УСЛОВИ:
ПРЕДИЗВИКОТ НА ИНДИВИДУАЛИЗАЦИЈАТА
Дури и на прв поглед на пост-социјалистичките реалности во Источна Европа се препознава фактот дека брзата и долгосежна индивидуализација типично се случила таму на сметка на општото добро. Најимпресивен пример е грабежот на државната сопственост, која се имаше акумулирано по Втората светска војна. Несомнено државата не успева ефективно да раководи со продуктивните напори на индустриските општества што забрзано се дифернцираат. Заради тоа, претставувањето на пазарните механизми, како и денационализацијата, станаа неизбежни. Вистинскиот проблем е во начинот на сегашниот трансфер на државната сопственост во приватни раце. Често, тој настанал по скромна или речиси никаква компензација на општествената заедница што се должи на значителното ослабување на општествените институции кои не можеле да го контролираат процесот. Механизмите за извршување на трансферот по правило се различни и прилично ефективни. Тие почнуваат со легализирана продажба на државната сопственост со нереална снижена вредност на менаџерски тимови и потоа стигнуваат до бројни случаи на криминално ограбување. Всушност високата плима на криминалот е најдраматичната патологија на индивидуализацијата, која се манифестираше самата себеси во тек на трансформацијата.
Главниот фактор кој ги определува невообичаените облици на индивидуализацијата низ Источна Европа по 1989 е институционалната нестабилност којашто го обележува процесот на трансформацијата. Со ова најосновниот проблем на денешните општества во транзиција’ е високиот интензитет на објективен ризик и институционалната неспособност ефективно да раководат со него. Крајната ерозија на доверба во јавните институции е важен аспект на ситуацијата. Јавното мислење реагира складно со парализата на институциите, ова е нешто што е често искусено во првата половина на деведесеттите.>
Типичната индивидуална реакција ја зема формата на она што може да биде дефинирано како незаконско однесување. За тоа има бројни поводи и причини. Некои од нив, како светската економска рецесија на крајот на осумдесетите и почетокот на деведесеттите, се подеднакво објективни како и природните настани. Спротивно на овие, други се случуваат заради човечки грешки што во основа можеле да се избегнат, кои се должат на ненамерни случаи на давање совети и донесување одлуки. Ненадејната либерализација на домашните цени и на надворешната трговија во Полска, Бугарија и Русија беше типично водена од надежта дека биг бенг-от што ќе настане најбрзо ќе ги преуреди економските односи. Со ова се очекуваше да се ослободи индивидуална иницијатива и одговорност. Малку се размислуваше за пазарно-ориентиран банкарски систем којшто практично не постоеше и за стоковна берза, за осигурувањето, пензиските планови и одредби за невработеноста. Од друга страна реструктуирањето на индустријата како технолошки и пазарен приоритет, како и размислувањата за животната средина беа трајно одложени.
На полето на земјоделството деструктивните удари на неограничениот увоз на субвенционирани продукти од Европската Унија врз ниско продуктивното источно-европско земјоделство не беше предмет на претходни внимателни размислувања. Административното разлагање на земјоделските, кооперативните и државните фарми еволуираше во нелегална приватна експроприација и разграбување на нивните имоти. Очекувањата за брза ревитализација на приватното земјоделство со ислучок на полскиот случај, каде таа беше добро развиена во текот на претходните децении, беа нереалистични од самиот почеток. Постоеа неизбежни законски проблеми во врска со сопствеништвото над земјата. Достапната технологија и земјоделската инфраструктура беа наменети да служат на големо наменско производсво, а не за производство на мали парцели. Недостатокот на кредити и влијанието на голем број други организциски и културни фактори ги направи земјоделските реформи комплицирани и болни низ целиот регион. Така како индустријата, така и земјоделството станаа извор на невработеност.
Политичките реформи обично беа изведени во контекст на интензивна конфронтација и недостаток на консензус во врска со стратешките домашни и меѓународни проблеми. Со неколку исклучоци, Унгарија беше највпечатлива меѓу нив, имаше забележителни дисконтинуитети во политиката на владите во регионот што брзо се сменуваа. Дисфункционални односи меѓу државните институции станаа секојдневна нормална појава. Деморализирани од непромислените реорганизации со недостаток на контрола, како и од ниските примања, државните службеници на сите нивоа изгубија стимулација за добра административна работа. Корупцијата се појави како неизбежен резултат. Економската поларизација растеше брзо во услови на институционална нестабилност и намалување на бруто-домашниот производ. Заради рапидното осиромашување на широки слоеви на населението и слабеењето на државните институции, криминалот стана сеприсутна и вистинска опасност за сите.
Институционалната нестабилност и вредносно-нормативната несигурност имаат и ќе имаат долгорочно влијание врз економската ситуација во поголем слој на Источна Европа. Неповолниот институционален аранжман ќе продолжи да ја определува способноста на милионите соодветно да реагираат на новите појави на индивидуализацијата. Ова не треба да значи дека сеуште немало позитивни случувања во регионот, како што соопштуваат дел од анкетираните во испитувањата на јавното мислење. Еден број на новосоздадени можности типично се спомнуваат, посебно во Централна Европа. Меѓу нив се достапноста на стока и слободата на говорот, можноста да се патува, што обично се најчести. Но сепак јавноста е исто така свесна за заканите на невработувањето, осиромашувањето и криминалот. Општо сознание е дека за новите осиромашени групи промените резултираат во промената на областа за индивидуален развиток и реализација, во споредба со ситуацијата во текот на осумдесеттите. Во однос на патувањата во странство претходните ограничувања од домашната политика се заменети со финансиските и надворешните административни рестрикции, кои се не помалку ефективни. Шенгенската спогодба ја симболизира промената на видот на ограничувањето на слободното движење на луѓе, како бариера која и се спротивставува на индивидуализацијата во регионот. Некои од овие контроверзни промени се одразуваат во испитувањата направени во Полска (Продавници полни со стока, 1999):
Табела 1
The most important changes for better in Poland during the last decade (in %)
Најважните промени за Полска во текот на последната деценија(во %)
Некои од отворањата и затворањата на можностите со кои се соочуваат граѓаните на Источна Европа се резултат на меѓународните односи на прво место. Ова се однесува, на пример, на миграцијата на работната сила во странство и добивањето визи. Домашниот развој и различните предметите ги одредуваат другите. За да почнеме со разгледување на последниот тип отворања и затворања кои се соочуваат со индивидуализацијата, мора да се потсетиме на дебатите од раните деведесетти. Во ова време, насекаде можеше да се слушне едно ветување: земјите од регионот требаше да поминат од ситуација во која сите беа подеднакво сиромашни, во ситуација каде сите ќе бидат добро згрижени, но без квалификативот подеднакво. На крајот на деценијата, големото мнозинство на населението имаше понизок животен стандард. Ова може јасно да се види од процентот на трошоците за храна во однос на вкупните трошоци. Високата пропорција на трошоците за храна е јасен показател на нивото на осиромашување, низ кое помина регионот во текот на деведесеттите, со некои исклучоци(Извештај за човечкиот развој за Средна и Источна Европа 1999:21).
Општествените ефекти на оваа тенденција се прецизно забележани во испитувањата на јавното мислење. Проучувањата покажуваат едно скалило на проценки на конечната состојба на домаќинства, кои се карактеристични за земји со масовна сиромаштија, сериозни економски проблеми и значителни разлики во заработувачката. Дополнително, земајќи ги во предвид скорешните економски ограничувања со кои се соочуваат индивидуите и домаќинствата, типичната проценка на животот во деведесеттите и доцните осумдесетти не и оди во прилог на денешната ситуација. Критичкиот поглед е посебно силен во селата и помалите градови.
Проблемот има јасна и практична вредност во контекст на брзата економска диференцијација. Се повеќе и повеќе е важно да се испитува интензитетот со кој процесот ја оддалечува нацијата од егалитарните обрасци на славниот шведски модел кон латино-американските обрасци на остра поларизација на заработувачката и богатството. Ова општо прашање станува наеднаш важно за секојдневниот живот кога е ставено во контекст на невработеноста како голем проблем со којшто се соочува индивидуализацијата во Источна Европа. Како резултат на депресивниот економски развиток, пропорцијата на вработено население значително се намали низ регионот. Се појави голема маса невработени и таа ќе остане и во догледна иднина. Податоците на некои од земјите наследнички на бившиот Советски Сојуз се збунувачки, бидејќи не го опфаќаат високиот процент на скриена невработеност (Економски преглед на Европа, 1999:69):
Регистрирана невработеност во Источна Европа, крај на 1998
Registered unemployment in Eastern Europe, end of 1998
|
|
* September, 1997
Уште еден важен аспект на истиот проблем е брзото зголемување и стабилизацијата на долгорочната невработеност во Источна Европа. Таа има достигнато ниво кое е над или блиску до нивото на долгорочна невработеност во земјите на Западна Европа, каде што таа е висока и стагнира (Показатели за развојот во светот, 1998:26):
Долгорочно невработени како процент од вкупниот број невработени, 1992-1996
Long-ram unemployed as % of the total unemployed, 1992-1996
Иако скорешните случувања секако не се охрабрувачки, нивото на невработеност помеѓу 3 и 5 % во првата половина на деведесеттите дава причина да се зборува за чудо во чешката политика на вработување. Земајќи го предвид брзото зголемување на невработеноста во другите источно-европски земји по 1989, се поставува прашањето: како било возможно да се избегне шокот на невработеноста токму во Чешката Република. Одговорот не може да не биде комплициран. Може да се почне со фактот дека Прага е географски лоцирана поблиску до Запад отколку Виена. Оваа локација е погодна, во смисла на разликите во време и простор, во поделбата на работната сила и трговијата со земјите од Европската заедница, откога ова стана приоритет за сите источни земји. Технолошките и организациски традиции на добро образуваната и обучена чешка работна сила исто така придонесе за успехот на активната политика на вработување што беше спроведувана во оваа земја(Иллнер, 1998,: 153). Геостратешките размислувања на странските инвеститори сигурно придонесоа за овој успех. Годините кои доаѓаат ќе покажат дали перцепцијата за невработеноста како ризик од низок интензитет во чешкото општество може да се одржи, бидејќи некои клучни чекори во реструктуирањето на економијата на земјата се уште се во тек. Како и да е, до сега јавната перцепција на невработеноста во Чешката Република, од една страна и во Полска и Бугарија, од друга страна, е значително различна.
Оваа тема добива нови димензии кога е разгледуване на примероци на долгорочна невработеност во контекст на меѓудржавна споредба: во Перник (Бугарија, блиску до Софија), Лоѓ (Полска, блиску до Варшава) и Твер (Русија, блиску до Москва). Кога биле прашани за одговорноста за нивната невработеност, претставниците на трите нации дале прилично различни одговори, што имплицира разделени погледи за односот помеѓу индивидуата и општеството ( Генов, 1999: 12ф.):
Табела 6
Дали невработеноста е потфрлување претежно на невработената личност или пак на општеството?
(Долгорочна невработеност во Бугарија, Полска и Русија во%)
Is unemployment mainly a failure of the unemployed person, or of society?
(Long-term unemployed in Bulgaria, Poland and Russia, in %)
Pernik | Lodz | Tver | ||
Mainly a failure of the person | 1 | 2.9 | 4.9 | 2.3 |
2 | 4.9 | 5.9 | 3.0 | |
3 | 23.9 | 40.7 | 19.7 | |
4 | 26.8 | 20.7 | 20.3 | |
Mainly a failure of society | 5 | 41.5 | 27.2 | 54.0 |
Податоците покажуваат значително распрснување на индивидуализацијата и социјализацијата на одговорноста за невработеноста. Невработените во Лоѓ го нагласуваа потфрлањето како поделена грешка на индивидуата и општеството. Невработените во Твер кривицата ја ставаат врз општеството пред се. Невработените во Перник не се толку категорични во врска со вината на општеството како нивните руски сопарници, но се поблиску до нивната проценка отколку до поумерените погледи на невработените од Полска.
Овие основни ставови нудат добра почетна точка за разбирање на личните активности за справување со неизвесната ситуација на невработеноста во Перник, Лоѓ и Твер. Веќе стабилизираната полска економија може да ги обезбеди ресурсите потребни за активни мерки против невработеноста. Меѓу овие мерки, повтореното обучување и преобучување се најпопуларни и најефективни. Очигледно е од одговорите дека веќе постои функционален систем на курсеви за обучување за невработените во Полска.
Табела7
Активности на долгорочно невработените во текот на последните 12 месеци. (Да одговори, во %)
Activities of the long-term unemployed during the last 12 months
(”Yes” answers, in %)
Pernik | Lodz | Tver | |
Attended training courses | 4.2 | 34.1 | 5.7 |
Established a private firm | 0.7 | 5.2 | 8.0 |
Searched for a jobs abroad | 5.6 | 2.6 | 8.0 |
Едно аргументирано објаснување за неповолната ситуација со обучувањето и преобучувањето на невработените во Твер и Перник е дека локалните социјални службеници немаат доволно финансиски средства да ги организираат курсевите. Проблемот е покомплициран заради тоа што нема реалистични изгледи за алтернативно вработување во двете општини во сегашно време. Па така, за каква работа да се обучува? Земајќи ги предвид големата желба и високите очекувања на долгорочно невработените, има сериозни причини да се очекуваат тензии. Поспецифично, тоа е желбата да се почне потрага за работа во соседните земји, дури и во случај кога само дел од невработените ќе превземат практични чекори да им се оствари желбата. Законските канали за постигнување прекугранична подвижност на работната сила се поприлично ограничени во сегашно време. Заради тоа може да се очекува притисок врз законскиот систем, предизвикан од напорите да се воспостават и одржат нелегални канали за прекугранична миграција на работната сила.
Земајќи ја во предвид позадината на желби и копнежи, кои не можат да бидат материјализирани заради законски, организациски и финансиски препреки, акумулацијата на потенцијалот за можни протести е неизбежна:
Дали би учествувале во протести и демонстрации?(во %)
Would you participate in protests and demonstrations? (in %)
Pernik | Lodz | Tver | |
No | 37.3 | 43.9 | 55.3 |
Probably no | 8.5 | 23.3 | 19.7 |
Probably yes | 18.0 | 10.8 | 11.7 |
Yes | 31.7 | 14.8 | 7.3 |
Not sure | 4.6 | 7.2 | 6.0 |
Апатијата на руските невработени е изненадувачки резултат на споредбата. Земајќи ја предвид неизвесната материјална ситуација, единственото објаснување може да биде чувството на безнадежност. Како апатијата, така и безнадежноста се потенцијално деструктивни во лични и општествена смисла. Ситуацијата со невработените во Полска е различна. Тие веќе се потпираат на функционални општествени институции кои се способни да ги подржат. Шокот од невработеноста и од осиромашувањето како последица, се очигледно најсилни во Перник. Некогаш тоа бил просперитетен регион, кој се потпирал на металургија, машиноградба и јагленокопи. Денес таа структурата на локалната економија ги предодредува изгледите за длабока депресија. Гледајќи ги финансиски слабите државни институции и недостатокот на можности за алтернативно вработување, може да се очекуваат трајни општествени тензии во регионот, кои се должат на долгорочната невработеност.
Со тоа високата и долгорочна невработеност негативно влијае на националната економија и политика до степен да стане деструктивен фактор во зависност од насоката. Понатаму, високата и трајна невработеност негативно влијае на квалитетот на одлуките во сите аспекти на општествениот живот. Заради ова ефективното справување со невработеноста е важна за примена на одлуки од висок квалитет во општествата во трансформација. Всушност квалитетот за справување со невработеноста во Источна Европа стана клучен општествен проблем за голем слој граѓани и тој ќе трае со сите економски, политички и културни последици за индивидуите и за земјите, за регионот и за Европа.
Главниот проблем се однесува на поприлично ограничениот простор за лични одлуки во условите на економска рецесија. Несомнено, има зголемување на активностите под притисокот на тешките околности. Образецот за лични стратегии за економска иницијатива е веќе добро воспоставен. Потпирањето на неделна плата доминира во различни форми, без оглед дали тоа било прво или второ вработување. Отворањето можности за приватен бизнис подеднакво ги пронајде своите следбеници. Тешко е да се пресуди за вистинската активност на милионите новоосновани фирми, бидејќи статистичките податоци покажуваат дека повеќето од нив воопшто не извршуваат никаква економска активност. Прометот со имот зазема прилично ограничен дел на остварената активност. Во текот на трансформацијата, промената во инструментални првенства за решавање лични проблеми најверојатно ќе се појави во овој правец. Интензитетот на процесот зависи од различен број домашни и интернационални можности и препреки. Такви се, на пример, развивањето вистински пазар за недвижности со поинтензивната подвижност на работната сила.
Спротивно на позадината на проблемите од високо ниво, со кои се соочуват источно-европејците во секојдневниот живот, смалувањето на аспирациите во нивните лични стратегии е од првична важност за дијагнозата на тековната ситуација. Во анкетата за личните стратегии постои едноставно желбата да се преживее. Во другата анкета постои и копнежот да се постигнат значителни резултати претставени како пари, моќ и престиж. Во контекст на кризата масовните амбиции се минимализирани. Скоро секој втор граѓанин во Бугарија се потпира на стратегијата на преживување. Ова помалку важи за големите градови каде населението има значително повисоко ниво на образование во споредба со просечното ниво на образование во остатокот на земјата. Старосната структура исто така влијае на животните стратегии. Тие покажуваат негативни тенденции во руралните области заради главно постарото население таму. Важен фактор кој ги определува разликите е исто така достапноста на повеќе можности за лична иницијатива и реализација во големите градови, а посебно во главниот град. И покрај овие разлики, целосната слика открива значителни ограничувања на аспирациите како отсликување на ограничените вистински можности за избор и самореализација. Ова е очигледно ако се земат предвид долгорочните деструктивни последици на личната дезориентација - посебно од аспект на планирање на времето. Кумулативните податоци на ориентацијата на возрасните Унгарци покажува нагло растење на незаконските тенденции по 1989, во смисла на зголемувањето на непредвидливоста и чувството за немање иднина (Колоши, Тот и Вуковик, 1999):
Степен на согласност со изјавата Човек живее од рака до уста; нема смисла да се прават планови за иднината.’ (во %)
Degree of agreement with the statement “One lives from hand to mouth;
there is no point in making plans for the future.” (in %)
1978 | 1990 | 1994 | |
Fully agree | 14 | 48 | 46 |
Partly agree | 17 | 35 | 34 |
Disagree | 69 | 17 | 20 |
TOTAL | 100 | 100 | 100 |
Намалувањето на личните временски перспективи не е изолиран унгарски феномен. Временскиот хоризонт за лично планирање се смалил значително насекаде во Источна Европа. Дополнително намалената временска перспектива самата се стабилизираше кај мнозинството на источно-европската популација. Бугарија е еден од примерите кои ова го покажуваат. Во критичните години 1996 и 1997, половина од гласачкото население на земјата се изјаснило за ‘ен за ден временски хоризонт на лична ориентација и одлуки, што е типично за ситуација во која доминира едноставната желба да се преживее:
Табела 10
Временска перспектива на лично планирање (Национални испитувања во Бугарија, проценти)
Time perspective of personal planning (National surveys in Bulgaria, percent) 2
Тесниот хоризонт на лично планирање е во остра контрадикција со потребата за влада со осет за личниот развиток и реализација. Несомнено, еманципацијата од рестриктивната и официјална еднопартиска државна идеологија наметната на индивидуите како еволуционо достигнување. Како и да е, сегашното ниво на висока лична дезориентација и несигурност покажува дека источно-европските општествени трансформации вклучуваат и едно интензивно прекинување на врските во заедницата. Се поставува прашањето: Дали е возможно да се воспостави и одржи општествен поредок врз основа на тековната индивидуализација во источно-европскиот регион? Одговорот се уште не е јасен. Попрецизно, се уште не постои јасно согледување за механизмите кои ќе го претстават и заштитат општото добро заедно со подршката пружена на индивидуализацијата. Потребата за комунитарна реинтеграција на националните општества е јасно видлива. Имајќи го на ум искуството од претходните децении, од витално значење е да се постигне оваа интеграција, без да се враќаме на авторитативните политички и културни обрасци на интегрирање.
Заклучокот што може да биде извлечен од анализата на индивидуализацијата на Источна Европа е прилично контроверзен. Наместо посакуваната брза експанзија на можности за избор, поставени пред секоја индивидуа, кај мнозинството источно-европејци овие можности се намалени. Наместо силно посакуваното зголемување на материјалниот стандард, секојдневниот живот се одликува со економска несигурност и одрекнувања. Наместо задоволство од ефективноста на демократските политички институции, големи групи на популацијата патат од нивната дестабилизација и криминалот како нивна последица. Наместо услови за еден нов и високо одржан квалитет на личен развиток, во многу случаи проблемите на минатите години доведоа до лична и групна деградација и уништување на човечкиот капитал на нациите. Оваа појава нуди изобилни докази кои ја подржуваат мислата дека правата, кои наметнуваат барања на членовите на заедницата, можат ефективно да се одржуваат само доколку основните потреби на членовите на таа заедница се задоволени (Етзиони, 1996:8).
Гледано од друг агол, големо мноштво источно-европејци се докажаа неподготвени да се соочат со предизвикот на транзицијата. Не е чудно, бидејќи транзицијата се врши од општество со ограничени, но и јасно формулирани можности за избор, во општество, во кое ориентацијата, изборот и личната реализација бараат големи лични напори во услови на нејасни нормативни одредби. Ова е типична ситуација во која моралните и институционалните рамки на животот во заедница имаат намалено значење. Користејќи ја сегашната терминологија, не западно-европското или северно-американското, туку источно-европското општество е општество на ризик како таков. Ова е лош повик за нивното учество во глобалниот натпревар. Широко е прифатено дека националниот развој, кој фрла значителен дел од населението под стандардите типични за индустриското општество, мора да се справи со штетните ефекти на националната конкурентска способност на интернационално ниво.
Напредните западно-европски и северно-американски општества се способни да се справат со предизвикот на прогресивната индивидуализација на општествениот живот, бидејќи тие имаат развиено организациска интеграција во сите поголеми сфери на делување и меѓу нив. Понатаму, и покрај либералната реторика , значителни напори се вложени во оживување и засилување на различните формации од тип
-заедница, односно групи и движења со афектно поврзани односи меѓу членовите, со заедничка култура и реагирање на потребите на членовите (Етзиони, 1996: 5). Прифатено е дека заедницата, како што е дефинирана од Фердинанд Тониес, не мора да припаѓа само на традиционалното минато. Врските во заедницата се драгоцени начини на општествена интеграција, дури и во најнапредните општества кои имаат добро елаборирани механизми на организациска диференцијација и интеграција. Заради тоа, главниот резултат на дебатите што траат цел век меѓу поборниците на заедницата и слободарите на оваа тема може да бидет сведен на: За стабилна индивидуализација е потребна лична автономија и креативност во контекст на добро интегрирани организации. За стабилна општествена интеграција е потребна неформалност, чувствителни односи и човечки допир на формациите од тип -заедница.
Земајќи го искуството предвид, може да се генерализира дека нзаконските појави во текот на забрзаната индивидуализација во Источна Европа имаат неколку битни решавачки фактори. Некои од овие појави се должат на нестабилноста на формалните организации, бидејќи организациските структури во регионот се менуваат темелно и симултано во економијата, политиката и културата во регионот. Беззаконието е исто така предизвикано од интензивната неизвесност дали индивидуата припаѓа на формациите од тип -заедница (доброволни асоцијации, мрежи на пријателски односи, чувствителни врски до работните места, населби итн.) во услови на тековната брза редифиниција на афилијациите. Дополнително и спротивно на типичната источно-европска претпоставка на еден општествен поредок, кон кој индивидуите ги ориентираат нивните вкусови, одлуки и дејствија, сегашната тековна ситуација е јасно различна. Во услови на трансформација има многу конкурентски организации и заедници кон кои секој поединец може да ги ориентира неговите/нејзините вкусови, одлуки и дејствија. Источноевропејците брзо учат дека интеграцијата и функционирањето на организациите и заедниците може или да ги зацврстат обете или да ги попречат, дека тензиите и конфликтите помеѓу организациите и заедниците се неизбежни и може да се интензивираат.
Кои и да се поводите и причините за издигнувањето на индивидуализацијата во Источна Европа на сметка на функционалната интеграција и врски во заедницата, очигледно е дека за раководењето со овој фактор на ризик ќе биде потребен подолг период. На површината, она со кое прво треба да се справиме е проблемот на вредносно-нормативната интеграција на заедниците. Под дадените историски услови, само повторното обновување на организационата интеграција на источно-европските општества може да донесе долгорочни подобрувања на врските во заедницата во регионот. Во меѓувреме ќе претстојат многу интригантни појави во полето на индивидуализацијата. Најинтересната е најверојатно поврзана со можноста да се мобилизираат индивидуи, заедници, организации и национални општества за презервација и развиток на општото добро. Всушност изгледа дека можноста за интеграција преку мобилизација на раководењето со ризици најмногу ветува за да се заштитат индивидуализацијата, заедниците и организациите од патологии и беззаконие.
____________________________________________
БЕЛЕШКИ[Врати се]
Компаративната студија беше извршена врз 300 долгорочно невработени во секој од трите града Перник (блиску до Софија), Лоѓ (блиску до Варшава) и Твер (блиску до Москва) во декември 1998 и јануари 1999, со примена на стандардизирано интервју. Студијата е дел од компаративниот проект на УНЕСКО-МОСТ Лични и институционални стратегии за справување со трансформационите ризици во Централна и Источна Европа, којшто го координира авторот.
Испитувањата и податоците за бугарското општество потекнуваат од националните испитувања на Трансформационите ризициизвршени од Бугарската академија на науките, од тимот раководен од авторот. Испитувањата во ноември 1999 се извршени преку домашни интервјуа "лице во лице" со 1180 испитаници.
____________________________________________
БИБЛИОГРАФИЈА[Врати се]
ЕКОНОМСКО ИСПИТУВАЊЕ НА ЕВРОПА (1999) Њујорк и Женева: Обединети Нации, бр.2;
ИЗВЕШТАЈ ЗА ЧОВЕЧКИОТ РАЗВИТОК ЗА ЦЕНТРАЛНА И ИСТОЧНА ЕВРОПА и ЗНД 1999 (1999) Њујорк:УНДП;
ПОКАЗАТЕЛИ ЗА РАЗВИТОКОТ НА СВЕТОТ (1998) Вашингтон: Светска Банка.
____________________________________________
БИОГРАФИЈА[Back to top]
Николај Генов е професор по социологија И директор на одделот за глобален и регионален развој. Тој истражува во полето на социолошката теорија, социјалните промени, перцепции, предпоставки И управување со социјалниот ризик итн. Тој е автор И едитор на 32 книги И околу 200 написи, објавени во 23 земји. Негови главни публикации се Рационалноста И социологијата, Националната традиција во социологијата, Социологија, Управувајки нсо трансформацијата во Истоцна Европа итн