Политичка Фотографија !? ... во Македонија
Тешко е да се зборува за политичка фотографија. Всушност тешко е да се зборува дури и за терминот фотографија во Македонија.-А, зошто ? Од една многу едноставна причина: Во Македонија нема школо за фотографија. Или да прецизирам (на некој начин): Не постојат едуцирани фотографски кадри .НА Македониија.Можеби дојденци? И тука може да се стави точка на текстот . Крај !
Сепак, можеме да зборуваме за одреден вид на фотографија, како дел од новинаркската фотографија, која несвесно, но тенденциозно полека ја добива класификацијата -политичка фотографија.
НЕ постои термин Политичка фотографија иако се по агресивно си го зема своето место како таква.Во вакво општество, од неполни два милиона козументи и преку стотина медиуми , Македонија дефинитвно може да се смета како место на зачеток на политичката фотографија. Зошто сите од овие два милиона народ едноставно се замајана публика која без здив голта се што ке и биде понудено.Конзументи -едностасвно ги има! Затоа што социјалниот статус,немање пари за свој избор на забава,за избор на трошње на слободното време И не само за за најобичниот човек,се наметнува телевизијата како единствена бесплатана И вистинска забава за Македонија . Едноставно дома, на единствениот телевизор десетици ТВ станици се борат за превласт во гледаност преку единствената најпопуларна емисија -ВЕСТИ !
Многу е поизразена ситуацијата кај печатените трансмитери. Статистички, во Македонија најверојатно излегува дека на секој педесет илјадити жител има по еден печатен медиј. Вистински хаос.
Што се случуваше во печатените медиуми пред да се појави шареноликоста и многутиражноста на страниците? Постоеа 5 весници, и еден магазин! Потребата за фотографи беше мала или воопшто не постоеше. Квантитетот како предуслов на квалитетот денес, и тука не е баш некое правило. Особено не во Македонија каде што инцидентот е правило, а правилото исклучок.
Меѓутоа, мултиплицирањето на весниците , мега магазините, доведедува до побарувачка налугје со фото апарати>.Луѓе кои знаат да сликаат! И од таму , поради <големото> фотографско. блиско минато,незаинтересираност а за каква било индустриска и едукациска дејност во областа на фотографијата, се случи вистински недостаток на едуцирани фотографи ,( читај професионалци ) . Како последица ни се случи , луѓе кои имаа фото апарати и кои знаеа да ги користат истите, беа едноставно купувани од уредниците. Од обични свадбарски<сликари кажано според нели стручниот народски вокабулар.
Работите драстично се сменија со почетокот на Косово,со Бегалската криза. Тогаш во Македонија ,како што бива дојдоа буквално сите медими .Тешката новинараска и фототрепортерска артилерија од целиот свет! За прв пат, нашите професионалци имаа контакт со вистинските Видоа, како се користат апаратите, како се трошат филмовите, како се развиваат , во какви коли се возат, какви торби носат, како се јавуваат по телефон, како се обракаат. Директен пренос со фотографија.... Шок!
А потоа и костатација,ние не сме биле единствените и дефинитно многу далеку па дури и од добрите!
Значи во историско време, фотографиите минуваа покрај нас, а ние гледавме како други ги снимаат и им завидувавме.Да точно е , учевме!
Голем исчекор, направи појавувањето на дневниот весник ВЕСТ. Додека другите печатени медиуми имаа по еден (често ниту еден) фотограф, Вест финансиски инјектирани, вработи дури четворица луѓе кои што сепак знаеја како да користат фото апарати. Обезбедувањето на софистицирана фото опрема, го зголеми просторот за рапидно развивање на новинската фотографија. На еден вид на новинска фотографија.
Но каква и да е , новинската фотографија во Македонија доживува девијации. За ова да стане појасно ќе мора да се дефинира терминот новинска фотографија: Област од фотографијата која се занимава со снимање на настани и случувања од одредена важност, со цел да се презентираат и објаснат истие, често проследена со пишан текст кој оди заедно со фотографијата. Новинската фотографија тука се дели на два поглавни правци: Социјално-Документарна фотографија (позната како Лајф фотографија), и прес фотографијата!
Социјално- документаранта фотографија е начин на истражување на една одредена тема низ фото-графичка техника. На темата се посветува време, се посветува материјал, пари, опрема, чувства - често и самиот себе. Познати се случаи кои на своите задачи, проекти (ассигментс) трошеле и по неколку години од својот живот. Јуџин В. Смит (Магнум Фотос) кој две години ги помина на својот Питсбург Проект, спаѓа во едно од најбрилијантните документарни дела направени на сите времиња. Џејмс Најкуи , кој на секој свој проект поминува не помалку од една година се смета за најдобриот воен фотограф по Роберт Капа. Нен Голдин помина 10 години работејки на својата Балада За Сексуална Зависност, дело кое е едно од најбитните остварувања на современата документарна фотографија на крајот на 20 век. Дело кое сеуште се работи.
Прес фотографијата е фотографија наменета за печатените дневни информативни сервиси. Нема долгогодишна истрајност и посветеност, нема истражување, нема размислување, нема длабочина. Има само една фотографија која што опишува еден настан, најчесто врзан за специфичен ден. Толку.
Со безобразно ароганта сигурност може да се тврди дека во Македонија нема Новинарска Фотографија. Има само прес фотографија. Малото подрачје со уште помал број на луѓе, на кои им треба многу визи, и уште повеќе пари за да прават нешто повеќе во својот живот, поради својата гео-политичко-стратешка-економска положба осудени се да бидат професионалци во полето за кое што не треба да се интересираат- политика!
Интересот ги продава весниците. Кој има повеќе политика, повеќе пари ќе заработи. Фотографите фотографираат (сликаат) исклучиво дневно политички настани, ракувања, потпишувања, прес-конференции, дневни шепурења, фаци, гостувања, испраќања, бркања и брукања. Истите фотографии на истите настани со истите фаци. Сето тоа и сите тие поврзани исклучиво со ПОЛИТИКАТА. Колку за почеток:
Дами и Господа добредојдовте во земјата на политичката фотографија.