Mirjana Maleska
Full Professor at the Doctoral School of Political Science, University “Ss. Cyril and Methodius”, Skopje.

Косово и Македонија

Сите добро знаеме, дека големото мнозинство Македонци, го сметааа Охридскиот договор, 2001г. за непаведен акт на насилство на етничките Албанци, помогнати од “меѓународната заедница” против македонската национална држава и против интересите на македонскиот народ.

Дали нашто се изменило одтогаш? ДА. Чувството на навреда, понижување, изгубено достоинство, постепено се менува кон разбирање, па дури , иако засега ретко, кон отворено прифаќање. Дочекав, после повеќе од десет години, уште некој да каже дека “консоционалната демократија е нашата иднина”. Што е исто така важно, ова не беше речено во некој многу тесен круг на истомисленици, туку се случи на собир на про-владини интелектуалци и политички активисти.

Меѓутоа “консоционалната демократија” не е идеална. Таа честопати е под удар на критиката бидејќи се гради врз предпоставка дека политичките елити на етничките заедници во мулти-етничките држави кои меѓусебе се договараат,навистина сакаат да градат ваква држава. Ако тоа го пренесеме кај нас и го формулираме со политички речник “напорите кон една нова демократска стратегија во Македонија ке бидат успешни се дотогаш, додека страните се вистински приврзани и се држат до консоционалните договор”

Што ако политичките елити не сакаат? Што ако тие не се “вистински приврзени” кон договорот?

Компаративните истражувањата на повеќе автори на слични воени кризи како нашата, покажуваат дека “главната пречка за спровдување на мировните договори по внатрешни насилни конфликти, лежи повеќе во одбивањето, отколку во искреноста на владата да го спроведе договореното,како честопати и во неспособноста на државните институции тоа да го направат, како што треба”.

Има повеќе причини како објаснување:меѓусебна недоверба на довчерашните противници во конфликтот а денес, коалициони партнери во власта; притисок на сеуште радикализираното јавно мислење кое соработката со некогашните “терористи” ја смета за “издајство на националната кауза”;страв дека ќе се изгубат изборите заради направениот компромис итн.

Како тогаш, врз кои основи да се надмина оваа состојба и да се изгради поголема општествена кохезија?

Со секојдневна акомодација.

Акомодацијата на повеќе етнички заедници во една држава звучи безболно само во академските хартии и дискусии Во животот, како што гледаме тоа е болен процес:една избрзана или погрешна акција во Брест, ја доведе владата на раб на распаѓање; една избрзана или погрешна одлука на министерот за образование, го поремети целиот образовен процес: учениците од различни националности се плашат едни од други и одбиваат да учат во исти училишни згради; За жал тоа е, исто така, дел од процесот на акомодација.

Оти е тежок и боли, тој можеби ќе не научи дека ниту една страна не може да добие нешто за сметка на другата,без сите ние заедно да не платиме висока цена за тоа.Единствениот начин за превенција на конфликтот е да се гради демократска држава, каде етничките групи нема да ја зголемуваат сопствената безбедност, политичката и економска предност за сметка на безбедноста, политичките и економска предност на другите групи во општеството.

Тоа е доста сложено балансирање и за позрели демократи а треба сега да го изведе една слаба(во смисла на демократски институции и нивно функционирање) држава.

Во Охридскиот договор е вграден механизамот со кој треба да се постигне меѓуетничко балансирање и акомодација-тоа е консензусот!

Но тоа сепак не е волшебство: консензусот може да води кон поголема кохезија и интеграција, но може исто така да води и кон дезинтеграција а за тоа има примери во историјата на слични конфликти. Она што Хоровиц, Липхарт и други приврзеници на консоционалната демократија го подвлекуваат е потребата одумерено политички говор и однесување на сите сите страни во овој процес, како на власта, така и на опозицијата. Интелектуалците и новинарите исто така носат голема одговорност. Малцинството не смее да го злоупотребо своето новостекнато право на вето а мнозинството не смее да го опструира мировниот процес. Мнозинството треба да разбере и да прифати дека изворот на вакви конфлики обично лежи во перманентна дискриминација на малцинството. Опструкција може да бидат дури и предлозите, кои се актуелни меѓу интелектуалците Македонци како рефлекс на престојните преговори за Косово, дека Македонија треба да оди чекор понатаму од она што е договорено: да се фадерализира или кантонизира. А ние уште не сме виделе како ќе функционира локалната самоуправа!

Но се поставува едно важно прашање: ако бевме ние умерени, зарем ќе дојдеше до конфликт и до потребата од Охридскиот договор?

Да кажам нешто за Косово и за причините во овој број на “Нова Балканска политика” да бидат посветени на Косово и неговиот иден статус. Пријатели во регионот се потребни. Среќни соседи се добри соседи, да го цитирам Амбасадорот Бигман, кој го напиша ова за Косово, но може дури уште повеќе да се однесува на Македонија. Ние сме еднинствената мултиетничка држава на Балканот која функционира на пинцип на “поделба на власта и консензус” и на која всушност и е потребно големо разбирање и подршка од меѓународната заедница и соседите. Демократскиот процес на меѓуетничка акомодација, ке се одвива низ екцесни ситуации, како што веројатно ќе има и кризи. Но, ако успееме, да не ја исцрпиме сета енергија и време во меѓусебно непријателство, па дури и омраза, ќе можеме побргу да се свртиме кон иднината и да го подобриме нашиот живот.

Доколу се увериме дека можеме заеднички д живееме и да се управуваме на демократски начин, Косово и неговиот идеан статус можеби нема да биде толкава закана за Македонија, како што сега се чини.

Со изборот на текстови со различни точки на гледање “Нова балканска политика” со овој број прави чекор во таа насока.