Mirjana Maleska
Full Professor at the Doctoral School of Political Science, University “Ss. Cyril and Methodius”, Skopje.

КОМЕНТАР НА УРЕДНИКОТ ЗА МАКЕДОНСКОТО ПРАШАЊЕ МЕЃУ СКОПЈЕ И АТИНА

 

Поканив повеќе истакнати луѓе од академската средина да ги изложат своите гледање за неверојатниот спор што се води помеѓу Македонија и Грција, околу името на државата-Македонија. Се надевав на непристрасна, објективна анализа за корените на спорот, неговата историја од 1991 до денес и каква е перспективата да се најде решение. Некои ветија дека ќе напишат, но не исполнија. Други, наводно биле зафатени. Се чини дека на мнозина не им се пишува на оваа тема. Или пак воопшто не им се пишува..!?

<> Во Македонија не е популарно јавно да се изнесе мислење за овој спор, кое не е во согласност со со сегашната политика на владата на непопуштање. Најголемиот број од медиумите ќе го игнорира таквото мислење, или ќе го интерпретира на свој начин. Предпоставувам, дека во Грција е слично или полошо... Против основачот и предедателот на грчкиот Хелсиншки комитет, Панајотис Димитрас е покрената истрага за велепредавство, затоа што застанал во одбрана на правата на македонското и турското малцинство. Тоа е застрашувачки..

 

Така, за темата Македонско-Грчкиот спор за името Македонија, собрав вкупно три прилози: од Никос Диму(Грција),Панајотис Димитрас(Грција) и Денко Малески(Македонија). Им благодарам, особено на Г-ин Никос Диму и Г-ин Панајотис Димитрас, што имаа доволно доблест да одговорат, макар кратко на нашите прашања. Сите три текста имаат нешто заедничко, што сакам силно да го афирмирам: критика на национализмот, чиј и да е, кој оневозможува да се нормализираат односите помеѓу двете земји , за да заживееме како што доликува на добри соседи.

Г-ин Никос Диму е во право кога вели дека грчката политика, од 1991 до денес, отстапила од своите екстремни позиции. Компромисот што Грција го направила е во нејзината согласност во сложеното име на соседната држава да стои зборот Македонија, што не беше случај во 1991. Би додала дека на сметка на тоа, денес ја крева цената за изнудената отстапка. Притисокот е сега, во сојуз со Бугарите, кои треба да се придибијат на своја страна, да се редефинира етничкиот идентитет на северните соседи , најдобро во насока во која води текстот на Д-р Евангелос Кофос, објавен во ЕЛИАМЕР,3/2009. Државата да го смени името за внатрешна и надворешна употреба во Вардарска Македонија(Vardar Macedonia) или “уште подобро”, иако не гледам принципиелно објаснување зото е “уште подобро”, во Vardar Makedonija”; жителите од словенско потеклоо би се викале Славо-Македонци или би се викале, како што сами се викаат на локалниот јазик Makedontsi(именка) и Мakedonski(придавка). Би биле пренесени во англискиот и другите јазици на не-преведлива латиница(на пример: The Makedontsi immigrated to the USA..The Makedonski language…etc.)

(www.eliamep.gr/en/eliamepthesis/)

Тешко е да се предподтави дека било која власт во Скопје, а особено оваа која кокетира со национализмот, ќе влезе во вакви проширени преговори , бидејки дискусијата околу идентитетот на една млада нација, која неодамна едвај се справи со етнички вооружен конфликт, може многу лесно да ја разбие ионака слабата мулти- национална кохезија и да ги раскара меѓусебе граѓаните. Можеби грчката политика не го сака тоа (иако човек не може да биде сигурен), но политиката која се темели пред се на сила, може лесно да предизвика дестабилизација на Македонија . Преговорите влегоа во ќорсокак. Априлските избори за председател на државата , на еден безбоен љубител на антика, чиј највисок квалитет е блискост со премиерот, беше манифестација на акламативна подршка на граѓаните на политиката на непопуштање, што ја води Н. Груевски. На неверување на оние граѓани кои задржаа здрав разум, на централниот плоштад во Скопје, наскоро ќе биде поставен импозантен споменик на Александар Македонски, во висина од 22 метри. Излезе дека она за што со месеци се шушкаше е вистина. Според изјавата на градоначалникот на општина Центар, споменикот веќе се лие во Италија.

Мирјана Малеска, главен уредник