Antoan PARVANOV
Bulgaria, Sofia

Аспекти на стабилност и безбедност во Југоисточна Европа на крајот на 1990-тите

 

Во последната декада на 20.век во балканскиот регион и пошироко во Југо-Источна Европа еден број на држави со стари традиции и некои нови кои настанаа со процесот на трансформација влегоа во повратна, историски одлучна фаза во својот цивилизациски развој. (1) Картактеристичните параметри се:

  • извонреден динамизам, нестабилиност и контрадикторни процеси, случувања и феномени;
  • забележителни и периодични етничко-малцински, религиозни, територијални и други проблеми и противречности кои имаа негативно влијание врз општата стабилност во регионот и во взаемните односи меѓу балканските земји; (2)
  • неравноправност кај земјите од регионот во однос на гаранциите за нивната национална безбедност во зависност од тоа дали се членки на европските и евро-атлантските економски и политички структури и организации или не;
  • нерамнотежа во нивното наоружување и оружени сили како резултат на акумулираните разлики во воените и економски потенцијали на државите во регионот и стариот блоковски пристап во составот и имплементацијата на договорите во оваа област;
  • периодично заострени социо-економски проблеми и кризи, кои се претворија во карактеристични особини на внатрешната политичка ситуација на државите во регионот;
  • силните аспирации на сите земји во регионот, без исклучок, кон забрзана, полна и еднаква интеграција во европските економски, политички и воени структури, заедно со обидите за воспоставување и јакнење на взаемна доверба, соработка и општ балкански дијалог;
  • континуирано гео-политичко реструктуирање во односите со политичките сили во земјите во регионот на под-регионални и на регионални нивоа.

Основните фактори од политички, воен, и хуманитарен аспект кои влијаат врз разните компоненти на гео-политичката ситуација и безбедност на Балканот и Југо-Источна Европа на крајот на 20. век се карактеризираат со фактот дека покрај нивното одвоено влијание тие најчесто се случуваат во комбинација и се манифестираат со различна сила и интензитет во секоја балканска држава посебно.

Од политички аспект, оваа група на фактори има најсилен ефект врз промените на гео-политичкиот status quo и ја задржува својата водечка улога во сегашниот момент (3). Некои од порелевантните фактори се:

  • Поголема промена во гео-политичката конфигурација на регионот и појава на еден број нови суверени независни држави како посебни субјекти во меѓународните односи; се појави една нова фромула: 11+2 држави во регионот (до почетокот на 90-тите кога имаше 6+1);
  • Зголемена нестабилност во внатрешната политичка сфера на земјите во регионот и во односите со политичките сили и фактори, кои често водат до големи промени или есенцијални исправки во курсевите на нивната надворешна политика, провоцирајќи взаемна недоверба и правејќи го политичкото однесување на еден број на земји помалку предвидливо;
  • Продолжено влијание на некои нерешени прашања меѓу некои земји во регионот и јакнење на етичките, религиозните, малцинските и територијалните фактори во формулирањето и следењето на нивните надворешни политики;
  • Затегнати взаемни односи во тројството етнитет - религија - држава, со директно влијание врз стабилноста на повеќето балкански држави и регионот во целина;
  • Истовремена појава и влијание на интегративни и дезинтегративни процеси и тенденции на регионално и на континентално ниво;
  • Останати сериозни или латентни проблеми на поранешната југословенска територија како под-регион на Балканот (конфликтот на Косово 1998-1999) и покрај иницираните процеси и активности кои ја следеа имплементацијата на Дејтон-Париз договорите; (4)
  • Зајакната појава на ново-настанати, не-воени, и нестандардни ризици и закани по безбедноста на балканските држави, особено врз целиот регион, огромниот пораст на организиран криминал и поголеми и почести акти на организиран политички, етнички и религиозен тероризам, (5) не-санкционирано ширење и трговија со дрога, оружје и технологии (вклучувајќи и оружје за масовно уништување), манифестации на клерикален екстремизам и фундаментализам, (6) продолжени конфликти со етничите малцинства, аспирации кон културно и историско наследство, активности на сепаратистички и иредентистички сили и политички организации итн.
  • Хетерогено и различно влијание на водечкките меѓународни фактори врз развојот на гео-политичката ситуација во регионот, прифаќање на посреднички услуги, користење на методи и средства за превентивна дипломатија, "наметнување на мир" (со сила исто така) и негово одржување со помош на масовно политичко присуство на еден број на држави кои даваат економска, хуманитарна и воена помош, контрола и гаранции за очување на веќе постигнатите меѓународни договори, координирање функции за остварување на пост-конфликтна рехабилитација, итн.

Од воениот аспект, промените кои се случија во односите меѓу оружените сили на државите во регионот, растечките разлики во капацитетот и способноста на човечкиот фактор и модернизацијата на воениот потенцијал, посебно во однос на конфликтите во поранешна Југославија, ги направија воените аспекти на гео-политичката ситуација значајна реалност на меѓународната заедница и државите во регионот. Нивното влијание во голема мера порасна по исчезнувањето на би-поларниот систем на меѓународни односи и по завршувањето на блоковската поделба во регионот, со појавата на бројни кризни ситуации и конфликти со различен интензитет, зголемени ризици на широко димензионирани конфронтации, широко распространето верување од потребата за барање на нова рамнотежа на сили во услови на гео-политичко реструктуирање во регионот. (7) Оваа група фактори вклучува:

  • Очигледна неравноправност на државите во регионот во однос на постигнатите гаранции за нивната безбедност, суверенитет и тероторијален интегритет, нивната воена моќ и можностите за нивна поддршка и модернизација, степен на нивното присуство и учество во европските и евро-атлантските економии, политички и воени структури;
  • Недостаток на ефективни механизми за рано откривање, превенција и справување со кризни и суб-конфликтни ситуации, превентивна дипломатија како средство за мониторинг и за одредување на такви ситуации додека се тие сеуште во пред-конфликтна фаза;
  • Општопостигнат договор за прилагодување како обврска на сите држави во регионот во однос на нивното превземање и остварување на мерки за зацврстување на довербата и безбедноста, ограничено наоружување во согласност со постигнатите договори и стандарди воспоставени во рамките на Мерките за градење на доверба и безбедност и ОЕБС (Организација за европска безбедност и соработка); (8)
  • Ширење на контакти и соработка меѓу земјите од регионот во воената сфера како и меѓу земјите на европскиот континент, зголемување на влијанието на воена дипломатија како значајна компонента во меѓу-државните односи, учество на државите од регионот во еден број на проекти за обука во рамките на иницијативите на Партнерство за мир итн. (9)
  • Продолжување на меѓународно воено присуство на територијата на поранешната Југословенска федерација во поинаков облик и мандат, со значајно смалени воени ефекти, како што е ЕСФОР операцијата во Босна и Херцеговина која отпочна на 20. декември 1996, продолжениот мандат на присуството на мисиите на ОН во Македонија (УНПРЕДЕП), мисијата во Хрватска (УНТАЕС) и мисијата КФОР на Косово после јуни 1999 итн.
  • Интензивна употреба на потенцијали и средства на разузнавачки служби, превентивна дипломатија и мониторинг заради објаснување на гео-политичката и воената ситуација, за рано отркривање и превенција на потенцијални и латентни кризни жаришта кои од суб-конфликтни можат да прераснат во конфликтни ситуации.

Од економски аспект решавањето на проблемите на економијата, социјалата и инфраструктурата кај балканските држави во транзиција во последните неколку години добија зголемен значај и во однос на гео-политичката ситуација во регионот во целина и особено за внатрешната политичка стабилност на државите, како и за нивен што поскор пристап во европските економски и воено-политички структури.

  • Без разлика на степенот на остварувањето на радикалните социо-економски трансформации, присуството во европските структури, посебните карактеристики и потенцијали на државите, преференцијалниот развој на економските, транспортните, комуникациските и енергетските односи меѓу нив постанаа conditio sine qua non на надворешно-политичките и внатрешно економските активности на државите во регионот. (10)
  • Квалифицирано говорејќи, постои нова фаза на развој во регионот како стратешки значаен и гео-политички неодминлив центар за директни односи меѓу Централна, Источна и Северна Европа и соседните региони на Блискиот и Средниот Исток, Медитеранот, Кавказкиот регион и поранешна Советска централна Азија во такви стратешко и политички чувствителни домени како што се транспортот, телекомуникациите, суровините и трансферот на моќ, бранови на туристи и иселеници итн. Регионот на Југо-источна Европа, вклучувајќи го и Балканот, се повеќе се наметнува како "точка на испраќање" каде што минуваат и се вкрстосуваат стратешки значајни суровини, комуникациски и транспортни патишта.
  • Она што се јавува како се позначајно се проблемите кои се однесуваат на заштита на околината, енергијата и природните богатства во подршка на економскиот развој (особено во сферата на користењето на атомска енергија, снабдување и трансфер на стратешки суровини како што се бензинот, природниот гас итн.), решавање на проблемите со водоснабдување, експлоатација и безбедност на меѓународните мориња и речните артерии и воздушни патишта (сообраќајот по Дунав и Сава по промената на нивниот статус и нивно претворање во меѓународни реки, режимот на Теснецот, Пиранскиот залив во северен Јадран и полуостровот Превлака поделен меѓу Хрватска и Црна Гора кој го контролира пристапот до и пловењет по заливот на Бока Которска) итн.

Од хуманитарен аспект, во последните неколку години имаше сериозни проблеми, најповеќе во однос на развојот на разните кризни фази во поранешна Југославија. (12) Се покажаа како најголеми и најтешки сличните проблеми на европскиот континент од крајот на Втората свестка војна. Во оваа група проблеми спаѓаат:

  • Создавање услови и претпоставки за враќање на илјадници бегалци и раселени лица во нивните родни места; (13)
  • Давање доволни гаранции за почит и очување на граѓанските и малцинските права на оние кои сакаат да се вратат, за нивната лична безбедност и нивното постепено социјализирање во општеството; (14)
  • Воспоставување и враќање на имотите на бегалците, а ако тоа не е возможно, тогаш адекватна компензација;
  • Пронаоѓање на исчезнатите лица по оружените конфликти во разни деловин на поранешна Југославија;
  • Решавање на проблемите кои се однесуваат на пронаоѓање и идентификација на воени злосторници, нивно отстранување од политички и јавни функции и нивно предавање на Меѓународниот трибунал во Хаг;
  • Формирање на ефикасен систем на национален и меѓународен мониторинг и контрола во хуманираната сфера во согласност со меѓународно воспоставените стандарди. (15)

Отпочнатото движење на големи маси на луѓе назад кон нивните родни места по завршувањето на воената фаза на југословенскиот конфликт беше без преседан сразмерно финансиските, правните, и политичките аспекти, покрај неговата хуманитарна димензија. Ова се повеќе ќе се зголемува во следните години и ќе доведе до тешкотии во однос на неговото остварување. Освен тоа, отежнати услови се и останатите етнички непријателства и взаемна недоверба во многу области на Косово (помеѓу Албанците на Косово и Србите, Црногорците, Хрватите, Муслиманите), во Хрватска (помеѓу Хрватите и Србите) и во Санџак (меѓу Србите, Црногорците и Муслиманите) каде што главните политички партии и национални организации го воспоставија своето присуство со моќ и својата главна аспирација да ги претворат во "етнички чисти територии" и да го спречат или отежнат враќањето на автохтоното население од друга националност. (16)

Очигледно, напорите за формирање на граѓанско општество во овие земји, за постигнување на нацинално помирување меѓу до пред извесно време завојуваните етнички заедници, за воспоставување на пред-воените традиции и навики на взаемна коегзистенција и постепено отстранување на последиците на вооружените конфликти на хуманитарен план бараат подолго време и координирани активности на страна на меѓународната заедница и политичките сили и лидери на народите на Косово, во Босна и Херцеговина, во Хрватска и Југолсавија.

Врз основа на развојот на гео-политичката ситуација на Балканот во текот на изминатите неколку години се гледаат некои основни тенденции во позитивна насока:

  • решавање на конфликтите во Босна и Херцеговина, (17) Хрватска и Косово, пристап кон постепена нормализација и стабилизација на ситуацијата на територијата на поранешна Југославија;
  • Поголем интерс кај водечките меѓународни фактори и нивното најразновидно присуство - воено, политичко, економско, културно, цивилизациско итн.
  • Постепено воспоставување на политички средства за откривање, контролирање и решавање на постоечките кризи и проблеми со активно посредништво и интервенција на меѓународната заедница; (18)
  • Поголема верба во прифаќањето на формулата "безбедност преку интеграција и соработка" како основа за стабилизација на ситуацијата во регионот и за потполна и равноправна интеграција на балканските земји во европските и евро-атлантските економски, политички и воени структури; (19)
  • Јакнење на претпоставката за воспоставување и проширување на балканскиот дијалог во разни сфери како елемент на европската безбедносна архитектура која се гради, користење на потенцијалите за решавање на некои прашања од општ регионален интерс во сферата на економијата, инфраструктурата, заштитата на околината и борбата против криминалот, воената полиција итн.
  • Обезбедување на минимално потребни услови за јакнење на интегративните напори и процеси, за нивно богатење со конкретни содржини во што европската ориентација на балканските држави е без алтернативна и стратешка цел, како и практични активности кон полно и равноправно учество во разните европски и евро-атлантски структури и организации што е можно поскоро. (20)

Во исто време, треба да се забележи дека основните позитивни стабилизирачки тенденции и фактори постојат и ќе постојат и во догледна иднина и покрај некои негативни аспекти, тенденции и фактори кои го отежнуваат, спречуваат или искривуваат стабилизирањето на гео-политичката ситуација на Балканот и во поедини балкански земји. Некои од пофундаменталните и позначајните од нив се:

  • Зголемениот ефект на кризни манифестации и процеси во внатрешниот политички и социо-економски развој кај еден број на држави во регионот и на нивното надворешно-политичко однесување и активности, кои често пати се рефлектираат на взаемните односи со соседните држави и на стабилноста и безбедноста на полуостровот; (21)
  • Еуфорично величање на националното минато, идеалите и достоинството во некои земји на регионот преминуваат во шовинистичка кампања како средство за постигнување на внатрешни политички цели, како и во метод на притисок во решавање на спорните проблеми со соседните држави; (22)
  • Активирање на некои нерешени или новосоздадени територијални, сопственички, етнички и малцински, религиозни и други проблеми и противречности во взаемните односи меѓу "традиционалните" држави во регионот и новонастанатите државни формации, кое има негативни ефекти врз општата стабилност и безбедност во регионот; (23)
  • Зголемена неравнотежа во квантитетот и квалитетот на оружјето и оружените сили на земјите во регионот како резултат на акумулираните разлики во нивниот воен и економски потенцијал и наследство од времето на блоковска поделеност во формирањето и спроведувањето на рестриктивни мерки, разлики во одговорноста, учеството и обврските на балканските држави воопшто во континенталните и регионалните безбедносни мерки;
  • Политизација на некои фактори како што е религиозната определеност, етничко-малцинската определеност и социо-политичката самоопределба, појава на вакум во моралните, етичките и цивилизациски вредности, бранот и проширувањето на религиозни секти и девиации, формирање на меѓународен организиран криминал, трговија со дрога; (24)
  • Недостаток на координација и ефективни механизми за навремено откривање, мониторинг, спречување и благовремено надминување на кризните ситуации пред тие да го преминат прагот на пред-конфликтна ситуација, користење и спроведување на средства на превентивна дипломатија, посреднички услуги, директни или преговори со посредништво, итн.

Постојат некоиу слични негативни тенденции и фактори кои ги покажуваат своите негативни последици со особена сила во суб-регионот формиран со распаѓањето на поранешната Југословенска федерација и со појавата на цела една група на суверени држави на нејзино место, со различни државни системи, надворешно-политички ориентации, степени на внатрешна политичка кохезија и стабилност, традиции и меѓународно признати устави. Овие фактори имаат големо влијание врз развојот на нормализацијата на односите меѓу поранешните југословенски републики, како и врз различните аспекти на стабилноста и безбедноста на регионот во целина.

Тука спаѓаат напластената недоверба и непријателството кои во голема мера пораснаа за време на воените конфликти меѓу некои народи и етнички заедници во Босна и Херцеговина, Хрватска и Србија (Косово, Санџак, Војводина, јужна Србија) итн. Овие проблеми потекнуваат од минатото.

Анализирајќи ја комплексната и често пати противречната интеракција на бројните фактори кои влијаат врз ситуацијата и развојот на гео-политичката ситуација на Балканот, како и на водечките тенденции кои ги обележуваат основните насоки во догледна иднина, приметни се некои општи карактеристики, тенденции и прогнози:

  • продолжување на високиот конфликтен потенцијал, можности за промени во гео-политичкиот статус љуо во регионот низ активирање на кризни феномени како што се зголемување на етничко-малцински или религиозни тензии, територијални, сопственички, еколошки, гранични и други прашања, компликации во внатрешната политичка стабилност кај одредени земји кои имаат поширока суб-регионална или регионална резонанца, итн.
  • особено јасен конфликтен потенцијал се приметува во некои региони од северна до југо-источна Европа: Република Днестер и Гагауз Ери во Молдавија, северна Буковина во Украина, Трансилванија во Романиа, Војводина во Југославија, Источна Славонија и Книнска Крајина во Хрватска, Босна и Херцеговина, Пиранскиот залив помеѓу Хрватска и Словенија, Превлака помеѓу Југославија и Хрватска, регионите на Санџак, Косово и јужна Србија во СРЈ; северно-западните делови на Македонија, западна Тракија во Грција, Егејските острови близу Мала Азија и островот Кипар на југ од регионот.
  • Во југо-источниот дел на европскиот континент постои специфична "област на нестабилност" поради некои вистински постоечки и сеуште активни проблеми наследени од минатото или новонастанати. Латентни проблеми или проблеми кои се веќе претворени во кризни или пред-конфликтни состојби кои директно ги инволвираат или индиректно ги засегаат скоро сите земји во регионот, како оние кои веќе постојат со векови и имаат долготрајна традиција, така и оние кои се појавија на историската сцена на крајот од 20. век како меѓународно признати државни субјекти.

Со крајот на она што се нарекуваше студена војна, големи делови од југо-источна Европа се најдоа во еден вакум на безбедност. (26) Се појавија можности за нова регионална рамнотежа на силите и потенцијалите кои ги нарушија досега постоечките стереотипови во политиката на водечките меѓународни фактори во анализирањето, надминувањето и решавањето на "проблемите од балкански вид." (27)

Од почетокот на 1990-тите, пристапот за барање рамнотежа и против-рамнотежа во голема мера си го трасира патот не како "групирање на оската" или опозицијата, туку како тенденции за пронаоѓање решенија за постоечките проблеми низ преговори и/или меѓунарподна арбитража. (28)

Стабилноста и безбедноста на регионот и внатрешната политичка ситуација во неговите држави стекнуваат се поголем значај и доаѓаат на прво место кај водечките меѓународни фактори - форумски и организациски приоритети. Во нивните политички активности во однос на Балканот постои поголем број на елементи на изработка и воведување на нови пристапи и критериуми во известувањето за и координирањето на гео-политичките реалности во регионот и негово полно и забрзано инволвирање во општиот европски дијалог и интегративни процеси.

Постојат и такви тенденции кои вероватно ќе се наметнат во догледна иднина како одлучувачки фактори во развојот на гео-политичката ситуација во регионот:

  • постепено, често тешко, стабилизирање на ситуацијата на териториите на поранешна Југославија, особено во однос на имплементацијата на граѓанските аспекти на договорите од Дејтон и Париз кои ја засегаат не само ситуацијата во Босна и Херцеговина, пацификацијата на Косово по воените операции на НАТО во 1999, туку и други региони и проблеми од поранешна Југославија;
  • постепено ширење на полно признавање и нормализирање на односите меѓу после-југословенските држави; превземање конкретни обврски во сферата на контрола на наоружувањето и разоружувањето;
  • активно инволвирање на мнозинството земји од регионот во градење на партнерски односи со европски и евро-атлантски организации како ЕЗ, НАТО, ЗЕУ, ОЕБС, итн.
  • декларирана желба за воспоставување на доверба и добри соседски односи и општ балкански дијалог; нови- не-стандардни аспекти на регионална соработка и интеракција во преден план - хуманитарни, еколошки, инфраструктурални, енергетки аспекти (29), заедно со консензуално прифаќање на принципите на комплексно учество во напорите кон решавање на некои проблеми и гарантирање на мир и безбедност во регионот. (30)
  • Меѓутоа, едно перманентно и еднаш за секогаш подобрување вероватно нема да се случи во догледна иднина (31). Ова бара време и минимум мир и безбедност, во што упорните позитивни тенденции ќе отворат можности за нивно претворање во цврста иднина. До тогаш, активното внимание и учество на водечките меѓународни форуми, организации и држави, како и воениот фактор, ќе продолжат со нивната одлучувачка улога во очувувањето на мирот и спречувањето на дестабилизација во овој крајно важен регион на европскиот континент.