Chaim Kaufmann
College of Arts and Sciences, Department of International Relations

Lehigh University, USA

Кога ништо друго не успева

Сe до неодамна, постоеше речиси целосна согласност меѓу политичарите и академците, дека целта на справувањето со етничките конфликти треба да биде да се поддржат и да се зачуваат мултиетничките општества. Но, во последниве неколку години сe погласна станува една друга идеја, дека најдоброто решение за многу од најжестоките етнички конфликти веројатно е: раздвојување на завојуваните страни. Настаните во Босна го поткрепуваат овој тренд на мислење, а аналитичарите истакнуваат дека колку се поодвоени завојуваните групи, толку помирни станале нивните меѓусебни односи, додека предлозите тие цврсто да се реинтегрираат наидуваат на сe помалку поддршка. [1] Освен тоа, сe повеќе аналитичари, кои се сосредоточуваат на улогата на безбедносните кризи меѓу групите во етничките конфликти, сметаат дека градење населби во кои живее етнички мешано население може да ја зголеми ескалацијата на насилството, со што укажуваат на тоа дека раздвојувањето на завојуваните страни може да спречи евентуални конфликти. [2]

Но, поделбата на народите и натаму е контроверзна тема. Дури и кога се спроведува внимателно, размената на население предизвикува големо страдање, вклучувајќи губење на домовите и прекин на општествените, религиозните и на културните врски. Затоа, овој процес може да се оправда само ако им ги спаси животите на луѓето кои, инаку, би загинале во етничко насилство. Критичарите на оваа идеја тврдат дека размената на етничко население и раздвојувањето, што најчесто ја придружува, не ги намалуваат ниту страдањето ниту смртта, туку, напротив, ги зголемуваат.

Најзначајниот емпириски доказ против демографската поделба почива врз последиците од четири познати поделби во дваесеттиот век: Ирска, Индија, Палестина и Кипар, сите проследени со големи преселби на население и интензивно насилство. [3]

Прашањето со кое се занимаваме во ова студија е: Ако е точна логиката на демографската поделба, зошто поделбата и размената на население во овие четири случаи беа толку насилни? Постојат три можности: насилството во овие случаи би можело да биде доказ дека теоријата е погрешна; насилството би можело да резултира од идиосинкретски фактори што не помагаат во објаснување на каузалната логика на теоријата; или и шемата на насилство во овие случаи би можела исто толку да се предвиди од теоријата, што би значело дека насилството во овие случаи (и во сите идни) веројатно би можело да се намали ако политичарите кои се соочуваат со сериозни етнички конфликти се поподготвени да ги раздвојат непријателските страни.

За да го одговорам ова прашање, ги истражувам документите за овие четири случаи и откривам дека тврдењата на критичарите не се оправдани. Во сите четири случаи, раздвојувањето на завојуваните групи го намалило степенот на насилство. Продолжувањето на насилството во одредени региони во рамките на некои од овие случаи било последица не на поделбата, туку на не докрај спроведената поделба во тие региони.

Оваа студија е поделена на три дела. Првиот ја проценува состојбата на дебатите за демографската поделба како лек, со кој би можело да се спречат етнички војни, и ги идентификува емпириските прашања што мора да се одговорат за лекот да се усоврши. Вториот дел се занимава со тоа дали поделбите и размената на население во Ирска, Индија, Палестина и Кипар за последица имаа поголема или помала загуба на животи. Третиот дел зборува за тоа дали поделбите и размената на население создаваат недемократски состојби.

СОСТОЈБА НА ДЕБАТАТА

врати се назад

Овој дел ги дава страните на сегашната дебата и барањата за унапредување на нашето знаење во врска со последиците од размената на населението и поделбите.

Во прилог на поделбите

врати се назад

Секогаш кога етничките заедници не можат да се потпрат на силна и непристрасна централна држава која би можела да спречи граѓанска војна, сите групи мора да се мобилизираат за самоодбрана. Но, материјалните и реторичките мерки, што групите ги користат за да се мобилизираат за одбрана, истовремено претставуваат закана од напад врз другите групи, создавајќи безбедносни кризи во кои ниту една група не може да си обезбеди сигурност без, притоа, да ñ се заканува на безбедноста на другите. Интензитетот на овие безедносни кризи делумно е резултат на демографијата: колку е поизмешан составот на население во еден регион, толку поголеми се шансите да избие конфликт; и станува сe потешко да се создадат ефикасни мерки за одбрана на заедницата, а единствениот излез кон кој се прибегнува е офанзива за да се “исчистат” мешаните области од припадниците на непријателската група и да се создадат етнички чисти енклави што би можеле полесно да се одбранат. [4]

Истата динамика ја спречува и ескалацијата на етнички војни сe додека завојуваните групи не се раздвојат (или ако едната страна не ја освои или уништи другата). Решенијата чија цел е: во истовреме да воспостават мултиетничка граѓанска политика ; да избегнат размена на население, како и да овозможат изградба на институции, поделба на моќта и реконструкција на идентитетот, не можат да успеат за време на една граѓанска војна или непосредно по нејзиното завршување, затоа што не ги решаваат безбедносните проблеми создадени како резултат на мешаната демографија. [5] Сe додека и двете страни знаат дека најдобрата безбедносна стратегија за секоја од нив е први да нападнат и да почнат етничко чистење, ниту една не може да има доверба и надеж дека другата ќе се воздржи. [6]Политичката импликација е дека меѓународната заедница треба да ја одобри поделбата како лек за барем некои од конфликтите; во спротивно, процесот на војна и овака и онака ќе ги раздвои популациите со многу повисока цена во човечки животи.

Критичкиот каузален фактор е групирање на луѓето во одбранбени енклави, а не поделба на суверенитетот. [7] Спротивно на тоа, раздвојувањето без поделба само го поттикнува конфликтот, како што тоа се случи во Хрватска и во Босна во 1991-92 година.

Против поделбата

врати се назад

Меѓу повеќето меѓународни организации, западни лидери и политички аналитичари, „размена на население“ и „поделба“ веќе долго време претставуваат табу зборови. Со ретки исклучоци, ОН ги поддржува државите и се противи на сецесионистичките движења, а Високиот комесаријат за бегалци при Обединетите нации (УНХЦР) се залага за тоа да им донесе „безбедност на луѓето, а не да ги однесе луѓето на безбедно“. [8] Противниците тврдат дека поделбите и размената на население имаат три главни недостатоци: (1) поделбите и размената на население поттикнуваат насилство место да го спречат; (2) тие создаваат нови конфликти, често трансформирајќи ги граѓанските конфликти во меѓународни; и (3) поделбите создаваат „опаш-држави“ што се недемократски и културно тесни и ја одржуваат омразата меѓу заедниците. [9] Првите две критики се најсериозни, бидејќи го содржат централното прашање за тоа дали демографските поделби спасуваат човечки животи или, напротив, предизвикуваат повеќе жртви. Третата е значајна, затоа што укажува на тоа дека бегалците можат да се најдат во држава што е порепресивна од онаа од која избегале. [10]

Импликациите на логиката на критичарите е дека повеќето од оние кои станале бегалци при етнички конфликти можеле безбедно да останат во своите домови и да уживаат економска, политичка и културна слобода ако не била наметната поделба и размена на население. Според нив, обидите да се реинтегрираат етничките групи кои се наоѓаат во состојба на војна е поморално и, на долгорочен план, попрактично отколку да се прибегне кон раздвојување.

Ова не е точно. Безбедносните проблеми, создадени како последица од постоење мешано население, предизвикуваат етнички војни кои секогаш ги раздвојуваат завојуваните заедници; овој процес не може да се запре освен со постојана воена окупација или геноцид, или ако воопшто не почне војна. Кога ќе се интензивираат етничките конфликти, тие создаваат бегалци, од повеќе причини: луѓето се плашат да останат во области каде се одвива или се очекува да почне етничка војна, или нивните соседи, насилници или непријателските војници ги присилуваат да заминат. Така, прашањето што е централно за жестоките етнички конфликти не е дали групите треба да се одвојат, туку како: дали со заштита, транспорт, помош и преселба организирана од надворешни сили и институции, или, пак, да им се остават на милост на нивните етнички непријатели и бандити? Одбивањето или неуспевањето да се организира успешна размена на население не ги заштитува луѓето да не станат бегалци, туку предизвикува трагедија за нив кога ќе станат.

Тврдењето на критичарите дека поделбите и размената на население создаваат нелиберални држави е, исто така, резултат на погрешни увидувања. [11] Иако е вистина дека не сите држави што се отцепиле од поголема држава се либерални демократии, државите создадени со отцепување, што се проучуваат во оваа студија, не се помалку демократски од државата во чиј состав биле, ниту од своите соседи. Иако некои од новосоздадените држави имаат дискриминациски закони, сепак таа дискриминација е, општо земено, помалку интензивна од онаа со која се соочувале малцинствата во мнозинското владеење на претходната поголема држава.

Услови за решавање на дебатата

врати се назад

Максималниот број случаи што се однесуваат на оваа дебата се сите случаи што вклучуваат промена на граници или размена на население, при што бил сменет етничкиот состав на една или на повеќе држави. Во практиката, овој максимум е многу голем, па затоа за оваа студија избрав помал број случаи што се најрелевантни за политичката мисла што денес се бави со демографски промени: конкретно, сите етнички поделби и сецесии во дваесеттиот век што доведоа до формирање нови држави, сe на сe дваесеттина. Табела 1 дава краток преглед.

Табела 1. Етнички сецесии и поделби, 1900-94 (а)

 

Сецесии Поделби
Низок степен на насилство Балтичките држави, 1918
Финска, 1918
Советски Сојуз, 1990-91
Словенија, 1991
Македонија, 1992
Норвешка, 1905
Австро-Унгарија, 1918-19 
(б) Отоманското Царство, 1918-19 
(в) Сингапур, 1965Словачка, 1993
Висок степен на насилство Алжир, 1962
Бангладеш, 1971
Нагорно-Карабах, 1991*
Ирачки Курдистан, 1991*
Северна Сомалија, 1991*
Хрватска, 1991
Босна, 1992 
Абхазија, 1992-93*
Еритреја, 1993
Чеченија, 1994*
Полска, 1918
Ирска, 1921
Индија, 1947
Палестина, 1947
Кипар, 1974*

БЕЛЕШКИ: * Де факто, но меѓународно не признаена

(a)     Случаи на деколонизација во кои не е вклучена колонијата, а нејзините жители никогаш не биле дел од колонизаторската држава, бидејќи најчесто населението од земјата-освојувач е малубројно и во најголемиот број случаи се смета за странско население, а не како локална етничка група што би можела да се бори за власт. Алжир е исклучок, затоа што беше дел од Франција, па во него живееја повеќе од еден милион Французи, кои сакаа и да живеат каде што се и да останат француски граѓани.

(b)     Без висок степен на етничко насилство во или меѓу новоформираните држави, иако една од нив (Унгарија) водеше војна со веќе постојна држава (Романија), која имаше земено територија во текот на поделбата.

(v)     Без војни меѓу новоформираните држави, но Турција водеше војна со Грција во 1920-23.

 

Во рамките на оваа група, постои голема поврзаност меѓу високиот степен на насилство и големите преселби на население; во скоро сите случаи со висок степен на насилство имало поголеми движења на бегалци отколку во случаите со низок степен на насилство. Но, овој резултат е во согласност со аргументите на двете страни од дебатата: оние кои се залагаат за демографска поделба тврдат дека високиот степен на насилство предизвикува движење на население, додека, пак, критичарите го тврдат спротивното.

За да се реши оваа дебата, најважно е внимателно да се истражат случаите во кои имало висок степен на насилство и, како последица на тоа, поделба. Со оглед на тоа дека и двете страни што учествуваат во дебатата најмногу се занимаваат со причините за екстремното насилство, случаите со низок степен на насилство не можат да бидат од решавачка важност. Исто така, треба повеќе да се фокусираме на случаите на поделба отколку на сецесија, поради тоа што целта ни е да оцениме дали меѓународната интервенција ги намалува или ги зголемува загубите од етничкиот конфликт. Овој напис се занимава со четири од петте случаи што ги исполнуваат овие критериуми : Ирска, Индија, Палестина и Кипар , и кои имаат дополнителна предност: тоа се истите оние случаи што и критичарите најчесто ги анализираат.

 

ПОДЕЛБИ И НАСИЛСТВО

врати се назад

Овој дел ги истражува случаите на поделба на Ирска, Индија, Палестина и на Кипар за да ја оцени валидноста на тврдењата (1) дека поделбата, на краткорочен план, го зголемува, а не го намалува насилството; и (2) дека поделбата, на долгорочен план, ја зголемува и ја прави подолготрајна меѓу-етничката омраза. [12]

Ирска

 врати се назад

Иако поделбата на Ирска е придружена со насилство, ова насилство не беше предизвикано од самото отцепување, туку од фактот дека отцепувањето не ги раздели антагонистичките заедници, особено на северот. Како последица на тоа, демографски поделениот север со децении е поле на насилство, додека релативно моноетничкиот југ ужива мир.

Дали отцепувањето на Ирска го намали или го зголеми насилството? Политичкото насилство во Ирска во голема мера се зголеми во деценијата откако британската влада се согласи за внатрешна управа и поделбата во 1914 година. Се случија четири главни епизоди: (1) Велигденското востание од 1916 година, во кое загинаа околу 450 луѓе [13] ; (2) Ирската војна за независност од 1919 до 1921, во која загинаа околу 1500 луѓе [14] ; (3) Граѓанската војна во Република Ирска, во 1922-23 година, која чинеше дури 4.000 животи [15] ; и (4) насилството во Алстер меѓу 1920 и 1922 година, кога загинаа уште 428 лица [16] .

Противниците на одвојувањата и поделбите можат овие случаи да ги сметаат за аргументи во прилог на нивната теза, но ова би било погрешно. Во првите два случаи воопшто не станува збор за насилство меѓу две религиозни групи ниту за последица од поделба; всушност, овие војни се водеа околу тоа дали Ирска ќе добие право на самоуправување во рамки на Обединетото Кралство или ќе добие целосна независност. Спротивставените страни и во двата случаи беа ирски националисти наспроти британската војска и полиција, а не католици против протестанти.

Третата и четвртата епизода се случија, зашто поделбата во 1921 година не ги подели двете заедници, особено во Алстер. Поделбата не претствуваше значајно прашање во јужниот дел, бидејќи во дваесет и шесте области дадени на ирската слободна држава бројот на протестанти беше помал од десет насто од вкупното население [17] . Ова малцинство беше премало и толку раштркано, што не можеше да сочинува политичка или воена сила. Така, не постоеја безбедносни проблеми, а Ирска до денес не искусила проблем со насилство меѓу две религиозни заедници.

Изворот и за насилството во Алстер и за Ирската граѓанска војна беше мешаната демографска структура на Северна Ирска. Во шесте области, што останаа дел од Британија, имаше 34 проценти католичко малцинство, со што се создаде голема несигурност [18] . Со екстремните националисти на југот, кои повикуваа на акција со цел да се запре раздвојувањето, многу алстерски протестанти, за да се зачува нивната политичка, економска, па дури и физичка безбедност, сметаа дека е потребно да се намали моќта на католиците. Оваа безбедносна криза беше натаму поттикната од неправилните и измешани шеми на населби во кои живеат двете групи во Северна Ирска; да беа католиците и протестантите разделени во посебни региони, тогаш протестантите ќе ја имаа власта во покраината, и ќе немаше причини да се мешаат во локалната власт на католичите општини. Како последица во 1920-22 година се јави бран на организирано, како и на спонтано насилство, при што загинаа 428 лица, повеќе од 8.000 католици останаа без работа, а околу 23.000 беа принудени да ги напуштат своите домови [19] .

Мешаната демографска структура во Северна Ирска, исто така, создаде безбедносна криза за националистите во јужниот дел од островот, кои сметаа дека треба да сторат нешто за да ги спасат алстерските католици од тешкотиите низ кои минуваа. Оваа безбедносна криза не доведе до меѓународна војна (ирската влада сфати дека не може повторно да се спојат со сила разделените делови), но помогна да се случи кратка граѓанска војна на југ. Ирската републиканска армија (ИРА), која оперираше на север, одби да прифаќа наредби од владата, и беше поразена од владините сили во војната што траеше од јуни 1922 година до август 1923 година [20] . Може да се рече дека дури и воопшто да нема католици на северот, ИРА сепак ќе се бореше за обединета Ирска, но апелите на лидерите на ИРА до нејзините членови да загинат за територија немаше да бидат толку привлечни и успешни колку што беа повиците да се спасат пријателите католици од смрт и уништување. Ќе беше, исто така, потешко владата да се обвини за предавство за напуштање на луѓе кои воопшто не се таму [21] .

Можеше ли да се избегне поделба на Ирска? Поделба на Ирска можеше да се избегне само на два начина, од кои последиците ќе беа уште полоши.

Прво, Британија можеше да даде самоуправа (или независност) на обединета Ирска и да ги присили на послушност алстерските унионисти. Всушност, британската влада се обиде да го направи ова во 1914 година, но беше запрена поради ризикот од граѓанска војна во самата Британија, како и од очигледната подготвеност и способност на унионистите да се спротивстават. Опозцијата на ториевците во Долниот дом, мнозинството во Горниот дом, кралот Џорџ V и најголемиот дел од војската беа против давање самоуправа [22] .

Освен тоа, скоро никој не се сомневаше во тоа дека алстерските протестанти ќе се борат[23] . На “Денот на Алстер”, 18 септември 1912 година, 218.206 алстерци потпишаа “Свет договор и завет”, со кој се обврзаа дека ќе ñ се спротивстават на внатрешната управа; 228.991 жени потпишаа паралелен документ. Тие сочинуваа повеќе од половина од возрасните протестанти во покраината [24] . Од 1912 година тие почнаа да подготвуваат регионални одбранбени сили, Алстерските доброволни сили, кои до 1914 година броеја 85.000 до 90.000 членови, а беа релативно добро организирани и брзо се снабдуваа со опрема преку купување и шверц [25] . Пролетта 1914 година во Лондон се зборуваше дека ќе биде потребна целата Британска војска и ќе бидат потребни 12 до 18 месеци за да се освои Алстер [26] .

Другата можност ќе беше на неодредено време да се забрани независност за Ирска. За ова ќе беше потребно да се задушат сите оружени и националистички ќелии во цела Ирска, задача која 40.000 британски војници и 10.000 британски полицијаци не можеа да ја извршат во 1919-21 година. Британија несомнено ќе требаше да употреби брутални тактики против цивили, алтернатива што британската војска ја отфрли [27] .

Дали поделбата ја зголемува омразата или генерира нови конфликти? Во седумдесет и трите години по одвојувањето, Ирската слободна држава уживаше целосен мир без религиозни конфликти. Обединета Ирска останува реторичка цел, но јавната поддршка за евентуална акција за таа да се оствари се намалуваше со текот на годините. Иако англо-ирскиот договор за Северна Ирска од 1985 година не содржеше ветување дека во иднина ќе ñ се даде суверенитет, ирската влада не плати политичка цена на домашната сцена за тоа што го потпиша овој договор [28] .

Но, Северна Ирска не постигна мир меѓу двете религиозни заедници. Протестантите сe уште стравуваат од можна католичка власт (или обединување со Ирска), католиците се подложени на неколкудецениска дискриминација, па, како последица на тоа, постојано изувнува политичко насилство [29] . За време на “проблемите” од 1969 година до денес, загинаа околу 3.400 лица [30] . Изворите на разликата меѓу овие две истории повторно се демографската структура и безбедносната криза. Протестантското население во Ирска остана на приближно 8,5 проценти во 1991 година, додека католичкото малцинство на северот се зголеми на 38 проценти [31] .

За да се реши конфликтот во Северна Ирска, потребно е да им се обезбеди сигурност и на двете заедници, за што, пак, е потребна веродостијна, заедничка гаранција од единствените субјекти што се доволно силни за да ја дадат : ирската и британската влада. Од неодамна, по малку се подобруваат изгледите за мир, бидејќи и двете влади се, изгледа, подготвени да ги обезбедат потребните гаранции. Во април 1998 година, беа воведени некои формални промени, при што се даде уверување дека статусот на Северна Ирска нема да се смени без согласност на народот [32] .

Што требаше да се стори? Поделбата на Ирска беше неизбежна, но тоа не може да се рече за принудувањето на 430.000 католици да се преселат во Северна Ирска. За жал, алстерските унионисти има толку голема поддршка во Британија во тоа време, што им беше дозволено да ги воспостават границите на Северна Ирска. Со цел да инкорпорираат што е можно повеќе протестанти без да го загрозат нивното малцинство во покраината, тие избраа шест од деветте алстерски области, вклучувајќи и две во кои живееја повеќе католици отколку протестанти [33] .

Најдобрите шанси на Ирска за траен мир ќе беа да повлечеше граница што ќе ги раздвоеше двете групи без да се земе предвид целината на областите или некои други граници [34] . Бидејќи ниту една граница не може да гарантира дека дел од малцинството ќе остане на другата страна, британската влада требаше да им понуди пари на луѓето што ќе беа спремни да се преселат, ставајќи јасно до знаење дека не може да ги заштити оние кои инсистираа да останат. Резултатот ќе беше помала, но побезбедна Северна Ирска.

Индија и Пакистан

врати се назад

Најчесто спомнуваниот случај во дебатите за размена на етничко население и поделби е Индија. Критичарите на поделбата што се случи во 1947 година обвинуваат дека таа поделба предизвикала повеќе од 15 милиони бегалци и стотици илјадници мртви. Но, ваквата корелација е погрешна. Поделбата, како и преселбата на населението и насилството беа предизвикани од нерешените безбедносни кризи меѓу муслиманската заедница и хинду заедницата во Индија, и, особено, меѓу муслиманската и сикиската заедница во провинцијата Панџаб. Тие, пак, беа предизвикани со отстранувањето на колонијалната власт, која претходно им гарантираше безбедност на сите групи. На кратко, независноста од Британија, а не поделбата, ги предизвика овие трагедии.

Според конструктивистите, комунализацијата на индиската политика, а со тоа и насилството, се последица на манипулацијата со народните аспирации и страв од страна на себичните комунални елити [35] . Но, без оглед дали ќе го прифатиме или нема да го прифатиме овој модел на масовна политичка мобилизација, останува фактот дека крајот на британското империјално владеење создаде вистинска безбедносна криза.

Дали поделбата предизвика насилство? Независноста на Индија и Пакистан на 15 август 1947 година не само што го подели индискиот подконтинентот, туку предизвика и поделба на две од најнаселените покраини на колонијална Индија: Пенџаб на северозапад и Бенгал на исток. Иако судирите меѓу двете заедници беа најжестоки во 1945 и 1946 година, се очекуваше независноста и поделбите да дадат дополнителен поттик на насилството. Некои движења на население беа предвидени, но не се очекуваше да бидат толку големи, ненадејни или опасни. Овие очекувања се остварија во Бенгал, каде што повеќе од 5.000 луѓе беа убиени пред независноста, но малкумина потоа, и каде што 3,5 милиони ја преминаа новата граница со многу малку човечки жртви.

Во Пенџаб имаше извонредно голем број бегалци и мртви. Од август до октомври 1947 година, оваа покраина беше сцена на жестока граѓанска војна, за време на која се одвиваа едни од најголемите кампањи на етничко чистење во историјата. Стотици илјади луѓе беа убиени во Пенџаб, а војната поттикна голем број убиства од одмазда и на други места. Повеќе од 10 милиони луѓе од Пенџаб и соседните покраини мораа да бегаат за да ги спасат своите животи.

До крајот на 1920-те години, на сите страни им беше јасно дека Индија на крајот ќе извојува независност. Со оглед на тоа дека британската власт беше гаранција на безбедноста за сите заедници во Индија, изгледите за нејзино повлекување активираа потенцијални безбедносни кризи меѓу заедниците. Две такви кризи беа решавачки во одредувањето на конечните последици од процесот што се одвиваше: меѓу муслиманите и Хиндусите на национално ниво, и меѓу Сиките и муслиманите во Панџаб [36] .

Муслиманите сочинуваа 22 проценти од населението во Индија, а хинду Индијците 68 проценти [37] , што значеше дека во услови на чисто мнозиско владеење, муслиманите би биле апсолутно небезбедни, особено доколку власта ја би ја преземале екстремни групации, како движењето Хинду Махасаба. Иако најголемото индиско национално движење, Конгресната партија, формално се залагаше за световна Индија, во практиката никогаш не ги претставуваше сите индиски заедници. Припадници на движењето Махасаба и други хинду националисти, како Б. С. Моње, беа добредојдени во Конгресната партија, додека припадниците на муслиманските партии беа исклучени [38] .

Мухамед Али Џина, лидер на Муслиманската лига, бараше уставни промени со што би се обезбедила автономија на регионите, особено: (1) би се гарантирало изборно мнозинство во пет провинции со мнозинско муслиманско население: Панџаб, Бенгал, Северозападната Погранична Провинција, Синд и Балукистан; и (2) слаб федерален систем во кој централната власт би имала мали овластувања во покраините [39] . Натаму, муслиманските лидери инсистираа на тоа полициските функции да им припаѓаат на покраините, а националната одбрана на британскиот генерален гувернер (т.е., централната власт во која доминираат Хиндусите да не поседува средства за присила) [40] . Во принцип, беше постигнат договор за некои од овие точки за време на Конференцијата на сите партии во 1928 година, но раководството на Конгресната партија беше присилено да го обезважи договорот поради спротивставеност на хинду националистите [41] . Во реалноста, муслиманските барања можеа да ги изложат хинду малцинствата во Панџаб, Бенгал и Синд на муслиманска доминација.

Резултатите од изборите во 1937 година ја интензивираа оваа безбеносна криза на три начини. Прво, изборниот успех ги убеди лидерите на Конгресната партија дека можат да му се обратат директно на муслиманското население, игнорирајќи ги муслиманските политички партии [42] . За да опстане, Муслиманската лига мораше да се трансформира од елитен круг во масовна партија што можеше да тврди дека ги претставува повеќето индиски муслимани. И успеа во тоа, врз основа на експлицитните повици, како што беше слоганот “исламот во опасност”, па крајниот ефект беше да се зголеми стравот и недовербата меѓу двете заедници. Второ, муслиманите во седумте покраини во кои владееше Конгресната партија набргу почнаа да се жалат на злоупотреба, вклучувајќи физичка несигурност поради неуспевањето на владата да го намали насилството од страна на Хиндусите [43] . Трето, агресивната политичка тактика на Конгресната партија поттикна сомневања кај муслиманските лидери дали британската контрола на одбраната би можела да трае по добивањето независност. Влада контролирана од Конгресната партија би можела да издејствува од генералниот гувернер да се направи само почесна функција, без вистински овластувања, како што беше случај во Австралија, а потоа да се измени основата за регрутирање војници, а потоа да се прави по своја волја [44] .

До 1940 година, Џина беше уверен дека само посебна муслиманска држава, “Пакистан”, би можела да обезбеди сигурност за муслиманите. Натамошните хинду-муслимански преговори не дадоа резултати; а со оглед на евидентното зацврстување на муслиманското единство и решителност, на 3 јуни, 1947 година, Конгресната партија, Муслиманската лига и Луис Маунтбатен се согласија на одвојување [45] . Натаму, со оглед на тоа дека и во Панџаб и во Бенгал живееше малубројно муслиманско малцинство и големи региони со мнозинство Хиндуси, беше договорено муслиманскиот Западен Панџаб и Источен Бенгал да му припаднат на Пакистан, додека доминантно хинду Источен Панџаб и Западен Бенгал , на Индија. И двете држави ќе добијат независност на 15 август, 1947 година, а Граничната комисија, раководена од Британци, ќе ги објави нивните одлуки на 17 август [46] .

Иако поради безбедносната криза меѓу Хиндусите и муслиманите на национално ниво беше потребна поделба на Индија, таа не го предизвика поголемиот дел од трагедијата што следеше, освен индиректно, со тоа што го одврати вниманието на главните субјекти од една, дури и посериозна, криза меѓу муслиманите и Сиките во провинцијата Панџаб. Целата популација на Сиките, приближно шест милиони во 1941 година, беше концентрирана во Панџаб. Иако населението во оваа провинција се состоеше од 56 проценти муслимани, 27 проценти Хиндуси, и само 13 проценти Сики, Сиките во просек беа побогати од другите заедници и имаа несразмерна моќ во провинциската политика [47]. До 1940-те, Сиките и муслиманите немаа конфликти веќе неколку децении, но имаа долга историја на меѓусебно непријателство [48] . Сиките, исто така, контролираа голем дел од најдоброто земјиште во Централен Панџаб. Следствено, Сиките се плашеа од доминација на муслиманите дури и повеќе отколку што муслиманите се плашеа од власта на Хиндусите; нивното богатство, политичко влијание, религиозна слобода, па дури и физичка безбедност можеа да бидат во опасност. Од муслиманска гледна точка, Сиките претставуваа особена закана, бидејќи нивната воена традиција значеше дека целата машка популација би можело да се смета дека е вооружена [49] .

Сиките беа главно загрижени од безбедносни причини, и така, главно, остана и по 1920-те. При многубројните преговори со различни страни, барањата на Сиките во голема мера варираа во врска со прашања, како што се претставеност во локалниот законодавен дом на Панџаб, границите на Панџаб и претставеност во централниот законодавен дом; но останаа константни во врска со две точки, што беа најосновни за нивната безбедност: (1) создавање политичка единица во која Сиките би биле, ако не мнозинство, барем важни чинители на политичкиот баланс меѓу муслиманите и Хиндусите (односно, сe освен Панџаб во кој мнозинството би биле муслимани); и (2) враќање на традицијата на голема застапеност во војската, без оглед во која држава се [50] .

За да ги остварат овие свои цели, лидерите на Сиките водеа преговори со сите можни фактори: прво, учествуваа во уставните преговори за Индија; потоа, во директни преговори со Конгресната партија. Откако стана јасно дека поделбата е неизбежна, се обидоа да поведат и директни преговори со Муслиманската лига во врска со статусот на Сиките во Пакистан, направија и обид да влијаат врз Британците тие да наметнат безбедносни мерки за Сиките, понудија предлог за независна држава на Сиките, и, најпосле, дадоа предлог за поделба на Панџаб со таква граница што сите Сики би влегле во индиската држава. Сe беше одбиено [51] .

До летото 1947 година, лидерите на Сиките беа очајни. На 2 март коалициската влада на Панџаб составена од Конгресната партија, Сиките, и мешаната Унионистичка партија беше соборена како резултат на кампањата за масовна граѓанска непослушност [52] , што ја организираше Муслиманската лига. Во февруари и март, муслиманите ги нападнаа Хиндусите и Сиките во Лахор и Амритсар, двата најголеми града во централен Панџаб; беа убиени повеќе од 3.000 луѓе [53] . Веројатно најголема закана претставуваше предлогот на Џина, во декември 1946 година, до лидерот на Сиките, Сардар Балдев Синг, муслиманите и Сиките да се обединат за да го освојат целиот Панџаб. Ова можеше само да ги подбуцне најголемите стравувања на Сиките дека муслиманското владеење ќе биде опресивно, и дека муслиманите не би биле задоволни со никаков територијален договор [54] . Најпосле, стана јасно дека договорот за поделба од 3 јуни најверојатно ќе остави речиси 2 милиони Сики во Пакистан.

Тогаш Сиките изработија план, како последен излез, составен од четири точки, за да ја заштитат унилатерално својата национална безбедност: (1) ако исцртаната граница се покаже незадоволителна, да се освои што е можно повеќе од областите населени со Сики во Централен Панџаб, и да се одбиваат што е можно повеќе муслиманските обиди за одземање делови од Источен Панџаб; (2) да се евакуираат повеќето Сики западно од границата; (3) да се елиминира муслиманското население источно од границата, со што би се зголемил процентот на Сики во Источен Панџаб по војната; и (4) подоцна, да се врши притисок врз индиската влада за менување на границите на Источен Панџаб за да се создаде покраина со мнозинство Сики.

Иако не може со сигурност да се потврди постоењето на таков план, постојат докази. Уште во март 1947 година, Пантик партијата на Сиките донесе резолуција дека ќе се бори со Пакистан до крај [55] . Во април почна воена мобилизација, а до јуни сикискиот Акали Фауџ броеше 8.000 лица; освен тоа, британскиот провинциски гувернер добиваше разузнавачки извештаи за план за кампања на терор во Источен Панџаб [56] . Неколку сикиски лидери, вклучително Сардар Балдев Синг, и сикиски претставници во Граничната комисија, јасно ставија до знаење дека нема да ја почитуваат границата доколку е неповолна за нив [57] . Борбите почнаа уште пред да биде објавена граничната линија; почнувајќи од 30 јули, силите на Сиките ги нападнаа муслиманските села во централниот регион околу Лахор и Амритсар, како и муслиманските заедници низ целиот Источен Панџаб [58] . До крајот на август, голем дел од Источен Панџаб беше исчистен од муслиманско население [59] .

Главниот доказ за тоа дека евакуацијата на Сиките од Западен Панџаб била однапред планирана е тоа дека повеќето Сики заминале уште пред да почнат немирите во нивните области; тие, исто така, покажаа дека имаат подобри подготовки отколку муслиманските бегалци, кои бегаа во спротивен правец, и успеаја да избегаат со поголем дел од својот имот и со помалку загуби [60] . По војната, Сиките сочинуваа околу 30 насто од индиската покраина Источен Панџаб, а Хиндусите 70 насто. Сиките потоа вршеа притисок за натамошна поделба на Панџаб со цел да се создаде држава со мнозинстко сикиско население, што беше остварено во 1966 година [61] .

Војната во Панџаб поттикна етничко чистење во соседните покраини. До септември, бегалците кои раскажуваа за воени злосторства го преполнија Делхи и обединетите провинции, доведувајќи до масакри на бегалци муслимани од одмазда, што, пак, доведе до муслимански напади врз Хиндуси и Сики во западнопакистанските градови, како што се Пешвар и Карачи. И двете страни, исто така, напаѓаа бегалски конвои и возови што минуваа низ самиот Панџаб [62] . Сe на сe, беа убиени стотици илјади луѓе, а Индија и Западен Пакистан разменија повеќе од 10 милиони бегалци [63] .

Дополнителна причина за губењето животи во оваа војна беше неуспехот на британската, индиската и пакистанската власт да преземат подготвителни мерки за да ги заштитат бегалците во Панџаб, делумно затоа што сите го потценија степенот на жестокост на војната до која дојде, но исто така и поради тоа што Индијците и Пакистанците не сакаа да легитимизираат размена на население [64] . Индиските погранични сили, предводени од Британија, кои требаа да го контролираат насилството меѓу етничките групи во Панџаб, беа, со своите 50.000 војници, премалкубројни за оваа задача. Не беше организиран транспорт, ниту бегалски кампови. Со недели, индиската влада ги испраќаше возовите со муслимански бегалци директно низ Панџаб, место да го заобиколи [65] .

Ниту во еден миг, ниту една страна не вложи напори да ги заштити бегалците кои минува низ Панџаб, ниту да им испрати како помош храна или да им најде засолниште. Многу животи загубени во Панџаб можеа да бидат спасени да не беа бегалците директно насоченикон центарот на востанието на Сиките. Речиси сите ќе беа спасени ако Британците обезбедеа доволно војници за да ја контролираат провинцијата, или да најдеа сојузници што ќе можеа тоа да го обезбедат. Лекцијата од Панџаб не е дека за размена на население мора да се плати висока цена, туку дека бегалците не треба да бидат присилени да патуваат низ воена зона [66] .

Иако најголем дел од жртвите на конфликтот меѓу етничките заедници, меѓу 1945 и 1947 година, загинаа во војната во Панџаб, уште еден регион на Индија е, исто така, особено важен за оваа анализа. За разлика од Панџаб, поделбата на Бенгал во голем степен ја намали безбедносната криза во провинцијата; им обезбеди на милиони Хиндуси во Западен Бенгал да не мора да живеат под муслиманска власт и, за разлика од Панџаб, поделбата овозможи да се одвојат два посебни региони, при што во секој од нив живееше една етничка група. Што е уште поважно, немаше и трета страна што би се противела на поделбата. Како резултат на тоа, објавувањето независност го намали насилството во Бенгал и ги реши безбедносните проблеми и на двете страни. Повеќе од 5.000 луѓе беа убиени во оваа провинција годината пред да се објави независнот, но многу малку потоа[67] . Меѓу 1947 и 1951 година, 3,5 милиони луѓе беа разменети меѓу Индија и Источен Пакистан со планиран трансфер, без загуба на животи.

Дали поделбата ја зголеми омразата и предизвика нови конфликти? Размената на население, што се одвиваше меѓу 1947 и 1951 ја реши безбедносната криза меѓу Хиндусите и муслиманите низ речиси цела Индија и Пакистан, со оглед на тоа дека во Пакистан останаа многу малку Хиндуси, а во Индија има мал број муслимани, кои живеат далеку едни од други, така што не би можеле ни да замислат да организираат отпор против индиската влада и досега не го направиле тоа. Во Индија сe уште се случува спорадично насилство меѓу Хиндусите и муслиманите, но тоа е на многу ниско ниво, особено во споредба со загриженоста и стравот што и двете страни ги имаа од 1920-те до 1940-те, или во споредба со реалноста на 1945-47 година.

Независноста на Индија и на Пакистан навистина создаде еден нов конфликт, а тоа е борбата за контрола на Џаму и Кашмир. Овој конфликт се случи не затоа што Индија се подели, туку поради тоа што Кашмир, од чие население две третини се муслимани, не се подели. Повлекување граница низ Кашмир ќе беше уште полесно отколку низ Панџаб па дури и низ Бенгал, бидејќи најголемиот дел од хинду населението живее во јужниот дел, Џаму, што се граничи со Индија, а границата меѓу Џаму и останатиот дел од Кашмир е природна граница [68] .

Неуспевањето да се подели Кашмир ја интензивира безбедносната криза на три начини, создавајќи историја на конфликти што сe уште трае. Прво, иако односите меѓу заедниците во Кашмир е подобра отколку во многу други области, а махараџата Хари Синг најпрвин се обиде да оствари независност за Кашмир, до октомври 1947 година секоја од заедниците имаше причина да стравува за својата безбедност. И двете групи знаеја дека и Индија и Пакистан тврдат дека имаат право на Кашмир, и двете имаа слушнато за злосторствата во Панџаб, а некои од војските на махараџата почнаа да го напаѓаат муслиманското население [69] .

Второ, Кашмир се граничи со клучни економски центри и во двете земји, па затоа е стратешки важен. Во октомври махараџата ги покани проиндиските сикиски трупи, а неколку недели подоцна муслимански бунтовници извршија напади од Пакистан. Редовните војски на двете држави интервенираа. Бројот на жртви од борбите достигна 1.500 пред да биде потпишано примирје на почетокот од 1949 година [70] . Индија ја презеде контролата на поголемиот дел од државата, но Пакистан повторно изврши инвазија во 1965 година, и во 1971 година сe уште имаше погранични борби.

Трето, под индиска власт, политиката околу Кашмир сe повеќе ñ се закануваше на безбедноста на сите групи. Од раните 1960-ти години наваму, муслиманите неколкупати побараа автономија, а индиската влада одговараше на тој начин што ја намали локалната власт. На пример, од 1980 до 1982 година, кашмирската власт поддржа предлог со кој им се овозможува на бегалците (т.е. муслиманите) од 1947 година да се вратат, предизвикувајќи стравувања дека Хиндусите и Сиките, што се населиле на претходните имоти на бегалците, ќе бидат избркани. Кога во изборите од 1983 година повторно се врати истата влада, индиската претседателка Иднира Ганди ја отстрани државната власт и институционализира репресивни мерки [71] . Од доцните 1980-ти години наваму, Кашмир непрестано се бори со муслиманските бунтовници, потпомогнати од Пакистан. Убиени се повеќе од 30.000 луѓе, и буквално целото хинду население во Кашмирската Долина (околу 250.000) ги напушти своите домови. Не е познато колку кашмирски муслимани ги поддржуваа бунтовниците, но скоро сите беа против индиската власт [72] . Од мај 1998 година, Кашмир стана центар на меѓусебните индиско-пакистански нуклеарни закани.

Најзначајниот конфликт во самиот Пакистан, по здобивањето независност, стана сецесијата, во 1971 година, на Источен Пакистан (Бангладеш), каде населението зборува бенгалски од западот, каде главно се зборува урду (што, исто така, ја предизвика пакистанско-индиската војна од 1971 година) [73] . Можните објаснувања за овој конфликт се: недемократските институции што му овозможија на Западен Пакистан да доминира во пакистанската политика, реакциите против државната репресија и етничките и лингвистички тензии; но, одговорноста за конфликтот не може да се префрли на одвојувањето на Хиндусите и муслиманите во 1947 година.

Најпосле, и во Индија и во Пакистан живеат и други етнички малцински групи, меѓу кои Сики, Нагаси, Трипури и други во рамките на Индија, како и Балуки, Патани и Мохаџири во рамките на Пакистан, кои вршеа притисок, па дури и организираа бунтови, за своја независност [74] . Некои од овие спорови ñ претходат на независноста, па нема начин да се утврди дали некои од нив би се случиле во контекст на обединета Индија. Има еден исклучок; конфликтот што се разгоре неодамна, главно во градот Карачи, меѓу мохаџирите (бегалци од Индија и нивните потомци) и заедницата на Сиките се должи на поделбата на Индија и на поделбата на население што следеше, и чинеше повеќе од 3.500 животи по 1997 година.

Што требаше да се стори? Проблемот со независноста на Индија не беше поделбата, туку тоа што поделбата не се изврши докрај како што треба. Прво и најважно, не се обезбеди татковина за Сиките, било како независна држава или како провинција на Индија. Иако Сиките сочинуваа само 1,2 проценти од населението во Индија, не можеше да се игрнорираат шест милиони решителни, организирани и вооружени жители како што беа тие, а истовремено да се има надеж за мир. Тешкотијата е во тоа што Сиките не беа апсолутно мнозинство во ниту една област на Панџаб, така што за која и да било татковина што би се планирала за нив би требале да се направат внимателни и темелни планови за размена на население, а со тоа и да се обезбедат ресурси за заштита на бегалците и за преселбите.

Второ, Кашмир требаше да биде вклучен во генералниот план, без оглед на желбите на ма
хараџата. Последица од тоа секако ќе беше тоа што поделбата ќе беше повеќе во прилог на Пакистан отколку онаа до која дојде во војната, и ќе се избегнеше раздвојување на една голема заедница, која истовремено претставува и закана поради незадоволството и е поподложна на опасности.

Палестина и Израел

врати се назад

Војната за независен Израел чинеше 6.000 еврејски животи, и веројатно повеќе од 10.000 арапски животи, а поради неа се раселија повеќе од милион луѓе; околу 750.000 палестински Арапи го напуштија Израел, додека повеќе од половина милион Евреи мигрираа од арапските земји во Израел [75] . Како што беше случајот со Ирска и Индија, оваа цена беше резултат на безбедносните кризи произведени од независноста, а не од поделбата.

Дали поделбата го намали или го зголеми насилството? Ни едното ни другото, немаше ефекти. Малкумина денес би можеле да речат дека поделбата на Палестина можеше да се избегне. По 1946 година, еврејското население почна офанзива што британските сили не можеа да ја контролираат. Беше невозможно да се оствари идеата за обединета независна Палестина, зашто Евреите не би дозволиле власт на арапското мнозинство, а Арапите не би прифатиле никакви договори што би им овозможиле политичка власт на Евреите. Палестинските Арапи организираа големи демонстрации во 1929 година поврзани со овие прашања, како и големо востание од 1936 до 1939 година.

Заминувањето на британските сили од Палестина, со што Арапите и Евреите почнаа да бараат територија, како и постоењето на мешано население во населените области создадоа толку интензивна безбедносна криза што беше сигурно дека ќе избие на граѓанска војна. Во трите главни области населени со Евреи, источна Галилеја, крајбрежниот појас од Хаифа до Тел Авив и Ерусалим, живееше и арапско население и, што е уште поважно, овие области беа разделени едни од други со арапски региони. План за поделба што не би предвидувал размена на население не би можел ништо да стори за да ги реши овие безбедносни кризи, па така и оној план што беше изгласан во Обединетите нации во ноември 1947 година не беше исклучок [76] .

Соочена со оружен конфликт одвнатре, како и инвазија однадвор, еврејската држава можеше да преживее само ако успееше (1) да се прошири доволно за да ги спои своите три главни дела, и (2) да исели голем дел од Арапите од областите населени со Евреи, особено од најстратешките критични области. Шемата на етничко чистење за време на војната ја следеше логиката на безбедносната криза. Лидерите на израелската влада и израелските воени сили на некои места ги охрабруваа арапските жители да останат, на други ги малтретираа или им се закануваа за да си одат, а, пак на трети, присилно ги иселуваа, зависно од стратешките потреби на секое место и време.

Два настани што се случија на временска раздалеченост од само десет недели и од седумдесеттина километри ја илустрираат оваа динамика. Доцна во април, 1948 година, Евреите ја презедоа контролата врз герадот Хаифа, чие население беше мешано. Скоро веднаш потоа, целото арапско население, не само од Хаифа, туку и од сите крајбрежни градови северно од либанската граница, ги напуштија своите домови и избегаа во Либан. Израелската влада беше изненадена и исплашена од овој егзодус, па израелските политичари и војници се обидуваа да го убедат населението да остане [77] . Наспроти тоа, на почетокот од јули, трупите на Хаганах ги опколија арапските градови Лод (Лида) и Рамалах, југоисточно од Тел Авив и ги прогонија сите нивни жители, вкупно 60.000 , во рок од 48 часа, само со она што можеа да го носат со себе [78] .

Разликата во стратешките потреби ја објаснува разликата во однесувањето. Средоземното крајбрежје северно од Хаифа беше сe-арапски регион, без Евреи, што би требало да бидат спасени. Но, Лод и Рамалах лежат настрана од главниот пат Тел Авив-Ерусалим, во време кога еврејскиот дел од Ерусалим беше под опсада, а израелските лидери беа несигурни дали таа ќе може да издржи. Конвоите со намирници и засилување мораа да патуваат низ улиците на двата града, и постојано мораа да си го пробијат патот. Ерусалим не можеше да биде безбеден сe додека овие градови (и извесни други села долж патот) беа во рацете на Арапите [79] .

Војната заврши во 1949 година, кога се смири израелско-арапската безбедносна криза, па дури и скоро целосно се реши, со скоро целосна поделба на двете заедници. Израел обезбеди територија што можеше да се брани, во која беа вклучени главните израелски населби и областите меѓу нив. Останатите 156.000 Арапи сочинуваа не повеќе од 15 проценти од населението на новата држава, и беа неорганизирани и деморализирани, а Израелските Евреи не ги сметаа за опасна закана [80] . Газа, Западниот Брег, и Стариот Град на Ерусалим дојдоа под контрола на египетската и јорданската војска; во овие области не остана ниту еден Евреин.

Дали поделбата предизвика поголема омраза и создаде нови конфликти? По независноста, во Израел немаше големи внатрешни конфликти меѓу етничките групи, но водеше четири војни против соседните држави: во 1956, 1967, 1969-70 и во 1973 година; на двапати окупираше делови од Либан, во 1978 и 1982-85 година; а по 1987 година се соочи со организиран отпор на неговата окупација на Западниот Брег и Газа. Израел постојано е цел на тероризам, а и израелските граѓани извршуваат терористички напади.

Поделбата не играше никаква улога во предизвикување насилство по 1949 година, кое беше последица, едноставно, на постоењето израелска држава. Повеќето Арапи не сакаа да прифатат постојано еврејско присуство во Палестина, додека Израелците стравуваа дека Арапите планираат геноцид врз нив. Но, и покрај војните и тероризмот, повеќето цивили и на двете страни беа безбедни речиси педесет години во текот на најголем дел од времето, што не беше случај пред размената на население. Со текот на времето, многумина и на двете страни се откажаа од екстремното непријателство. Израел потпиша мировни договори со два свои соседа, и има посмирени односи со повеќето други арапски земји отколку што имаше порано.

Новиот конфликт што се појави по независноста на Израел, палестинската интифада, беше во голема мера предизвикана од политиката на Израел да гради еврејски населби на Западниот Брег и во Газа, што за последица имаше мешање на населението онаму каде што различните групи претходно беа одвоени. Пред Ликуд партијата да дојде на власт во 1977 година, повеќето населби се градеа во близина на Зелената линија од 1949-67 година, или како безбедносни истурени позиции во подалечните региони. Но, по 1977 година, забрза темпото на изградба, вклучувајќи воспоставување населби длабоко во региони населени со Арапи. Како најзлокобен случај е населувањето на 400 Евреи сред сто илјадна арапска популација во градот Хеброн. Ова предизвика нова безбедносна криза, и поради тоа што новите населби заземаа сe повеќе територија и поради тоа што за нивна заштита беше потребно да се ограничи слободата на движење меѓу арапските градови [81] .

Што треба да се стори? За да се обезбеди сигурност и за Евреите и за Палестинците, потребно е повторно да се одвои населението со тоа што би се отстраниле еврејските населби што се најдалеку од Израел и што можат да се бранат само со постојана воена репресија врз Палестинците. Овде спаѓаат трите населби во Газа, Хеброн и неколку десеттици други. Не е неопходно да се тргнат сите еврејски населби; голем дел од нив што лежат непосредно преку Зелената линија од Израел и претставуваат предградија на Ерусалим или на крајбрежните места можат да се инкорпорираат во Израел без, притоа, да се вклучат и центрите со арапско население. Онаму каде што населението е раздвоено, полесно е да се поместат границите отколку луѓето [82] . Некои може да имаат замерки на таквите унилатерални прилагодувања на границата врз основа на еднаквоста или правото. Но, тоа би довело до поголема безбедност и за двете страни, а би можело и да им помогне да дојдат до политичката волја да го имплеменитраат мировниот договор од Осло, од 1993 година.

Кипар

врати се назад

Според оние кои ја критикуваат де факто поделбата на Кипар во 1974 година, иако оттогаш немало жртви, поделбата и размената на население сепак го влошиле, а не го подобриле конфликтот: “Поделбата на Кипар е, во основа, долг застој што не може да се одржува и бара присуство на трупи на ОН” [83] .

Всушност, состојбата остана неверојатно стабилна по 1974 година. Имаше само 12 загинати при етничките борби на островот во текот на 24 години [84] . Оваа генерација на мир е крајно спротивна од жестокото етничко насилство во Кипар од 1955 до 1974 година.

Дали поделбата го намали или го зголеми насилството? Пред 1960 година, Кипар беше под британска управа; од населението приближно 80 проценти беа Грци, а 20 проценти Турци. Во 1950-те, главното кипарско движење за независност, ЕОКА, беше грчко движење, чија цел беше обединување со Грција (еносис). Турската заедница, плашејќи се од грчка доминација, преферираше колонијална управа или поделба доколку не можеше да се избегне независноста [85] .

Шемата на населени места на островот придонесе до сериозна безбедносна криза. Иако повеќето села и квартови во поголемите градови беа населени главно од една група, низ островот се проширија грчки и турски населби, со само едно место каде имаше концентрација на Турци кон северот [86] . Како последица од тоа, од 1955 до 1974 година, во Кипар се водеа четири големи рунди граѓанска војна. Прво, со почеток во 1955 година, ЕОКА ги нападна британските сили, Грците “колаборатори” и комунисти, кипарските Турци што служеа во британската полиција, како и целото турско население; турските терористички групи ги напаѓаа грчките цивили. Загинаа најмалку 509 лица пред Британија да даде независност во 1960 година [87] .

Второ, иако уставот на новата држава предвидуваше принципи за поделба на овластувањата и забрануваше еносис, грчките кипарски лидери продолжија да се залагаат за мнозинско грчко владеење, како и за еносис [88] . Власта набргу беше парализирана поради опструктивни тактики и од двете страни, а во 1963 година кипарските Грци го отфрлија уставот и воспоставија нова, сe-грчка власт. Во декември 1963 година, повторно изби граѓанска војна, а грчките сили набргу ја презедоа контролата врз речиси целата земја освен неколку градови во северниот дел од островот. Во август 1964 година, Турските воздухопловни сили ја запреа офанзивата против единствениот преостанат излез на море на кипарските Турци. Загинаа најмалку 550 луѓе, а 25.000 кипарски Турци станаа бегалци. Од 1964 до 1968 година, повеќето од турските енклави беа под де факто економска блокада[89] .

Трето, по воената мобилизација на кипарските грчки националисти, вклучувајќи и 12.000 војници од Грчката армија испратени во Кипар како застрашување за натамошно турско вмешување, кипарските грчки сили повторно ги нападнаа турските села во април и ноември 1967 година [90] . Турција одговори со тоа што се закануваше дека ќе изврши воздушни напади и ќе испрати копнени трупи. Овој пат беше постигнат договор со посредство на Соединетите Американски Држави и ОН за повлекување на единиците на Грчката армија, а во 1968 година беше укината рестрикцијата за движење на кипарските Турци. Меѓу 1964 и 1968 година загинаа околу 600 луѓе [91] . Од 1968 до 1974 година двете страни водеа директни преговори, но кипарските Грци не се откажуваа од еносис, а Туците не го прифаѓаа [92] .

Најпосле, во 1971 година, нова кипарска националистичка организација, ЕОКА Б, поддржана од воената хунта што владееше во Атина, почна терористички напади. На 15 јули, 1974 година, Макариос беше отфрлен од власт со крвав пуч [93] . Непознат број луѓе, веројатно неколку стотици, беа убиени. За претседател беше назначен Никос Сампсон, ултрадесничар, познат како предводник на масакрите во 1963-64 година. На повидок беше жестоко насилство низ целиот остров [94] .

Потоа, турските сили извршија инвазија врз Кипар и зазедоа 37 проценти од островот, создавајќи, на северот, зона под контрола на Турците. Владата на Сампсон доживеа крах, а Макариос повторно ја презеде власта. Во оваа операција загинаа околу 1.000 луѓе, главно припадници на Кипарската национална гарда и грчки цивили, не многу помалку од балансот на загинатите во претходните дваесет години. Но, инвазијата спаси илјадници што најверојатно ќе беа убиени ако човек како Сампсон ја спроведеше својата програма. Околу 200.000 грчки бегалци се преселија јужно од границата, а околу 60.000 кипарски Турци се преселија на север [95] . Иако турската инвазија беше мотивирана делумно од националистички а не хуманитарни причини, спаси животи; за среќа, никогаш нема да знаеме колку.

Дали поделбата ја зголеми омразата и предизвика нови конфликти? Кипарските Грци сe уште ја немаат прифатено поделбата на Кипар, а ниту една држава освен Турција не ја признава Турската Република Северен Кипар. Се одржаа неколку рунди преговори, во кои Турците понудија да вратат дел од територијата и да го обединат Кипар како лабава федерација, но овие предлози не се прифатени од грчка страна.

И покрај тоа што не се случи помирување, состојбата остана мирна, како и безбедна во текот на една генерација. И двете страни знаат дека гарнизоните на Турската армија на северот би можеле да се справат со евентуална иредентистичка офанзива, а ниту една страна не покажа подготвеност да ја прекине сегашната состојба на работите.

ПОЛИТИКАТА НА ДРЖАВИТЕ НАСЛЕДНИЧКИ

врати се назад

Оние кои ја критикуваат размената на население и поделбите ги преценуваат ризиците што овие “лекови” му ги поставуваат на политичкиот развој. Има две главни области што треба да се земат предвид: демократизација и третман на етничките малцинства.

Четирите поделби што ги проучувавме овде произведоа девет, де јуре или де факто, држави наследнички: Република Ирска, Северна Ирска, Индија, Пакистан, Бангладеш, Израел, Палестинска Управа, Кипар и Турска Република Северен Кипар. Степенот до кој политичките институции на овие држави можат да се квалификуваат како демократски најлесно се мери со степенот до кој тие одржуваат повремени слободни избори што може да го измени составот на владата и нејзината политика, а чии резултати нема да се сменат насилно, како, на пример, со пуч [96] . Од деветте новосоздадени земји, пет (Ирска, Северна Ирска, Индија, Израел и Кипар) имаат политички институции што ги задоволуваат квалификациите за демократија. Четири (Пакистан, Бангладеш, Палестинската Управа и Турска Република Северен Кипар) не ги исполнуваат целосно, но дури ни тие не се помалку демократски отколку нивните држави претходнички, со чија поделба произлегле, и сите се барем исто толку демократски колку и повеќето нивни соседи.

Иако Пакистан и Бангладеш отсекогаш номинално имале демократска форма, и двете биле под воена власт нешто помалку од половина од времето откако станале независни (Пакистан 1958-71 и 1977-88, а Бангладеш 1975-86). Наспроти тоа, британската колонијална власт во Индија стана, сe до поделбата, во голема мера демократска на ниво на провинциите, иако не на национално ниво. Пакистан и Бангладеш имаат демократски квалификации што се барем исто толку силни колку и оние во која било држава од Јужна, Југоисточна или Централна Азија, или, пак, на Блискиот Исток. Три исклучоци се Индија и Израел (исто така создадени со поделба) и, во извесен степен, Шри Ланка.

Иако не се појави сe до Договорот од Осло во 1993 година, Палестинската Управа може да се смета за де факто држава наследничка на поделбата на палестинскиот мандат. Додека Палестинската Управа номинално има демократска форма, таму сe уште немало смена на лидерството, а слободното политичкото изразување е под репресија. Но, нема лоши оценки ако се спореди со британската власт, за време на која немаше институција со избрани претставници над нивото на општина, или, пак, ако се спореди со други арапски држави[97] . Можеме, исто така, да зборуваме за тоа дали поделбата од 1947 година имаше влијание врз политичкиот развој во соседните држави што добија територија или прифатија бегалци. Има малку докази за тоа, бидејќи ниту една од овие држави, освен Либан, немаше демократски институции било пред или после поделбата [98] .

Турска Република Северен Кипар, исто така, има демократски форми, но ни таму никогаш немало смена на власт. Од друга страна, пред поделбата во 1974 година, во обединетиот, формално демократски Кипар, исто така, немаше смена на власт, а на турското малцинство не му се даваше политичка улога [99] . Во споредба со демократските квалификации на нејзините соседи долж брегот на Средоземното Море, оние на Турска Република Северен Кипар се над просекот.

Дури и онаму каде што има демократски форми, мораме да прашаме дали малцинството има право на глас. Четири од овие девет држави наследнички имаат значително малцинско население. Во Република Ирска и во Индија, за малцинствата не постојат бариери за учество во политичкиот живот, иако владата на Индија ги забрани сецесионистичките партии, што му се закануваа на територијалниот интегритет на земјата.

Арапските граѓани во Израел се соочуваат со голема репресија, најизразена во првите 15 години од поделбата. Иако беа укинати многу формални дискриминациски практики, сe до неодамна на Арапите им беше забрането политичко влијание со неформално разбирање дека партиите што зависат од гласовите на Арапите не можат да бидат дел од владејачката коалиција [100] . Сепак, во последните неколку години, овие бариери се олабавени. Коалицијата која ја предводеше Лабуристичката партија, која владееше со Израел од 1992 до 1996 година зависеше од поддршката на две арапски партии, а арапските гласови скоро ги решија изборите за премиер во 1996 година меѓу Шимон Перез и Бенјамин Нетанјаху, во кои Нетанјаху водеше со 11 проценти меѓу еврејските гласачи, но ги доби изборите со предност од само 0,9 проценти [101] .

Во Северна Ирска, католиците немаа големи проблеми да учествуваат во политиката на национално ниво, но пет децении нивното влијание во покраинската власт и локалните тела беше сведена на лажирање на изборите, особено во градовите Лондондери и Белфаст, како и во некои рурални области, каде што католиците беа мнозинство. Освен тоа, законот за претставување на народот” од 1946 година им го укина правото на глас на некои категории потенцијални гласачи, главно католици. Оваа злоупотреба на власта во голема мера заврши со наметнувањето директна британска власт во 1972 година [102] .

Иако овие рестрикции на правата на малцинствата се сериозни, репресијата врз малцинствата најверојатно ќе беше поголема во секој од овие случаи ако не се направеше поделба и размена на население. Дури и да замислиме дека ќе беше можно во 1947 година да се создаде власт на обединета Палестина што би се однесувала кон еврејското малцинство поумерено отколку што Израел се однесуваше кон Арапите, Евреите гледаа на арапската власт како на огромна опасност, што таа ќе можеше да се воведе само со уништување на сите капацитети на Евреите да ñ се спротивстават. Дури на почетокот таквата власт и да имала некакви тенденции кон толеранција, секако ќе беше поткопана од насилството и меѓусебниот страв за безбедноста генериран во процесот на воспоставување контрола. Проблемот на протестантите во обединета Ирска ќе беше ист [103] .

Предизвици за раздвојување и поделба

врати се назад

Оваа анализа укажува на три лекции за справување со етнички граѓански војни. Прво, треба да го идентификуваме прагот на насилството меѓу групите и нивните меѓусебни закани за безбедноста, после кој мора да прибегнеме кон раздвојување и поделба, а тој праг треба да го одредиме конзервативно: никој не сака да раздвои различни заедници, дури ни ако имаат големи проблеми, доколку постои каква било надеж дека може да се избегне масовно насилство и да се одржува мир. Теоријата и доказите претставени овде може да ни помогнат да идентификуваме случаи што јасно минуваат преку овој праг; но, со оглед на тоа дека не постои полно развиена теорија за причините на меѓуетничкото непријателство во мирновременски услови, не можеме да знаеме точно каде лежи вистинскиот праг.

Дури и ова ограничено знаење е корисно. Мораме да прибегнеме кон поделба на населението во случаи што веќе предизвикале висок степен на насилство и интензивини безбедносни кризи, иако во некои случаи можеби подоцна би посакале да сме реагирале порано, а додека во други случаи не можеме да решиме дали да дејствуваме или не.

Второ, додека овдешните заклучоци не сугерираат дали поделбата треба да се случува повеќе или помалку често, сепак укажуваат на тоа дека поделбата никогаш не треба да се направи ако националните заедници не се веќе во голема мера одвоени. Поделбите што не ги раздвојуваат непријателските групи, во реалноста го зголемуваат насилството, како што тоа се случи во Северна Ирска, Кашмир и Палестина, и кога Хрватска и Босна се одвоија од Југославија. Од есенцијална важност е и тоа границите да можат да се бранат; планот за поделба на Палестина, што го изработи ОН, според кој и двете страни добија три неповрзани парчиња територија, единствено што успеа е да предизвика крвава граѓанска војна [104] .

Во сите четири случаи за кои говоревме, поделбата долж етнички линии го намали насилството. Онаму каде што населението живееше одделно, насилството не беше толку интензивно како онаму каде што беше измешано. Кога се раздвоија завојуваните страни, било преку планирана размена на население, било преку етничко чистење, насилството се намали. Освен во оние региони каде што непријателските заедници останаа измешани, во сите четири случаи насилството е помало отколку што било пред поделбата, и сите страни помалку очекуваат насилство отколку што претходно очекувале.

Најпосле, искуството со размена на население и поделби во дваесеттиот век зборува за големи промени во начинот на кој ги третираме бегалците од етничките војни. Меѓународната заедница треба да престане да се обидува да го спречи движењето на бегалци од заканите од етнички масакри, и, место тоа, треба да го поддржи и да го помогне нивното преселување. Политиката на УНХЦР да донесе “безбеност на луѓето, а не луѓе на безбедно” не може да се имплементира во етнички војни, а обидите во тој правец најчесто ги чинат животите на истите оние луѓе што требало да се спасат. Загриженоста дека помагањето на бегалските движења претставува поддршка за етничкото чистење е, исто така, последица на погрешен заклучок. Етничкото чистење може да биде запрено само со војска на теренот, што би била доволно силна да ги порази оние кои го вршат етничкото чистење. Инаку, ако на оние кои вршат етничко чистење им се отежни бркањето на другата етничка група, тоа само ќе ги наведе да ги засилат своите акции.

На сличен начин, меѓународната заедница треба да престане да врши притисок врз победниците во етничката војна да ги примат назад бегалците, и треба да престане да ги притиска бегалците да се вратат кога се плашат за својот живот. По една етничка војна, репатријацијата на голем број бегалци на територијата што е под контрола на другата група може да предизвика нова ескалација на судирите, на тој начин повторно создавајќи ја истата безбедносна криза што придонесла конфликтот да ескалира [105] .

Забелешки

врати се назад

[1] John J. Mearsheimer, “Shrink Bosnia to Save It”, New York Times, March 31, 1993; Mearsheimer and Stepher W. Van Evera, “When Peace Means War”, New Republic, December 18, 1995, pp. 16-21; Robert M. Hayden, “Schindler’s Fate: Genocide, Ethnic Cleansing, and Population Transfers”, Slavic Review, Vol. 55, No. 4 (Winter 1996), pp. 740-742; Ivo H. Daalder, “Bosnia after SFOR: Options for Continued U.S. Engagement”,Survival, Vol. 39, No. 4 (Winter 1997-98), pp. 5-18; Robert A. Pape, “Partition: An Exit Strategy for Bosnia”,Survival, Vol. 39, No. 4 (Winter 1997-98), pp. 25-28; and Michael O’Hanlon, “Turning the Cease-fire into Peace”, Brookings Review, Vol. 16, No. 1 (Winter 1998), pp. 41-44. Дури и оние аналитичари што се спротивставуваат на поделбата на Босна признаваат дека ќе биде многу тешко да се реинтегрираат поделените народи. Види Charles G. Boyd, “Making Bosnia Work”, Foreign Affairs, Vol. 77, No. 1 (January/February 1998), pp. 42-55; Susan L. Woodward, “Avoiding Another Cyprus or Israel”, Brookings Review, Vol. 16, No. 1 (Winter 1998), pp. 45-48; and Jane M. O. Sharp, “Dayton Report Card”, International Security, Vol. 22, No. 3 (Winter 1997/98), p. 133. Flora Lewis, “Reassembling Yugoslavia”, Foreign Policy, No. 98 (Spring 1995), pp. 132-144, зборува дека Босна може да се реинтегрира.

[2] Barry R. Posen, “The Security Dilemma and Ethnic Conflict”, in: Michael E. Brown, ed., Ethnic Conflict and International Security (Princeton, N.J.: Princeton University Press, 1993), pp. 103-124; Chaim Kaufmann, “Possible and Impossible Solutions to Ethnic Civil Wars”, International Security, Vol. 20, No. 4 (Spring 1996), pp. 136-175; and Daniel L. Byman, “Divided They Stand: Lessons about Partition from Iraq and Lebanon”,Security Studies, Vol. 7, No. 1 (Autumn 1997), pp. 1-29. Види исто така Myron S. Weiner, “Bad Neighbors, Bad Neighborhoods: An Inquiry into the Causes of Refugee Flows”, International Security, Vol. 2, No. 1 (Summer 1996), pp. 37-38; and Clive J. Christie, “Partition, Separatism, and National Identity”, Political Quarterly, Vol. 63, No. 1 (January-March 1992), pp. 68-78. За тоа зошто раздвојувањето може да ги реши етничките конфликти, но не и идеолошките граѓански војни, види Chaim Kaufmann, “Intervention in Ethnic and Ideological Civil Wars”, Security Studies, Vol. 6, No. 1 (Autumn 1996), pp. 62-103.

[3] Radha Kumar, “The Troubled History of Partitions”, Foreign Affairs, Vol. 76, No. 1 (January/February 1997), pp. 22-34.

[4] Posen, “Security Dilemma and Ethnic Conflict”, pp. 108-111

[5] Процесите на војна, особено извештаите за вистински или наводни злосторства извршени од страна на непријателите исто така претставуваат пречка за остварување на етничкиот идентиет и ги зацврстуваат непријателството и недовербата, создавајќи натамошен страв од закани; ваквиот ефект се одржува долго време, дури и откако ќе завршат борбите на теренот. Kaufmann, “Possible and Impossible Solutions”, pp. 141-145, 150-151.

[6] За натамошни видови предложени решенија за етнички конфликти, види Donald. L. Horowitz, “Making Moderation Pay”, in: Joseph V. Montville, ed., Conflict and Peacemaking in Multiethnic Societies (New York: Lexington Books, 1991), pp. 451-476; Arend J. Lijphart, “The Power-Sharing Approach”, in: ibid. pp. 491-510; Gidon Gottlieb, Nation against State (New York: Council on Foreign Relations, 1993); and I. William Zartman, “Putting Things Back Together”, in: Zartman, ed., Collapsed States: The Disintegration and Restoration of Legitimate Authority (Boulder, Colo.: Lynne Rienner, 1995), pp. 267-273. За анализа што се фокусира на перцептуалните, а не на структуралните аспекти на меѓуетничките безбедносни дилеми, и предлага решенија засновувани врз градење на институции и доверба, види David A. Lake and Donald Rothchild, “Containing Fear: The origins and Management of Ethnic Conflict”, International Security. Vol. 21, No. 1 (Fall 1996), pp. 41-75.

[7] Иако, во принцип, политичкото уредување може да се базира или врз регионална автономија или врз одделен суверенитет, во практиката демографската поделба е придружена со раздвојување, заради три причини. Прво, едната страна често ќе инсистира на поделба. Второ, секогаш кога меѓународната заедница ќе интервенира за да ја олесни размената на население, ќе треба да прецизира граници, без оглед дали тие ќе се наоѓаат меѓу региони што треба да станат автономни покраини или меѓу независни држави. Трето, давањето суверенитет обично ќе ја подобри способноста на групата да ја сочува својата безбедност поради тоа што меѓународнот право претпочите суверени држави.

[8] UNHCR, “Working Document for the Humanitarian Issues Working Group of the International Conference on the Former Yugoslavia” (Geneva: UNHCR, 1992). Според поранешниот генерален секретар на ОН, Бутрос Бутрос Гали, „Новата опасност која ќе се појави во светот во следните десет години е повеќе фрагментација. Нема да успееме да постигнеме никаков економски развој, а да не спомнувам повеќе гранични спорови“. “UN Chief Fears World Could Split into 400 Mini-states”, Montreal Gazette, September 21, 1992. За меѓународното однесување кон сецесионистичките движења, види Lee C. Buchheit, Secession: The Legitimacy of Self-Determination (New Haven, Conn.: Yale University Press, 1978).

[9] Robert Schaeffer, Warpaths: The Politics of Partitiion (New York: Hill and Wang, 1990); Amita Etzioni, “The Evils of Self-Determination”, Foreign Policy, Vol. 73, No. 3 (May/June 1994), pp. 110-112; and Kumar, “Troubled History of Partition”.

[10] Според други критики, раздвојувањето, ги уништува изгледите за натамошен економски развој и оти меѓунардоната поддршка за одвојувањето во еден случај може да создаде т.н. “морална опасност” што би поттикнала активности на сецесионистички движења. За овие прашања види Kaufmann, “Possible and Impossible Solutions”, pp. 170-173.

[11] Тврдењата и на двете страни во оваа дебата за ефектите на политичкиот развој најдобро може да се разберат како “различни, но исто важни”, со оглед на тоа дека политичкиот развој, исто така, зависи од бројни неетнички фактори, како што се економски развој, распределба на приходи, политички институции, итн.

[12] Следнава дискусија обрнува големо внимание на улогите на малцинските заедници во секој од случаите, бидејќи обично малцинствата се оние чија безбедност е најпогодена и кои вршат најголем притисок за раздвојување.

[13] Alan J. Ward, The Easter Rising (Arlington Heights: AHM Publishing, 1980), p. 13.

[14] Michael Hughes, Ireland Divided: The Roots of the Modern Irish Problem (New York: St. Martin’s Press, 1994), p. 49; and Ward, Easter Rising, p. 126.

[15] J. J. Lee, Ireland, 1912-1985: Politics and Society (Cambridge, U.K.: Cambridge University Press, 1989), p. 69.

[16] Patrick Buckland, Ulster Unionism and the Origins of Northern Ireland (Dublin: Gill and Macmilan, 1973), p. 176; and Charles Townshend, The British Campaign in Ireland, 1919-1921 (London: Oxford University Press, 1975), p. 342.

[17] Попис од 1911 година, од кој резултатите се наведени во Buckland, Ulster Unionism, pp. 179-180.

[18] Ibid.

[19] Buckland, Ulster Unionism, p. 176; D. G. Pringle, One Island, Two Nations? (Letchworth, U.K.: Research Studies Press, 1985), pp. 239-242; and Frank Gallagher, The Invisible Island (London: Victor Gollancz, 19570), pp. 225-265.

[20] J. Bowyer Bell, The Secret Army, 1916-1970 (New York: John Day, 1971), pp. 29-66; and Dennis Kennedy, The Widening Gulf: Northern Attitudes to the Independent Irish State, 1919-49 (Belfast: Blackstaff Press, 1988), pp. 72-77.

[21] Во изборите во јуни 1922 година, најекстремната националистичка партија, фракцијата на Шин Фејн која ја предводеше Имон де Валера, доби само 36 парламентарни места наспроти 92 места што ги добија другите, но дури ни Валера не се залагаше за жестока акција против Северна Ирска. И самата ИРА не беше обединета; на итната конвенција што се одржа во јуни се гласаше, со мала предност, против востание. Bell, Secret Army, pp. 30-34.

[22] Кога во март 1914 година британската власт се обиде да испрати трупи за да ги засили оружените бази во Алстер, повеќето од офицерите што ја добија ваквата наредба се побунија. Министерот за воени работи Џ.Е.Б. Сили, врховниот командант сер Хенри Вилсон, и командантот сер Џон Френч беа на страната на бунтовниците, уверувајќи ги дека нема да биде употребена сила против Алстер. Кога им беше наредено да го повлечат ова ветување, Сили и Френч поднесоа оставки, поради што постоеше закана од масовни оставки на воените офицери. Во тој момент, постоеше огромен ризик од целосен расцеп во Британската војска. Elizabeth A. Muenger, The British Military Dilemma in Ireland: Occupation Politics, 1886-1914(Lawrence: University Press of Kansas, 1991), pp. 168-172, 188-191; and Hughes, Ireland Divided, pp. 34-36.

[23] Buckland. Ulster Unionism, p. 64; Townshend, Political Violence, p. 343; and Gallagher, The Invisible Island.

[24] John F. Galliher & Jerry L. DeGregory, Violence in Northern Ireland: Understanding Protestant Perspectives (New York: Holmes and Meier, 1985), p. 10.

[25] Townshend, Political Violence, pp. 252-255; and Muenger, British Military Dilemma, p. 177.

[26] Hughes, Ireland Divided, p. 35

[27] Townshend, British Campaign in Ireland, pp. 189-192; and Sheila Lawlor, Britain and Ireland, 1914-1923(Dublin: Gill and Macmillan, 1983), pp. 85-86.

[28] Во 1991 година, 82 насто од граѓаните беа подготвени да го одложат создавањето сојуз ако тоа би помогнало да се постигне мир на северот. Ова се резултатите од Market Research Bureau of Ireland, што се објавени во Gemma Hussey, Ireland Today (Лондон: Викинг, 1993), пп. 186-188. Во една анкета спроведена во 1996 година, само 38 проценти од анкетираните поддржуваа унификација. Carl Homore, “Desire for Union Now a Need for Peace”, Houstone Chronicle, September 22, 1996.

[29] Richard W. Mansbach, ed., Northern Ireland: Half a Century of Partition (New York: Facts on File, 1973).

[30] Joseph Ruane and Jennifer Todd, They Dynamics of Conflict in Northern Ireland: Power, Conflict, and Emancipation (Cambridge, U.K.: Cambridge University Press, 1996), p. 1.

[31] Ireland: Statistical Abstract, 1995 (Dublin: Stationery Office, 1995), pp. 55, 409.

[32] “Dublin Parliament Poised for Peace Poll Go-Ahead”, Press Association, April 21, 1998; and Frank Millar, “Blair and Trimble Appeal to Undecided Unionists”, Irish Times, May 21, 1998.

[33] Lawlor, Britain and Ireland, 1914-1923, pp. 124-126; and D. W. Harkness, Ireland in the Twentieth Century: Divided Island (New York: St. Martin’s Press, 1996), pp. 34-37.

[34] Од 1924 до 1925 година функционираше Гранична комисија, но беше ограничена да дава предлози само за мали промени, па дури ни тие не беа имплементирани. Report of the Irish Boundry Commission, 1925(Shannon: Irish University Press, 1969).

[35] Paul R. Brass, Language, Religion, and Politics in North India (London: Cambridge University Press, 1974); Mushirul Hasan, Nationalism and Communal Politics in Indija, 1916-1928 (Columbia Mo.: South Asia Books, 1979); Gyanendra Pandy, The Construction of Communalism in Colonial North India (Delhi: Oxford University Press, 1990); and Milton Israel, Communications and Power: Propaganda and the Press in the Indian Nationalist Struggle, 1920-1947 (Cambridge, U.K.: Cambridge University Press, 1994).

[36] Индиско-муслиманската безбедносна криза беше најостра во појасот на Северна Индија, каде што процентот на мулимани беше меѓу 20 и 60 насто. На југот, каде што муслиманските насилства беа доста малубројни, немаше големи безбедносни кризи, и имаше мал степен на насилството пред, за време на и по поделбата.

[37] Census of India, 1931, Vol. 1, Part 1 (Delhi: Manager of Publications, 1933), p. 392.

[38] H. V. Hodson, The Great Divide: Britain-India-Pakistan (Oxford, U.K.: Oxford University Press, 1985), p. 59.

[39] Џина, исто така, бараше една третина од местата во централното законодавство и најмалку 75 проценти муслимани да гласаат во прилог на некоја одлука, за законодавниот дом да може да ја донесе. Иако Џина не доминираше во муслиманската политика сe до многу подоцна, поширока средба на неколку муслимански групи во 1927 година се согласи на слична програма. V. P. Menon, The Transfer of Power in India (Princeton, N. J.: Princeton University Press, 1957), pp. 36-37; Uma Kaura, Muslims and Indian Nationalism (Columbia, Mo.: South Asia Books, 1977), pp. 29-30; and R. J. Moore, The Crisis of Indian Unity, 1917-1940 (Oxford, U.K.: Claredon Press, 1974), pp. 24-25.

[40] Aga Khan at Second Round Table Conference, 1931 – Kaura, Muslims and Indian Nationalism, pp. 72-73.

[41] Moore, Crisis of Indian Unity, pp. 101-104; Uma Kaura, Muslims and Indian Nationalism, pp. 42-51; R. Coupland, The Indian Problem: Report on the Constitutional Problem in India, Vol. 2 (New York: Oxford University Press, 1944), p. 125; and Hasan, “Communalist and Revivalist Trends in Congress”, p. 210.

[42] Конгресната партија презеде контрола врз седум провинции. Потоа, зазеде позиција дека ги претставува сите индиски националисти, па нејзините муслимански припадници, а не Џина или другите, беа вистински застапници на муслиманското мислење и интереси. Но, всушност, се натпреваруваше за само 58 од 482 муслимански места, а освои 26. Hodson, The Great Divide, pp. 66-72; Return Showing the Results of the Elections of 1937, Cmd. 5589, cited in Coupland, Indian Problem, pp. 15-16, 121-123.

[43] Rajendra Prasad, India Divided (Bombay: Hind Kitabs, 1946), pp. 146-152; and Stanley Wolpert, Jinnah of Pakistan (New York: Oxford University Press, 1984), pp. 164-169.

[44] Kaura, Muslims and Indian Nationalism, pp. 128-129.

[45] На изборите во 1946 година, Муслиманската лига ги доби скоро сите муслимански места во централното собрание. Во локалниот законодавен дом во Панџаб, доби 79 од вкупно 86 муслимански места, додека мешаната Панџабска унионистичка партија падна од 99 места во 1937 година, на 18. E.W.R. Lumby, The Transfer of Power in India, 1942-7 (London: George Allen and Unwin, 1954), pp. 69, 145-148.

[46] Ibid., pp. 162-164.

[47] Census of India, 1931, Vol. 1, Part 1, pp. 387, 392; Census of India, 1941 (Delhi: Manager of Publications, 1943); Anup Chand Kapur, The Punjab Crisis (New Delhi: S. Chand, 1985), pp. 39, 43.

[48] Сикизмот се претвори од чисто религиозно движење во дистинктивна, милитантна заедница како одговор на муслиманското владеење; Сиките се бореа речиси непрестано 250 години против муслиманските принцеви од околу 1600 година наваму. Сики владетелите го контролираа Панџаб стотина години пред британската колонизација во 1849 година, и во дваесеттиот век сe уште беа познати по суровата репресија на своите муслимански поданици. Сикиски трупи помогнаа и при задушувањето на муслиманските бунтовници за време на Сепој бунтот во 1857-58 година. Kapur, Punjab Crisis, pp. 6-9; Hodson, Great Divide, pp. 18-20.

[49] Според својата традиција, Сиките мора постојано да носат церемонијални мачеви, и да се фатат на оружје кога е потребно да се брани правдата. Сиките, исто така, сочинуваа несразмерно голем дел од Индиската војска: 13 проценти во 1930 година во споредба со малку повеќе од еден процент од населението. Kapur, Punjab Crisis, p. 7, 20.

[50] Ibid., pp. 51, 98, 111.

[51] Ibid.; Satya M. Rai, Partition of the Punjab (New York: Asia Publishing House, 1965), pp. 37-38; Lumby,Transfer of Power, 1942-47, pp. 185-186.

[52] Немирите почнаа кога, во јануари, владата се обиде да ги разоружа Муслиманските национални гарди. Ian Talbot, Khizr Tiwana, the Punjab Unionist Party, and the Partition of India (Surrey, U.K.: Curzon Press, 1996), pp. 68, 148, 154-161.

[53] Ова насилство беше делумно поттикнато од повиците на лидерот на Сиките Мастер Тара Синг во провинциското собрание на 4 март за “Смрт за Пакистан” и “Чистите ќе владејат, нема да остане никој што се спротивставув”. Penderel Moon, Divide and Quit: An Eyewitness Account of the Partition of India (London: Chatto and Windus, 1962), p. 77.

[54] Singh, Origins of Partition, pp. 205-206; Lumby, Transfer of Power, 1942-7, p. 186.

[55] Ова беше единствената организирана партија на Сиките, која држеше 22 од вкупно 33 места на Сиките во собранието на Панџаб. Talbot, Punjab and the Raj, p. 227; Rai, Partition of Punjab, p. 40; Kapur, Punjab Crisis, p. 50.

[56] До јуни, хинду РССС имаше 58.000 лица, а Националните гарди на Муслиманската лига – 39.000. Talbot, Punjab and the Raj, pp. 232-233.

[57] Talbot, Punjab and the Raj, p. 232; Hodson, Great Divide, p. 338.

[58] Иако овие борби не влијаеја врз конечната одлука за граничната линија, изгледа дека силите на Сиките привремено окупираа некои области западно од граничната линија. Talbot, Punjab and the Raj, p. 233-234;The Sikhs in Action (Lahore: Superintendent of Government Printing, 1948); Moon, Divide and Quit, p. 151-152.

[59] Мислењето на Мун е дека Сиките намерно правеле простор за два милиони бегалци од Пакистан.Divide and Quit, p. 279-280.

[60] Hodson, Great Divide, p. 411; Moon, Divide and Quit, pp. 122, 281.

[61] Kapur, Punjab Crisis, pp. 149-183. Со ова не заврши конфликтот за степенот на автономија на Сиките, поради што повторно изби насилство меѓу 1980 и 1992.

[62] Во многу области, избегаа дури и полицијата и официјалните лица од “погрешната” заедница. Menon,Tranfer of Power, pp. 419-423; Hodson, Great Divide, p. 406; Lumby, Transfer of Power, 1942-7, pp. 193-195.

[63] Постојат некои несогласувања околу бројот на умрените. Ходсон го проценува на 200.000, Мун на помалку од тоа. Лумби вели “стотици илјади”, а Високиот суд на Индија проценува 500.000, додека пакистанската влада тврдеше дека само бројот на муслимански бегалци е 500.000. Кумар вели дека умреле повеќе од милион луѓе. Hodson, Great Divide, p. 418; Moon, Divide and Quit, pp. 268-269, 293; Lumby,Transfer of Power, 1942-7, p. 199; Sikhs in Action, предговор; Kumar, “Troubled History”, p. 26.

[64] Rai, Partition of the Punjab, pp. 73-75.

[65] Hodson, Great Divide, p. 412; Rai, Partition of the Punjab, p. 79; Moon, Divide and Quit, pp. 278-279.

[66] Бери Поусен дава формула што може да се употреби за да се процени бројот на трупи што се потребни за да се заштитат бегалци кои се движат од едно место на друго, а во овој случај околу 250.000. Posen, “Military Resoponse to Refugee Flows”, International Security, Vol. 21, No. 1 (Summer 1996), p. 106, n. 51.

[67] Иако извештаите се нецелосни, најверојатно вкупниот број на мртви во насилствата меѓу етничките заедници во Индија во 1946-47 година, неповрзани директно со граѓанската војна во Панџаб, изнесува околу 20.000. Suranjan Das, Communal Riots in Bengal, 1905-1947 (Delhi: Oxford University Press, 1993), pp. 167-205; Francis Tuker, While Memory Servs (London: Cassel, 1950), pp. 424-426; Keesing’s Contemporary Archives, January 17-24, 1948, p. 9049; Menon, Transfer of Power, pp. 294, 435-445; Lumby, Transfer of Power, 1942-7, pp. 120-122.

[68] Majid Husain, Geography of Jammu and Kashmir State (New Delhi: Rajesh Publications, 1987), p. 54.

[69] Sumit Ganguly, The Origins of War in South Asia: Indo-Pakistani Conflicts since 1947 (Boulder, Colo.: Westview Press, 1994), pp. 34-35, 42.

[70] Alastair Lamb, Kashmir: A Disputed Legacy, 1846-1990 (Hertingfordbury, U.K.: Roxford Books, 1991), pp. 131-136; Ganguly, Origins of War in South Asia, pp. 13-14.

[71] Не помогна ниту доаѓањето на муслиманските бегалци во 1983 година, кои избегаа од масакрот во Асам и индискиот напад, во 1984 година, врз Златниот храм на Сиките во Амритсар. Sumit Ganguly, The Crisis in Kashmir: Portents of War, Hopes for Peace (Washington, D.C.: Woodrow Wilson Center Press, 1997), pp. 76-90; Lamb, Disputed Legacy, pp. 327-330.

[72] Ganguly, Crisis in Kashmir, pp. 107-108, 133, 152-156; “India and Pakistan Plan Kashmir Talks”, New York Times, June 24, 1997.

[73] Ganguly, Origins of War in South Asia, p. 58.

[74] Myron Weiner, Sons of the Soil: Migration and Ethnic Conflict in India (Princeton, N.J.: Princeton University Press, 1978).

[75] Chaim Herzog, The Arab-Israeli Wars (New York: Random House, 1982), p. 108; Walid Khalidi, All That Remains: The Palestinian Villages Occupied and Depopulated by Israel in 1948 (Washington, D.C.: Institute for Palestine Studies, 1982), p. 582; Joseph P. Schechtman, The Refugee in the World: Displacement and Integration(New York: Barnes; Yoseloff, 1964), p. 262.

[76] Според планот, Палестина требаше да се подели на осум делови: три главно еврејски и три главно арапски енклави, при што ниту една од еврејските ниту од арапските енклави не се допираа едни со други. Седмата мала арапска енклава (градот Џафа) е опкружен со еврејска територија, а осмата (“интернационализираниот” Ерусалим) со арапска територија. T. G. Fraser, Partition in Ireland, India, and Palestine (New York: St. Martin’s Press, 1984), pp. 177-183.

[77] British District Police Reports, April 26 and 28, 1948, Schechtman, The Refugee in the World, p. 191.

[78] Benny Morris, “Operation Dani and the Palestinian Exodus from Lydda and Ramle in 1948”, Middle East Journal, Vol. 40, No.1 (Winter 1986), pp. 82-109.

[79] Некои еврејски терористи, кои не беа под дисциплина на владата, изведуваа уште побрутална операција на етничко чистење во селото Деир Јасин, кое, исто така, се наоѓа во близина на патот што води кон Ерусалим.

[80] Howard M. Sachar, A History of Israel (New York: Knopf, 1979), pp. 382, 395.

[81] Ze’ev Schiff & Ehud Ya’ari, Intifada: The Palestinian Uprising – Israel’s Third Front (New York: Simon & Schuster, 1989); Geoffrey Aronson, Creating Facts: Israel, Palestinians, and the West Bank (Washington, D.C.: Institute for Palestine Studies, 1987).

[82] Alexander B. Downes, “The Holy Land Divided? Theory and Practice for a Successful Partition of Palestine”, University of Chicago, (необјавен) зборува дека Евреите што сега живеат на Западниот Брег си ги менуваат живеалиштата со Палсетинците од Газа. Ова ми изгледа претерано.

[83] Kumar, “Troubled History of Partition”, p. 29. Кумар натаму тврди дека меѓу Грција и Турција имало спор околу Кипар во 1996 година, но ова се состоеше само од неколку постраствени реченици од страна на грчкиот премиер Костас Симитис, и турските протести поради напади на три конзулати. Види Michele Kambas, “Greek PM Slams Turkey on Arrival in Cyprus”, Reuters European Community Report, August 17, 1996.

[84] Петмина во 1975 година, двајца меѓу 1989 и 1993 година, и петмина во 1996 година. “List of Deaths on Green Line since 1974”, Agence France-Presse, August 11, 1996; Patrick Baz, Agence France-Presse, August 14, 1996; Michele Kambas, Reuters World Service, October 15, 1996.

[85] >Nancy Cranshaw, The Cyprus Revolt: An Account of the Struggle for Union with Greece (London: George Allen and Unwin, 1978), pp. 42-50, 62-67, 71-75; Christopher Hitchens, Hostage to History:Cyprus from the Ottoman Empire to Kissinger (New York: Farrar, Straus, and Giroux, 1989), pp. 42-46; Tozun Bahcheli, Greek-Turkish Relations since 1955 (Boulder, Colo.: Westview Press, 1990), pp. 29-30.

[86] Richard A. Patrick, Political Geography and the Cyprus Conflict: 1963-1971 (Waterloo, Ontario: University of Waterloo, 1976), pp. 8-11.

[87] Cranshaw, Cyprus Revolt, p. 406.

[88] Макариос, сепак, беше подготвен да биде стрплив во врска со еносис, бидејќи не сакаше да предизвика турска интервенција. Cranshaw, Cyprus Revolt, pp. 341-345, 366-367; P.N. Vanezis, Makarios: A Biography (New York: St. Martin’s Press, 1981), pp. 159-166.

[89] Patrick, Political Geography and the Cyprus Conflict, p. 46; Cranshaw, Cyprus Revolt, pp. 367-373. Присуството на 7.000 мировници на ОН во текот на борбите немаше некој ефект.

[90] Личниот интерес на Макариос за еносис избледи по воениот пуч во Атина во април 1967 година, но не се чувствуваше способен да им се спротивстави на плановите на кипарските грчки националисти, кои имаа голема поддршка кај народот. Во 1970 година, одвај преживеа обид за атентат од страна на националистите. Mayes, Makarios, пп. 183-186, 206-207.

[91] Hitchens, Hostage to History, p. 65; Bahcheli, Greek-Turkish Relations, pp. 73-74, 173; Patrick, Political Geography and the Cyprus Conflict, p. 119.

[92] За детали околу преговорите и внатрешната политика на двете страни, види Polyvios G. Polyviou,Cyprus: Conflict and Negotiation, 1960-1980 (New York: Holmes and Meier, 1980), pp. 62-132; Bahcheli,Greek-Turkish Relations, pp. 89, 167, 175-188.

[93] Иако ЕОКА Б беше илегална организација, имаше голема народна поддршка меѓу кипарските Грци, вклучувајќи и голем дел од Кипарската национална гарда. На погребот на нејзиниот лидер, генерал Јоргос Гривас, во јануари 1974 година, присуствуваше една петтина од целото грчко население. Polyviou, Cyprus, pp. 120-130; Pierre Oberling, The Road to Bellepais: The Turkish Cypriot Exodus to Northern Cyprus (New York: Columbia University Press, 1982), pp. 149-150.

[94] Сампсон беше избран во Домот на претставници на кипарските Грци во 1969 година благодарение на слоганот “Смрт за Турците!” Oberling, Road to Bellepais, p. 160. Според Макариос, Сампсон и лидерот на атинската хунта во 1974 година, генерал Димитриос Јоанидес, дошле да го посетат во 1964 година и му предложиле: “Ваше Височество, еве го мојот план. Да ги нападнеме ненадејно кипарските Турци насекаде на островот и да ги елиминираме сe до последниот”. Orianna Fallaci, Interview with History (New York: Liveright, 1976), p. 318.

[95] Cranshaw, Cyprus Revolt, p. 395; Polyviou, Cyprus, p. 203.

[96] Samuel P. Huntington, The Third Wave: Democratization in the Late Twentieth Century (Norman: University of Oklahoma Press, 1991), pp. 5-13.

[97] Британскиот план, во 1920 година, да создаде законодавен дом, беше блокиран поради спротивставување од страна на Арапите. Bernard Wasserstein, The British in Palestine: The Mandatory Government and the Arab-Jewish Conflict, 1917-1929 (Cambridge, Mass.: Basil Blackwell, 1978).

[98] Присуството на бегалци од Палестина имаше извесно влијание врз граѓанската војна по 1975 година, иако војната повеќе беше последица на тензиите меѓу христијаните, суните и шиитите. David Gilmour,Lebanon, the Fractured Country (New York: St. Martin’s Press, 1984).

[99] По 1974 година, грчката држава Кипар доживеа неколку смени на власта со слободни избори. Eric Solsten, Cyprus: A Country Study (Washington, D.C.: Government Printing Office, 1993).

[100] Ian Lustick, Arabs in the Jewish State: Israel’s Control of a National Minority (Austin: University of Texas Press, 1980).

[101] “Rabin Meets Hadash, DAP Representatives: Shas Hints at Abstention Tomorrow”, Jerusalem Post, November 9, 1993; “Netanyahu Wins Israeli Election”, Associated Press, May 31, 1996.

[102] Schaeffer, Warpaths, pp. 166-167.

[103] Критичарите, исто така, обвинуваат дека државите создадени со поделба ги дискриминираат малцинствата преку закони за државјанство и за употреба на јазиците. Меѓутоа, официјалните јазици, законите за државјанство и имиграциските практики во прилог на мнозинството се карактеристика на повеќето држави, вклучувајќи и такви либерални демократии, како што се Норвешка, Данска, Шведска, Германија, Франција или Италија.

[104] Steven R. Ratner, “Drawing a Better Line: Uti Possidetis and the Borders of New States”, American Journal of International Law, Vol. 90, No. 4 (October 1996), pp. 590-624.

[105] Сериозноста на овој ризик зависи од силината на територијалната контрола на победничката страна. Нигерија можеше да си дозволи да ги прифати назад бегалците од војната во Биафра, затоа што резултатот значеше дека има мали шанси за нови судири. Република Српска, која е далеку понестабилна, не може. Барањата на меѓународната заедница Руандскиот патриотски фронт (РПФ) да го прифати враќањето на повеќе од два милиони Хуту бегалци го стави РПФ во невозможна позиција. Со оглед на тоа дека РПФ претставуваше помалку од 10 проценти од населението, не можеше да биде одговорен ако одбиеше репатријација, но враќањето на голем број Хуту бегалци секако ќе доведеше до нова граѓанска војна, што и навистина се случи. “Hutu Rebels Terrorize Three Nations: The Slaughter Continues”, International Herald Tribune, January 29, 1998.