Известување на македонските медиуми две години по кризата во Македонија

Апстракт

Две години по кризата во Македонија; Студија на случај: начинот на известување на македонските медиуми за настан кој третира тема од внатрешно-безбедносен аспект на државата. Критичен настан: Ослободување на две киднапирани лица од страна на т.н. командант Чакала. Критичен ден: 28.08.03 за електронските и 29.08.03 за печатените медиуми. Анализа на содржина на прилозите кои информираат за "Случајот Чакала" во 14 македонски медиуми..

Политички контекст во кој се случи настанот: една година од владеењето на коалицијата СДСМ и ДУИ (ДУИ-партија која се формираше после кризата во Македонија, а непосредно пред парламентарните избори 2002. Претседател на оваа партија е Али Ахмети, политички претставник на, сега веќе, расформираната ОНА- Ослободителна Народна Армија).

Клучни зборови: Чакала, македонски медиуми, внатрешно-безбедносна состојба во Република Македонија

1. Вовед

Што се случува сега , две години после воениот конфликт во Македонија во однос на начинот на кој известувале медиумите за, во тој поглед важните, релевантни внатрешно-политички настани? Со цел да се расветли, некој аспект од ова прашање беше направена студија на случај,со замисла да претставуваеднодевен пресек во известувањето, поточно анализа на известувањето на одделни медиуми во еден наменски селектиран, избран ден.

Критичен настан во фокусот на нашиот интерес е-не случајно-избран случај, кој третира тема од безбедносен аспект на нашето живеење:

“Ослободување на две лица на 27.08 2003 по 20 часот, кои дента беа киднапирани од страна на Авдиљ Јакупи Чакала во Куманово", накратко "Случај Чакала"

Она што електронските медиуми емитуваа за случајот на 28.08, а што печатените напишаа за истиот на 29.08. (заради техничката неможност на печатените медиуми да постигнат актуелност) - беше предмет на анализа во ова истражување.Цел на истражувањето е: Откривање на базичните, основните стратегии при известувањето за конкретниот (критичен) настан-"Случајот Чакала". Тоа би значело идентификување на: А. Основните извори (нивниот вид, статус) кои медиумите ги користеа за да ја информираат македонската јавност за "Случајот Чакала" (човекот кој ги киднапира двете лица) и Б. Начинот на кој е претставен актерот (Чакала) во различните медиуми.Разлики и сличности при информирањето за една иста личност.

III Истражување

1.Проблем: Како, две години по конфликтот, македонските медиумите известуваа за настан кој се однесува на внатрешно-безбедносната состојба во Македонија, или поинаку-Какво е известувувањето на електронските медиуми на 28.08, односно на печатените на 29.08 2003 за "Случајот Чакала"?

2. Истражувачки дизајн-Студија на случај

на почеток

3. Истражувачка техника-Анализа на содржина

За печатените медиуми: сите текстови, прилози во наведените дневни весници кои зборуваат, информираат за "Случајот Чакала" За електронските медиуми: сите прилози во централните информативни емисии кои зборуваат, информираат за "Случајот Чакала" Единица на содржина: Авдиљ Јакупи алијас Чакала, како тој (актерот), во споменатите единици на анализа- се споменува во текстот, со какво име, кој и како зборува или упатува на него, со кои поединци или групи се поврзува неговото дејствување.

4. Примерок

4.1. Популација

Во ова истражување ја сочинуваат печатени медиуми (излезени од печат на29.08.2003) и електронски медуми (емитувани на 28.08 2003), медиуми кои се избрани според критериумот: зрачење, нивна присутност и достапност на целата територија на РМ (тоа се дневните весници, националните медиуми и приватните концесионери).

4.2. Примерок

Од печатените медиуми анализирани се следниве дневни весници: Вечер, Нова Македонија, Флака, Вест, Дневник, Утрински весник, Факти Од ТВ станиците анализирани се централните информативни емисии на:

МТВ/М (Прва програма на македонски јазик), МТВ/А (Втора програма, вести на албански јазик), А1 Телевизија, ТВ Сител

Од радио станиците анализирание се:

МР/М (Македонско Радио- Прва програма) , МР/А (Втора програма на Македонско радио- вести на албански јазик) , Канал 77

Сумарни заклучоци ·        Сите анализирани медиуми информирале (објавиле прилог/прилози) за "Случајот Чакала". ·        Анализата на медиумите покажува дека е направен обид случајот Чакала да се осветли од неколку аспекти: од позиција на владеачкитете партии СДСМ и ДУИ (премиерот, пратеници на ДУИ), опозиционите партии ВМРО и ПДП, потоа од МВР, Локалната власт, Меѓународна Заедница (амбасадорите на ЕУ, ОБСЕ, НАТО, САД во Македонија) но, и "главниот" актер- Чакала зборува за себе и своите намери. Она што е зедничко за сите извори-независно од тоа дали се македонски или албански, позиција или опозиција (со исклучок на Чакала) е дека сите го осудија актот на киднапирање на двете лица како криминален акт со исклучок на ВМРО-ДПМНЕ за кои овој акт е терористички. ·        Медиумите се разликуваат по просторот кој го отстапуваат за овој случај како и по бројот и видот на изворина кои се повикуваат во прилозите при информирањето за "Случајот Чакала". ·        Медиумите не понудија воедначена слика за настанот. Останаа непрецизности и нејаснотии околу повеќе сегменти од известувањето за случајот Чакала, попрецизно- останаа неосветлени неколку основни факти при информирањето: Од медиумите не може да се дозне точното име на главниот актер, не се знае кој е киднапиран (дали се киднапирани двајца полицајци или полицаец и цивил), дали имало преговори, ако имало-кој преговарал и дали нешто му е ветено на Чакала