Mirjana Maleska
Full Professor at the Doctoral School of Political Science, University “Ss. Cyril and Methodius”, Skopje.

ОПШТИТЕ И НЕПОСРЕДНИ ИЗБОРИ ЗА ПРЕДСЕДАТЕЛ НА РЕПУБЛИКАТА, ТРЕБА ДА СЕ НАПУШТАТ

 

На почетокот на април оваа година, во Македонија се избираше председател на Републиката. Тезата што во овој текст ја застапувам е дека наместо општи и непосредни избори за председател на Републиката, кои го антагонизират општеството, особено по должина на етничките линии, на Македонија и е потребна поголема општествена кохезија. Тоа, евентуално може поуспешно да се постигне со избор на председателот на државатадод страна на Собранието.

Да се вратиме на почеток. Во текот на целата 1990г. во Македонија, како впрочем и во другите поранешни социјалистички држави се случуваа драматични промени. Падот на Берлинскиот зид го означи почеток на крајот на еднопартиските социјалистички системи. Во септември 1990г. комунистичката власт во Македонија, донесе амандамани со кои , меѓу другото, се легализира правото на граѓаните на политичко здружување и формирање на политички партии. Се воведе и функцијата председател на државата, кој го избира Собранието, со двотретинско мнозинство. При крајот на месецот, се распишаа првите слободни, повеќепартиски избори. Шеснаесет политички партии излегоа пред граѓаните со свои програми и кандидати за пратеници. На овие избори, на големо и непријатно изненадување на дотогашната владеачка комунистичка партија, која го смени името во Партија за демократски промени а потоа во Социјал-Демократски Сојуз на Македонија(СДСМ), победи националистицката партија ВМРО-ДПМНЕ со 38 пратеници во новиот парламентарен состав од вкупно 120 пратеници. Втора по големина пратеничка група, беше на Сојузот на комунистите -Партија за демократски промени(СКМ-ПДП) со 31 пратеник. Во Собранието етничките Албанци од Македонија беа представени со 22 пратеници од партијата ПДП. Накусо, паралелно се одвиваа два процеси чиј резултат беше продлабочување на поделбата на општеството. Од една страна, дојде до прераспределба на моќта меѓу старата номенклатура на власт и новите националистички сили. Од друга страна, во политичката игра за власт, покрај македонските партии, влегоа и партите на етничките Албанци, со барање за промена на нивниот статус од малцинство, во државотворен народ. Тоа предполагаше дека државата треба веднаш да се преуреди од нација-држава во федерација, во момент кога Југословенската федерација се распаѓаше низ крвави граѓански војни. Беше потребна обединувачка фигура, на човек кој е доволно комунист а истовремено и доволно националист; кој е етнички Македонец но кој ужива углед кај албанското и другите малцинства во земјата. Таква фигура беше пронајдена во личноста на некогашниот соработник на Тито, Киро Глигоров. Сепак кога новоизбраното Собрание требаше да гласа за председател на државата, Глигоров, не го доби потребното двотретинското мнозинство. Започна процес на политичко пазарење. Партијата со најголем број пратеници, ВМРО-ДПМНЕ ги побара и доби, функциите потпредседател и премиер во замена за своите гласови. Така , со двотретинско мнозинство, обезбедено од поранешните комунисти , новите националисти и етничките Албанци, Киро Глигоров стана првиот председател на државата. Бидејќи дојде на функцијата низ процес на преговарање, ниедна политичка партија во тој момент, не го оспори неговиот легитимитет и тој можешде да се зафати за тешките задачи кои стоева пред него.

Следните петнаесет месци, беа исклучително тешки и важни за новата држава: се спроведе референдум за независност, започна мирното осамостојување од Југословенската федерација која се распаѓаше низ граѓански војни во Хрватска и Босна и Херцеговина; се донесе нов устав, се промовира денарот како национална валута и започна интензивна дипломатска активност за признавање на новата држава, која веднаш се соочи со непријателски блокади од страна на Грција заради името на државата и оспорување на нејзиниот јазикот од страна на Бугарија. Уставот од 1991, кој се донесе во Собранието, со двотретинско мнозинство го институционализира новосоздадениот однос на сили во општеството. Во него е утврдено дека председателот на државата во иднина, ќе се бира на општи и непосредни избори од страна на граѓаните, при што се постави висок цензус на излезност во вториот круг од 50% на избирачите. Тогашната, сеуште силна комунистичка номенклатура на власт, чии поистакнати интелектуалци го поготвуваа новиот устав, сакаше по секоја цена да задржи дел од власта под своја контрола, преку институцијата председател. Тие рачунаа на сигурна победа на изборите на нивниот кандидат, Киро Глигоров, кој во меѓувреме се здоби со голема популарност меѓу народот, бидејки успеа да ја изведе државата на патот на самостојност и меѓународно признавање, без војна.

Кога во 1994г. кога се распишаа избори за председател на државата, Киро Глигоров, кој дотогаш уживаше голема популарност, и имаше неоспорен легитимитет, мораше заради изборните правила, да се појави како партиски кандидат на левицата(СДСМ). Тој, навистина победи на изборите со 52,44% гласови од избирачите, меѓутоа неговара полуларност започна да опаѓа. Веднаш по изборите, опозицијата, меѓу која беше и партијата на етничките Албанци, ДПА, побара нивно поништување , со обвинување за изборна измама. Приговорите на опозицијата беа одбиени од надлежните институции, но до крајот на мандатот на Глигоров, во секоја прилика дома и во странство, опозицијата ги повторуваше истите обвинувања, оспорувајќи го неговиот легитимитет. Односите помеѓу председателот Глигоров и владата на СДСМ исто така се влошија, бидејќи дојде до жестока борба за власт. Владата на СДСМ и нејзиниот премиер Бранко Црвенковски, се почувствуваа доволно силни и не сакаа како дотогаш, да ја делат власта со Глигоров, кој заради својот личен авторитет сеуште беше силна фигура на политичката сцена.Случајно или не, во тоа време, врз него беше извршен атентат, чии сторители до денес не се откриени.

Непосредно избирање на председател , речиси се претполага кога ќе се усвои поделбата на власта, како уставен принцип, како што е тоа во уставот на Македонија. Само што се воведе уште една поделба, покрај поделбата на власта на законодавна, извршна и судска. Поделба на самата извршна власт помеѓу владата и председателот на Републиката. На пример, председателот располага со право на суспензивно вето. Доколку тој не е задоволен од закон кој се донесува од страна на Собранието со мнозинство, нема да го потпише. Тој ги поставува амбасадорите, но предлогот за нив го дава владата. Председателот на државата е врховен командант на вооружените сили, но одговорноста за одбраната на земјата ја споделува со министерството за одбрана. Тој исто така, предлага гувернер на Народната банка, задржувајќи делумно контрола врз фискалната власт во земјата. Позицијата на педседателот на државата е зајакната и заради фактот што тој се избира на непосредни избори на време од пет години,со право на реизбор, при што за председател е избран кандидат кој добил мнозинство гласови од вкупниот број избирачи. Ако во првиот круг ниту еден кандидат за председател не го добил потребното мнозинство гласови, во вториот круг се гласа за двајца кандидати кои во првиот круг добиле најмногу гласови. За председател е избран кандидатот кој добил мнозинство гласови од избирачите, доколку гласале 40% од избирачите.

Принципот на поделба на власта во Македонија, немаше никакво значење, секогаш кога председателот и владата припаѓаа на иста политичка партија. Со еден исклучок, кој е неповторлив. Председателот Борис Трајковски, како многу религиозен човек кој припаѓаше на протестанската религија, се сврти против своите сопартијци од владата на Љупчо Георгиевски, за време на вооружениот конфликт со албанските герилци, во 2001. Благодарени на тоа, што како председател имаше компетенции да одлучува за војна или мир, САД и ЕУ преку него им појде од рака да изврашат притисок врз двете страни во конфликтот за да се постигне мировно решение.

Мандатот на досегашниот председател Бранко Црвенковски, како партиски кандидат на опозициската, СДСМ помина во знак на конфронтација со владата, што напати резултираше со блокада на системот и политичка кризи. Веднаш по изборите, заради наводна изборна измама, оспорен е легитимитетот на Црвенковски, кој се соочи со бојкот од страна на владата и премиерот. Меѓутоа најголема криза на релацијата председател на држава-премиер, настана во однос на политиката на земјата кон Грција и спорот со името. Председателот Бранко Црвенковски, ја смени политиката што дотогаш ја водеше во поглед на овој спор и започна да зборува за потребата од компромис. Од друга страна, владата на чело со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски, остана на позицијата дека не може да има компромис со Грција за името и дека за евентуално, такво нешто мора да се распише референдум. Зборување на земјата со два гласа во надворешната политика, не донесе практично никакви позитивни резултати, освен што ја намали и онака слабата популарност на Бранко Црвенковски и неговата партија, СДСМ. Никој премногу не се изненади кога председателскиот кандидат на СДСМ, ги изгуби изборите.

На априлските избори, значи, за председател на државата, убедливо победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓе Иванов. Универзитетски професор, кој докторираше на тема дека моделот на консоционална демократија е опасен за Македонија, се смета за идеолог на политиката на конфронтација со Грција околу името Македонија. Ако попуштиме за малку, ќе мора да им попуштиме за се, беше досега неговото политичко кредо. Бидејќи, веднаш по изборите, според направените анкети, неговиот рејтинг опадна на бедни 2%, очигледно е дека граѓаните, гласајќи за Иванов, уште еднаш и дадоа подршка на непопусливата политика на Груевски, во однос на спорот за името со Грција. Личноста на Ѓорѓе Иванов во овој контекст е сосема неважна. Без оглед што се сили дека ќе го реши спорот со името и ќе ја воведе земјата во НАТО И ЕУ, тој нема да превземе никаков самостоен потег. Тамам работа, да ја акво нешто, според изјавите што ги даде во печатот е кодошење на земјата во странство

Општите и непосредни избори за председател на државата, не го сплотија општеството, иако тоа беше најголемата амбиција на Груевски и неговата партија, откако освоива мнозинство во Собранието и мнозинство градоначалнички места во општините. Македонците да се угледаат на Грците и нивните политичари и сите до еден да застанат во одбрана на неговата надворешна политика. Нереална амбиција! Цензусот од 40%, во вториот изборен круг, едвај се постигна. Опозицијата (а и мегународните набљудувачи) се посомневаа во избирачкиот список на кој се регистрирани 1792.082 избирачи од 2 045177 жител во земјата. Етничките Албанци ги бојкотираа изборите. Тие не му веруваат на Горѓе Иванов. Партијата на етничките Албанци, ДУИ, кои се коалиционен партнер во владата на Н.Груевски и му дадоа подршка на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, ја губат популарноста меѓу своите гласачи. . За да ја повратат изгубената доверба, тие сега го зголемуваат притисокот врз премиерот и му поставуваат тесни рокови да ги реши нивните барања, меѓу другото и проблемот со името. Дали не е време да се започне дебата за поинаков изборен модел? Председателот на државата да се бира од страна на Собранието, со дветретинско мнозинство, при што мора да се обезбеди мнозинство од пратениците на малцинствата? Така ќе се постигне согласност на сите релевантни собраниски партии, вклучувајки ги и албанските, околу компромисна надпартиска личност, која барем ќе ужива поголем степен на доверба. Нема идеални решенија, особено доколку непосредното избирање се замени со лидерско пазарање во представничкото тело. Но, во секој случај, ќе се избегне уште едно непотребно и опасно партиско и етничко фрагментирање на општеството, кое се соочува со големи проблеми на домашен и меѓународен план. Да не зборуваме за заштедените пари, време и нерви на граѓаните!