Малтус, Мејем и митот за Југославија

Духот на Југославија

Југославија, особено со местото што митски ја издигна од остатоците на Втората свестка војна во "експериментот" на маршал Јосип Броз Тито, ги означи, веројатно подобро од која било друга земја или регион, едновремено потрагата по вистинскиот идентитет и судирот помеѓу Истокот и Западот во Европа по завршувањето на Студената војна. Ваквата потрага, всушност, се најде во јадрото на изјавите на Словенија и на Хрватска во 1991 година - дека тие се различни и "западни", и затоа сакаат да се ослободат од хегемонијата на "источната" и "отоманската" Србија. Објавувајќи ја својата независност и слобода од репресијата на тогашниот српски претседател Слободан Милошевиќ, Словенија и Хрватска длабоко влијаеја врз (и на некој начин насилно доведоа до) одлуките на Македонија и на Босна и Херцеговина да прогласат своја самостојност и слобода. Сепак, во периодот за којшто зборува овој текст, Македонија и Босна доживеаја различни судбини: БиХ страдаше од етничка војна и денес од неа остана раскината парадржава; Македонија се бореше да преживее економски како единствена, обединета држава, среде очигледните последици од последната Балканска војна и културните судири помеѓу Албанците (муслимани) и словенските (православни) Македонци. 
Луѓето кои живеат на Динарските Планини, од едно етничко потекло се поделиле во текот на вековите според културата и различните историски влијанија. На Балканскиот Полуостров јужните Словени се појавиле околу 500-та година (Шевил, 1991, 59). Југославија, веројатно повеќе од која било друга европска земја за време на Студената војна, беше одраз на голема етничка, лигнвистичка и културна разновидност. 
За Соединетите Американски Држави Југославија имаше позиција на стратешка тампон зона пред советскиот експанзионизам. По раскинот на Тито со Советскиот Сојуз, во 1948 година, југословенскиот независен социјализам ( со неговата специфичност) изврши влијание врз сличните настани на Унгарија во 1956 година и на ^екословачка во 1968 година, кои не успеаја да се оттргнат од СССР. САД, избегнувајќи директна конфронтација со Советскиот Сојуз, внимателно го поддржуваше потегот на Југославија; но, администрациите и на Труман и на Ајзенхауер обезбедија воена помош за Југославија во вредност од вкупно 750 милиони долари (Вејнтроб, 1978, 9). 
Со исчезнувањето на идеолошкиот конфликт меѓу суперсилите, што постоеше за време на Студената војна, статусот на Југославија како еден "различен" вид комунистичка земја скоро веднаш исчезна; што е уште полошо, внатрешните немири во Југославија го спречија развојот на политичката свест, што не беше случај во Полска, во Унгарија и во (сегашна) ^ешка. Во овие земји развојот на политичката свст доведе до посигурен пат и за новите политички процеси и за трансформацијата на идеологијата од Студената земја. Огромните разлики меѓу луѓето и општествата станаа препознатливи карактеристики на Југославија. Долго време пред конечната смрт на земјата, различните републики меѓусебно се обвинуваа и водеа прикриена, но жестока борба. Србите, кои претставуваа 40 проценти од населението и 60 проценти од воениот офицерски врв (Нироп 1982, 275; 277), во 1980-те сА погласно тврдеа дека Словенија и Хрватска имаат акумулирано богатство во нивните републики за сметка на Југославија како целина (Рамет 1991, 85; Хјуит и Стенгер 1998, 9). 
На ова обвинување тие како доказ ги истакнуваа разликите меѓу регионите во Југославија: на север беше Словенија, "комунистичка" југословенска република со највисок степен на вработеност и писменост, најмала стапка на смртност меѓу новороденчињата и највисока стапка на личен доход во Европа; на југот се наоѓаше авотномната покраина Косово, со мнозинство Албанци, а имаше и сА уште има највисока стапка на невработеност, најниска стапка на личен доход и највисока стапка на наталитет и на смртност меѓу новороденчињата во Европа (Извештаи за човекови права за 1988 и 1989 година, 1264). Соседот на Косово, Република Македонија, исто така се соочуваше со многу лоша економска ситуација, и во периодот што го опфаќа оваа студија, никогаш не стигнала подалеку од работ на банкротот. Таквите разлики, се разбира, беа длабоки и тогаш, а и сега. 
Голем дел од пропагандата дека постои хармонија на разликите, што се промовираше на внатрешен и на надворешен план за време на постоењето на Југославија, се одразуваше во слоганот на Тито - Братството и единството засекогаш ќе продолжат. Ова беше мит што служеше за да се прикријат споровите што се случуваа во реалноста и што ги компликуваа односите во Југославија. Од националистичка гледна точка Црногорците, на пример, би можеле лесно да се сметаат за најмногу поврзани со Србите (навистина, единствената поранешна југословенска република што остана во федерација со Србија по смртта на државата), а сепак покажуваат остро различен идентитет од српскиот. 
Натаму, во земјата се користеа дури 26 јазици; во Косово, на пример, албанскиот беше главен јазик. Различноста меѓу народите, што доведе до смрт на Југославија, покажува колку општествениот идентитет се бори да изнајде еквилибриум во период на брзи промени, особено промени што се резултат на технолошки напредок. Трагедијата на Југославија е во тоа што беше осудена на пропаст уште од почетокот; чудото во врска со Југославија е тоа што преживеа и толку колку што преживеа.

Целината во деловите

back to top

Југославија отсекогаш била земја на делови - културно обележје, политичка неопходност и прагматична реалност на ерата на Студената војна во рамки на пошироките идеолошки битки. Југословенските народи, гледано во перспектива, можеа подобро да бидат разбрани преку нивните разлики, отколку преку нивните сличности. Дури и честото потенцирање на културната разновидност меѓу етничките националности ја занемаруваше различноста на луѓето во рамките на една етничка група. 
Така, при испитувањето на "духот на времето" - што би можел да укаже (наместо да дефинира) на некои трагични разлики што придонесоа до уништување на државата - станува неопходно да се потенцира дека "духот" што постоеше кај југословенскиот народ во последните пет дена од постоењето на земјата ни најмалку не наликуваше на "духот" што се појави кога беше создадена државата. 
Една од разликите се појави во текот на периодот на бавното развивање на свеста. Југословенските народи, најпосле и независно еден од друг, сфатија дека не се исти, по скоро пет децении заеднички живот во социјалистичкиот систем. 
Во босанското село Јајце, во ноември 1943 година, социјалистичките федеративни републики (Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора и Србија) беа создадени под знамето на Титовата авторитарна контрола за време на нацистичката окупација на целиот Балкански Полуостров; во јуни 1991 година, со отцепувањето на Словенија и Хрватска од федерацијата, запре животот на Југославија. Принципите наметнати од Тито во 1943 година - етничка хармонија, братство и единство - беа заменети во 1991 година со затвореност на секоја етничка група, нетолеранција и социјално-културна поделба. 
Претставувањето на овие разлики, поврзаноста меѓу технологијата и уметноста, како и развојот на политичката свест, би можеле да помогнат да се претстави духот на времето што доведе до војна. Таквата меѓусебна поврзаност најмногу придонесе да се создаде причинско-последичен однос што конечно доведе до катастрофални резултати. Технологијата е израз на уметноста и на логиката на уметноста, средство и продукт на трудот изразен со терминот "создава". Уметноста ги вклучува креативното создавање и процесот на трудот; вештината е израз на умешноста и на трговијата и затоа го обезбедува значењето на културата и културниот контекст во кој се создава уметноста. Философот Мартин Хајдегер, опседнат од односот меѓу политиката, технологијата и уметноста, ја препозна вистинската врска помеѓу уметноста (која подразбира мерка, ограничување, граница и форма) и технологијата. Технологијата (која се заснова на креативните аспекти на уметноста), според Хајдегер, нуди можност да го надмине индустрискиот аспект на производството и да овозможи алтернативна визија и алтернативна реалност (Зимерман 1990, 94). 
Уметноста, според тоа, има две значења: процес на вешта умешност и разбирање на "поезис" - истакнувањето на "техни" во прв ред, што истовремено го создава и го одразува духот на времето и на местото (Зимерман 1990, 110). Уметникот, со други зборови, мора да биде од и во времето во кое живее за да може да го отслика. 
Така, во испреплетувањето на овие три референти - технологија, уметност и политички идеи, што станаа репрезенти на "духот" на разликите, мора да го имаме на ум контекстот во кој општествената трансформација и револуционерните промени ја обзедоа Европа во последните денови од 20 век, што заврши со паѓање на Берлинскиот ѕид и со избивање на уште една Балканска војна во поранешна Југославија. Веројатно е вистина дека големите културни разлики меѓу Југословените ќе доведеа до распаѓање порано, доколку биполарната поделба за време на Студената војна и безбедносните прашања не беа толку значајни и толку заканувачки. Сепак, ако општиот интелектуален, морален и културен дух на ерата - "духот" - може да се смета за одраз на карактеристиките на историските периоди, тогаш биполарната поделеност што се случи во Европа по Втората светска војна значеше создавање одделни категории на идентитет, култура и различни специфики во "Источна" и во "Западна" Европа. Ако е така, напредокот на технологијата претставена преку контролата на раѓањето придонесе да се изменат демографските шеми и општествените состојби во културите. Уште повеќе, особено во Југославија, значењето на влијанието на уметноста, како и еволуцијата на разни алтернативни философски и политички идеи помогнаа да се прошири јазот меѓу народите. 
Промената во индивидуалниот избор, што беше овозможена со развојот на технологијата, направи да се забрзаат разликите меѓу етничките општества; рок музиката како уметничка форма прецизно го "предвиде" крајот на југословенската идеја; и, како крајна перверзија, подемот на национализмот и злокобните етнички поделби доведоа до гротескна потврда на идејата на Малтус за контрола на населението - не преку технологија на контрола на раѓањето, туку преку убиствената формула на "етничко чистење".

Малтус, "Раѓањето и 'антибеби' пилулата и демографските промени во Југославија"

back to top

Хор: Кој тогаш е кормиларот на Неопходноста? 
Прометеј: Судбината со три лица и Фуриите со долго паметење. 
Есхил, "Окованиот Прометеј"

Кормиларот на Неопходноста: 
Технологијата на контролата на раѓање

Технологијата на контрола на раѓањето постои уште од времето на античкиот Египет. Интересот за неа се зголеми во 19 век, делумно како резултат на пишувањата на Малтус, кој во 1798 година го објави своето дело "Есеј за принципите на популацијата", во кое се промовира "принципот" дека населението се зголемува по геометриска прогресија, а средствата за егзистенција по аритметичка прогресија, и дека таквиот несоодветен пораст, ако не се контролира, конечно ќе доведе до катастрофа. Во голема мера под влијание на идеите на шкотскиот економист Адам Смит (автор на влијателното дело од 1776 година, "Истражување на природата и на причините за богатство на државите"), Малтус го истакнува својот став дека ефикасна контрола на населението може да се спроведе единствено со војна, глад, несреќи и болести" (Борстин 1983, 473). Во ревизијата на својот "Есеј..." од 1803 година, тој го додаде и поимот на "моралното воздржување" како средство за спречување на порастот на населението што би можело да претставува закана за општествениот поредок (^ернов и Валаси 1993, 1674). Сепак, Малтус не се залагаше за контрацепција, особено меѓу работничката класа која почна да ја смета за погодна за експлоатација за "доброто на општеството". Во петтото издание (1817) на неговиот "Есеј...", Малтус го изрази својот став во однос на поимот контрацепција: "Секогаш во голема мера се противам на секој вештачки и неприроден начин на контролирање на популацијата, заради продолжување на нејзиниот век и заради тенденцијата да се отстрани потребниот стимуланс за индустријата" (^ејс 1997, 81). 
Идејата на Малтус најпрвин беше реакција против утопијата на Жан Жак Русо и на Вилијам Годвин (Бурстин 1983, 474). Делото на Малтус, и покрај во основа погрешната пресметка на аритметичката и геометриската прогресија, се покажа многу влијателно - често од различни причини - врз еволуционистите како ^арлс Дарвин и Алфред Волис, како и врз економистите Карл Маркс и Јон Мејнар Кејнс (Бурстин 1983, 469-474; ^ејс 1977, 369). Се виде дека Малтус извршил големо влијание, и покрај подоцнежните ревизии на неговото претходно дело, врз технолошкиот развој на контрацепцијата како сретство за контрола на населението. Во 1878 година, во Амстердам, Алета Џејкобс ја основа првата клиника за контрола на раѓањето; во истата година, беше основана Малтезијанската лига, која поддржуваше отворање и на други клиники. Сепак, целосното влијание на некои од ефектите од делата на Малтус не беше видливо сe до 1920 година, кога 34-годишната Маргарет Сенгер, под влијание на неомалтузијците, ја создаде радикалната контрола на раѓањето и ја основа Меѓународната федерација за планирано родителство (Есбел 1995, 6-7; 53). 
Сенгера, која во 1950 година имаше 71 година, беше инспирација за технолошкиот чекор во правец на поттикнување на научниците да создадат орални контрацептивни сретства, како и да ја тестираат нивната безбедност и ефикасност, со дилема дали владата ќе дозволи нивна употреба и масовно производство (Есбел 1995, 7; 313). Иако ниту еден настан не може целосно да го опфати моментот кога се создаде "пилулата" - што стана општо позната - заедничката историја го става датумот на 15 октомври 1951 година, а местото - една лабораторија во предградие на Мексико Сити. Таму, хемичарот Карл Џераси синтетизираше "нортиндрон", супстанција што подоцна ќе стане главна состојка во половина од сите контрацептивни сретства на светот (Џераси 1992, 58). Сепак, Џераси во тоа време постојано тврдеше дека не го разбрал сосема значењето на своето откритие. Расел Е. Маркер, еден друг хемичар влијателен во овој проект, исто така негира дека имал претстава за тоа каков ќе биде крајниот продукт: "Никогаш не ме интересираше употребата на хормонот... Не сфатив дека може да се користи во пилулите за контрола на раѓањето" (Есбел, 104). 
Технологијата на пилулата има општествено значење што оди подалеку од физичката погодност на оралната контрацепција. Како таква, пилулата претставува и технолошко сретство и философска и политичка идеја, така што никогаше не скршнала од прашањето на моралноста и покрај својата технолошка корист. Малтус, во 1798 година, можеше да предупреди на опасностите на популационата "експлозија", но, нормално, не можеше да сфати, дека два века подоцна, проблемот на "контрола" на населението ќе добие социјално, етичко и морално значење.


Родови состојби

Демографија и разлики во поранешна Југославија
Пилулата, се разбира, претставува само една форма на контрацепција. Во Југославија, на пример, би било неправилно да се издвои технологијата на која било форма на контрола на раѓањето од другите општествени и културни тензии и конфликти, а потоа да се тврди дека таквата технолгија е единствен белег на разликите што доведоа до смртта на Југославија. Истовремено, се покажа дека таквата технологија имаше големо влијание. 
Контролата на раѓањето, како и намалувањето на стапката на наталитет во одредено општество, може да претставува значаен општествен показател за демографските разлики. Во земјите што ја сочинуваа Социјалистичка Федративна Република Југославија, во голем степен се случуваа демографски промени. Помеѓу 1880 и 1980 година, на пример, наталитетот на Југословените се намали од 50 спрема илјада на 15 спрема илјада; истовремено, меѓу 1900 и 1980 година, процентот на урбаното население во регионот се искачи од осум на 43 проценти (Истерлин 1996, 98; 34). Натаму, само во 20 век, регионот на Југославија имаше големи закани од таканаречените Малтузиански "позитивни контроли" на двете балкански и двете светски војни; во Втората светска војна на Балканскиот Полуостров се водеше битка, што претставуваше војна за ослободување од нацистичките окупациски сили, но истовремено и борба меѓу Србите и Хрватите. Иако не може да се добие точната бројка, според некои проценки, осмина од Југословените загинале помеѓу 1941 и 1945 година, а половина од нив биле убиени од страна на други Југословени. 
Во Југославија, како и во поголемиот дел од Источна Европа по Втората светска војна, дојде до пад на стапката на наталитет, и покрај законите за забрана на рекламирање методи за контрацепција. Изгледа дека родителската желба да се ограничи големината на семејството беше посилна од законите на државата; според една анкета во 70-тите три четвртини од репродуктивната популација го користи повлекувањето пред ејакулацијата како главна форма на контрола на репродукцијата (Истерлин, 109). 
Иако "технологијата" на контролата на раѓање ќе стане достапна на Балканот (како што се случи во поголемиот дел од Европа и од САД во 60-тите), нејзиното задоцнето појавување на социјално-културната сцена веројатно изврши специфично влијание врз појавувањето на различен и подоцнежен "дух". Освен тоа, културните разлики, а особено културната поделба што ја врши религијата, помогнаа југословенските народи да се групираат во одделни региони. Социологот Ете Дениш претходно ги идентификуваше југословенските републики Србија, Македонија, Црна Гора и Косово (во голема мера мешавина од муслимански и православни заедници) како попатријархални, наспроти Словенија и Хрватска (најмногу протестантски и католички), кои Дениш ги издели како републики кои имаа тенденција "да ги исклучат екстремните форми на ритуалната подреденост на жените во однос на мажите" (Дениш 1974, 253; 256). 
Како што забележа Сабрина Петра Рамет во своето дело, разликите меѓу такви култури може да доведат до голема поделеност. Патријархалните општества ги лишуваат жените од избор, ги исклучуваат од процесот на донесување одлуки и ги подредуваат жените на мажите; во полибералните општества жените уживаат еднаков статус, активно учествуваат во јавниот живот и имаат еднаква улога во донесување одлуки за семејниот живот (Рамет 1996а, 119; 123). Така, во истата југословенска "нација", црногорскиот татко не ја сметал својата ќерка за свое "легитимно дете"; етничката Албанка се именува само според генетивната форма од името на нејзиниот сопруг; за разлика од Словенија и Хрватска каде што постои еднаква толеранција за жените и за мажите што влегуваат во предбрачни сексуални односи; во Словенија дури постои и толерантен однос кон вонбрачните деца (Дениш 250; 252-253; Рамет, 123-124). 
Сретствата за контрацепција доведоа до уште поголемо интензивирање на ваквите културни разлики помеѓу северните и јужните делови на Југославија. Во исклучително конзервативната средина, како што е онаа на Албанците муслимани, продолжи високиот наталитет во споредба со намалениот степен на наталитет во Србија, Словенија и во Хрватска. Едно владино официјално лице го нарече овој висок степен на наталитет "демографски империјализам", што доведе до тоа Албанците да станат мнозинство во региони како Косово (Роскин 1994, 95). Статистичките податоци илустрираат дека најголемата југословенска група, Србите, доживеале пад од 13 проценти (од 41,7 на 36,3 отсто) од целото население на Југославија во периодот од 1953 до 1981 година, додека етничката албанска популација доживеа пораст од 175 проценти (од 4,4 на 7,7) за време на истиот период (Нироп 1982, 274; Куртис 1992, 274; 292). До смртта на Југославија во 1991 година, иако не постојат точни бројки, имаше зголемување на разликите меѓу таквите култури (врз основа на овие претходни статистички податоци). Контролата на раѓање и сА поголемата достапност до оралните сретства за контрацепција, за оние етнички групи за кои нивната употреба беше дозволива, уште повеќе го зголемија јазот меѓу народите. Токму во согласност со оваа разлика се појави југословенската рок ен рол музика.

Музиката како политичка сила

back to top

"Пљуни и запјевај, моја Југославијо"
Горан Бреговиќ и Бјело дугме (1987)

Отсекогаш сме разработувале политички теми во нашите песни... 
Рок ен ролот музиката е едно од најзначајните сретства со кое може да им се помогне на луѓето во комунистичките земји да размислуваат на поинаков начин. Поради тоа, сметам дека рок ен ролот е поважен за луѓето во источните земји отколку на западот. 
Горан Бреговиќ, интервју, 14 септември 1989 година.

Рок ен ролот во Југославија, за разлика од повеќето источноевропски земји за време на Студената војна (особено ^екословачка, Романија и Бугарија), доживеа висок степен на слобода што на "Запад" беше незамислив. Секако, неверојатниот раскин на маршал Тито со Сталин во 1948 година го воспостави знакот на југословенската независност; музиката - првобитно југословенската џез музика - почна делумно да ја симболизира независноста, но со извесни рестрикции и под услов да не се претерува со критикување на југословенската Комунистичка партија. Пеењето "погрешни" песни, како и кажувањето погрешни работи за лидерите на "новата" Југославија, можеше да доведе до затвор или до принудна работа (Рамет 1996а, 92-93). 
Тито, сепак, имаше чувство за тоа каков став да заземе во однос на рок музиката и, наспроти други источноевропски деспоти, се определи за толеранција и ограничено прифаќање на бунтовничката форма на изразување, карактеристична за рок музиката (Весиќ 1990, 2). Се покажа дека неговиот избор се исплатеше; до 60-тите, сите рок групи имаа песни во кои го славеа Тито и неговата програма (Рамет 1992, 85-86). Имаше резултат, според новинарот Душан Весиќ, бидејќи тој успешно ја избра бунтовничката форма на израз на рок музиката и направи од овие "рокери... најголеми слуги на својот режим" (Весиќ, 4). Оваа "сервилност" траеше од 60-тите до 80-тите години. 
Во децениите по смртта на Тито, се појавија различни форми на цензура и слобода во рок музиката. Рок групите како Лајбах (која користеше и фашистички и антифашистички симболи, од време на време, носеше и нацистички униформи на сцена) и садомазохистичките стихови од песните на групата Богесија создадоа проблеми во Југославија (како што би создале и во САД). Во споредба со САД, навистина, слободата на изразот - и во лириката и во изведбата - беше барем исто толку внимателна во Југославија колку и во Америка. 
Во својата книга "Затворањето на американскиот ум", издадена 1987 година, Алан Блум имаше едно екстремно тврдење дека "никој не сакаше да ја контролира рок музиката, а сега е предоцна" ("Њујорк тајмс", 18 октомври 1987 година, А30). Сепак, во Југославија, се почитуваше и се поттикнуваше слободата на изразувањето во сите уметнички форми, доколку не ги преминуваше границите на преголемо доближување до политичките теми. Групи како Лет 3 можеа да издадат деби песна, аполитички албум насловен "Две кучиња се ебат", без да наидат на цензура, а потоа да се свртат кон "политички" теми во 1994 година како одговор на ужасите на војната, со албум што едноставно се викаше "Мир" (Рамет 1996а, 291). На ист начин, една од најзначјаните групи на Југославија, Бјело дугме, наиде на политичка контроверза со своите стихови "Исус бил копиле и проблем (на својата мајка)" (Рамет 1994, 137; Рамет 1996а, 105). Би можело да се помисли дека прашањето за потеклото на Исус не би било од голем интерес за еден комунистички режим; но, сепак, овој режим, јасно ја сфати чувствителноста на толку многу култури и традиции што го сочинуваа југословенскиот идентитет.


Музиката на "цајтгајстот"?

Кога размислуваме за разликите, за општествените и културните тензии и конфликти меѓу народите во Југославија и сА поголемиот јаз меѓу нив, ни изгледа дека рок ен рол музиката е пребрза уметничка форма за да може со неа да се идентификува духот на тоа време. Со оглед на тоа дека повеќето интелектулци сериозно не ја сметаат рок музиката за "чиста" уметничка форма, таквата музика како вид на дисидентска карактеристика достигна за краток период активно отстранување од нормално прифатените и вообичаените општествени ставови во југословенската држава. Рок ен рол музиката претставуваше триптих од уметност, политичка побуна и технологија (пренос на моќ преку зајакнат медиум, уметничка изведба, масовно снимање и можност брзо да се привлече публика). Таквата музика стана отелотворение и на духот на генерациските разлики, на јазот помеѓу генерацијата од Втората светска војна и децата на Студената војна, како и на идејата дека сите југословенски народи не се исти. 
Во улога на "уметност", рок ен ролот ја изразуваше идејата за слобода преку гласен, пулсирачки, експресивен звук. Тој, всушност, претставуваше форма на ослободување. Така, подемот на југословенската рок сцена ги означи отпорните форми на безнадежност кај младите, додека истовремено служеше и како форма на општествен протест - форма на ослободување, која на свој начин беше исто толку моќна колку и потенцијалот за сексуално самоопределување, што даде свој придонес во технологијата на контрола на раѓањето во некои републики од Југославија. Рок музиката уште повеќе го зголеми јазот ископан со развивање на урбанизираниот демографски општествен простор. Најголемо влијание од рок ен ролот се чувствуваше во градовите, најмногу во главните градови: Љубљана (Словенија), Белград (Србија), Сараево (Босна) и Скопје (Македонија). Во другите делови од Херцеговина, Косово и од оние во западна Македонија, што во голема мера беа земјоделски, ова влијание не се чувствуваше толку многу. 
Таквата музика, како што забележа социологот Хауард Бекер, си создаде сосема поинаква категорија на идентитет, беше обележа како девијација и ги навреди, ги порази законодавците во Југославија. Рок ен ролот се разви во посебна категорија која забележително се разликуваше од претходните југословенски уметнички форми и од дотогашните форми на општествен протест. На рок музиката, како девијација, и беше дозволено да постои во југословенската држава, но ако не ги пречекорува границите. Сепак, како што се развиваше музиката, како политичка идеја и како уметничка творба, така се поместуваа границите (Шапиро 1978, 6-7). Се разбира, дека е парадокс тоа што рок ен ролот, како форма на прифатена девијантоност, најпосле се трансформираше во неприфатлива форма на политичка девијантност; односно, рок музиката стана симбол на дисидентноста. 
Како таква, рок музиката, особено со своите зборови, ги набљудуваше "различните врски помеѓу југословенскиот рок и познатото национално прашање" на Југославија, а исто така зборуваше и влијаеше врз меѓуетничките односи (Рамет 1994, 125). И музиката и групите зазедоа став кон судбината на државата. Меѓу многуте рок групи во Југославија, во текот на 80-те, ниту една не беше поважна од Бјело дугме, создадена во Сараево во 1974 година. Ниту еден композитор не беше повлијателен од нејзиниот лидер, Горан Бреговиќ, син на "мешан" брак на Србинка и Хрват. 
До 1976 година, некои членови на југословенската власт почнаа да го забележуваат влијанието што го имаше рок музиката; нејзиниот ефект, како што велеше Сајмон Фрит, ја направи "симбол на солидарноста, инспирација за акција" и симбол на способноста да се предизвика кај публиката одредено "значење независно од намерите на своите оригинални креатори" (Фрит 1978, 198). Истата година, Сергеј Лука, професор на Белградскиот универзитет, во серија остри написи во неделникот НИН (порано најпрестижниот магазин во Југославија) го нападна Бјело дугме за корупција и за пренесување западно влијание врз југословенската младина (Рамет 1996а, 96). Горан Бреговиќ признаваше дека неговата група најпрво намерно создаваше бизарен имиџ, како носење обетки и фустани на сцена. Тој истовремено сфати на кој начин Бјело дугме, кое стана познато како "Битлсите на Југославија", ќе успее да ја "југословенизира" рок музиката. Иако повеќето нивни песни се пееја на српско-хрватски јазик - барање што мораше да го исполнат сите југословенски групи што сакаа да се пробијат на "националниот" (југословенскиот) пазар - Бејло дугме не се двоумеше да сними и да изведе песна на албански јазик во 1981 година (кога се разгореа конфликтите меѓу Србија и етнички Албанци во Косово). Во тоа време, таква постапка беше незамислива, беше обид за политичко изразување преку "корумпираната" уметност на рок ен ролот. Групата, исто така, на своите концерти ја красеше сцената со црна и црвена боја, со што симболично ја исмеваше сличноста меѓу нацизмот и комунизмот (Бреговиќ 1994, 133-137). 
Во изразувањето на духот на Југославија, Бјело дугме, всушност и сите рок групи во земјата, признаа дека стиховите се поважни од музиката (Рамет 1994, 114). За разлика од "западната" публика, која повеќе ги сакаше двосмислените текстови на Битлси или на Пол Сајмон во турбулентните 60-ти години во Америка, или на Ар.И.Ем и Пејвмент во 90-те, југословенската публика бараше и очекуваше пораки во лириката - дури и ако таквата лирика беше намерно маскирана или сатирична до апсурд за да ја избегне цензурата. Бјело дугме, т.е. комерцијалните музичари, кои сА повеќе во својата музика внесуваа елементи на етнос и влијание од различни балкански култури (како турски, албански, српски и хрватски елементи во истата песна), подеднакво се концентрираа на текстот што ја изразуваше грижата и преокупациите на својата генерација. 
Затоа, би било погрешно веднаш да се заклучи дека Бјело дугме, "Битлсите на Југославија", едноставно презедоа успешни изведби и идеи од западниот начин на размислување. Напротив, Горан Бреговиќ тврдеше дека западот - особено групите како Битлси или Ролинг стоунси - имал почетно влијание врз рок ен ролот во Југославија, но дека развојот на оваа музика сепак се здоби со автентичен идентитет, што ги одрзуваше турбулентните времиња и духот на Југославија. Намерата на Бреговиќ, на Бјело дугме, беше да создаде "југословенски карактер на нашата музика... малку пресуров и препримитивен за надворешниот свет" (Бреговиќ 1994, 134). Бреговиќ, исто така, постојано разработуваше политички теми во своите песни и се обиде низ својата музика да изрази чувство што "отсекогаш било малку антикомунистичко" (Бреговиќ 1994, 135). Таква политичка дисидентност, што навистина постоеше, често доведуваше до цензура на текстовите во плочите на Бјело дугме, но не и во изведбата, а имаше и закани од поведување судски постапки, што никогаш не се реализираа. 
Веројатно најсмелиот обид на Бреговиќ да го изрази "духот" на разликите меѓу Југословените се случи како природен процес во еволуцијата на Бјело дугме:

"Почнавме со песни за љубовта, а сега главно пееме за политиката. Основниот факт е што во нашиот живот има и Срби и Хрвати, а тие не се разбираат меѓусебно. Ќе завршат со војна. Повторно ќе се случи 1941 година. Одиме во истиот правец. Ова може да се види дури и во музиката. Србите и Хрватите имаат свои песни, што им се поважини отколку кои било "југословенски" песни. Минатата година (1988) ги ставив нивните национални химни во една песна, а кога ја свирев на некои концерти, тоа резултираше во мини-војни. Ги ставив хрватска химна "Љепа наша" и српската "Тамо далеко" во единствена песна со заеднички наслов "Љепа наша". Се разбира, не за да бидам пристрасен" 
(Бреговиќ, интервју, 135).

Бјело дугме претставуваше врв на карпата мраз на рок музиката во Југославија. До 1987 година, според проценките, вкупниот број на професионални рок групи беше 50, а бројот на аматерски групи беше 5.000 - и тоа 200 аматерски групи само во Белград (Рамет 1994, 109). Истата година, Бјело дугме сними песна што истовремено го одразуваше "духот" и, можеби ненамерно, го предвиде крајот на Југославија. Со песната под наслов "Пљуни и запјевај Југославијо, моја Југославијо", Бреговиќ имаше намера да ги "заплаши политичарите" (Рамет 1994, 139; Рамет 1996а, 91):

Пљуни и запјевај, Југославијо...
Југославијо стани и запјевај нек те чују.
Ко не слуша пјесме, слушат ?е олују!

Како што излезе, оваа песна стана сионим на гордоста и на крајот на Југославија. Во 1987 година, кога Бјело дугме свиреше на концерти пред публика од 20.000, присутните скокаа и ја пееја химната на "нацијата" што ја знаеја; во 1988 година песната прерасна во симбол на пуч. Десетици илјади приврзаници на српскиот лидер Слободан Милошевиќ - поединецот што беше најодговорен за смртта на Југославија - излегоа на улиците во Војводина и во Црна Гора носејќи слики од Милошевиќ и извикувајќи пароли на поддршка. Паднаа владите и на автономната покраина Војводина и на република Црна Гора, а власта ја презедоа приврзаници на Милошевиќ, негови верни послушници. 
И самото Бјело дугме беше жртва на последнат Балканска војна. Бидејќи му беше забрането да свири во Словенија, поради југословенските "националистички" чувства во неговата музика, Бјело дугме се распадна по избивањето на војната во 1991 година. Но, Горан Бреговиќ продолжи да пишува значајна, влијателна "југословенска" музика. Во 1995 година, на пример, тој ја компонира, аранжира и продуцира музиката за филмот на Емир Кустурица "Подземје", низ кој провејува темата на враќањето на Одисеј од Троја во Итака, а чие дејство се случува во опседнатото Сараево. Во 1995 година овој филм ја доби Златната палма на Фестивалот во Кан. Почетната песна на саундтракот претставува доказ дека Бреговиќ не ја загуби ниту својата смисла за сатира, ниту способноста политички да говори за ужасите на војната. Со едноставен наслов "Калашњиков", оваа песна е израз на радоста, веселбата на военото оружје на обичниот човек: АК-47, кое својот 50. роденден на деструктивно постоење го "прослави" во 1997 година. 
Ако генераниот интелектуален, морален и културен дух на една ера се смета за одраз на тој историски период , тогаш рок ен рол музиката во социјалистичка Југославија го симболизираше поопштото знаење дека на хоризонтот се наѕираат промени. Но, би отишле во крајност ако тврдиме дека рок музиката претставуваше фронтална позиција на сА поистакнатото сфаќање што доведе до пропаст на државата. Напротив, оваа музика придонесе во развојот на променливите општествени очекувања во Југославија и беше под нивно влијание. Крајниот хаотичен резултат на кој предупредуваа Бреговиќ и голем број други композитори (или го изразуваа со еден вид нихилистички фатализам) се оствари. Кој не ја слуша оваа песна, ќе слуша бура! Бурата дојде.

Подемот на националистичката идеја на почетокот од еуфоријата по Студената војна

back to top

Кога падна Берлинскиот ѕид, во ноември 1989 година, јас се најдов во Косово, известував за конфликтот меѓу Србите и Албанците. Иднината лежи во Косово, си реков таа вечер, не во Берлин. 
Роберт Д. Каплан, "Анархијата што доаѓа" (1994, 76)

Мислам дека ќе има војна во Југославија. Тоа ќе биде глупава војна. 
Горан Бреговиќ, 14 септември 1989 година

Она што за Бреговиќ беше очигледно во 1989 година за повеќето европски и американски политичари и дипломати остана несфатливо сА до 1992 година, дури и кога веќе почна да избива војната во Босна и Херцеговина се слушаа исказите: ќе има војна; ќе биде брутална и антагонистичка; ќе биде глупава војна. Првите лидери на сите поранешни републики кои станаа претседатели на независни земји - Момир Булатовиќ на Црна Гора, Милан Кучан на Словенија, Фрањо Туѓман на Хрватска, Киро Глигоров на Македонија, Алија Изетбеговиќ на Босна и Херцеговина, Слободан Милошевиќ на Србија - беа принудени да го заменат "митот" за југословенското единство со митот за посебни идентитети, независност, самоопределување. 
Настаните од 1989 година во Источна Европа и крај на Студената војна сигнализираа неизбежни промени. Некои од овие промени, како падот на Берлинскиот ѕид, ветуваа светла иднина; некои, како пучот и погубувањето на диктаторот Николае ^аушеску во Романија, служеа како потсетници дека ветувањето на историјата може да биде облеано со крв. Така, кога за првпат почнаа жестоките борби во поранешна Југославија, западните лидери веднаш го осудија насилството, но беа бавни во давање некаков одговор што би значел решавање на ситуацијата. Гледано во ретроспектива, се чини дека ова беше намерно занемарување од страна на западните сили, со лажна надеж дека "неинтервенцијата (во тогашна Југославија)... би можела да ги поттикне радикалните партии пореално да се соочуваат една со друга" (Кларк 1993, 66). 
Југословенската катастрофа, исто така, е делумно грешка на Западот. Залагањето на Вудроу Вилсон, да се почитува желбата за самоопределување, помогна да дојде до уништување на цели империи во 1918 година; таквиот заносен идеализам во последно време почна да ја губи силата пред налетот на надворешната политика на "демократскиот идеализам", а преданоста на правото на национално самоопределување не помалку придонесе да се уништат токму оние држави чие создавање Вилсон го помогна во 1918 година - вклучувајќи го Кралството на Србите, Хрватите и Словенците од кое настана Југославија, земја на јужните Словени. На 25 јуни 1991 година, со скоро истовременото прогласување независност од страна на Хрватска и на Словенија, дојде до дефинитивен крај на Југославија; иако четири дена пред тоа, на 21 јуни 1991 година, тогашниот државен секретар Џемс Бејкер, за време на кратката посета на Југославија, без простор за сослушување на другата страна го информираше словенечкиот претседател Кучан дека САД нема да поддржат унилатерално прогласување независност на југословенските републики (Силбер и Литл 1995, 150). 
Потоа, САД и Европа ги осудија обидите на Југословенската народна армија (ЈНА) воено да интервенира во републиките што сакаа да се отцепат. Државата "Југославија", под авторитарна контрола на Србија, го изрази своето право да ги заштитува своите граници, легитимен и признаен принцип, што беше воспоставен со Договорот во Хелсинки од 1975 година, основа на ОБСЕ (Рамет 1991, 85). Со други зборови, Европа беше обврзана на краен парадокс: 1) нејзината обврска, според Договорот од Хелсинки, да ја почитува неменливоста на границите и со тоа да ја одржи својата обврска да помогне да се сочува обединетоста на шесте републики и двете автономни покраини и 2) правото на народите за самоопределување. 
Овој парадокс, влијанието на политичката идеја во поранешна Југославија - односно идејата дека националниот идентитет припаѓа само на етничката врска, а не на дистинкцијата меѓу етничките републики и народите што хармонично живеат заедно - почна да го претставува крајниот израз на "духот" на разликите. Титовиот слоган "Братство и единство" ќе се замени со тврдењето на Милошевиќ дека "Никогаш повеќе никој нема да го тепа српскиот народ!" или со Туѓмановиот "сон" за независна Хрватска, на која неговата "нација" чекала 900 години (Силбер и Литл 37-47; 131-132; 144-145; 212; 213). 
Во долгата анализа со низа аргумени за коренот на причините за смртта на Југославија, се создадоа прилично своеволни претпоставки според кои конфликтот бил предизвикан од неколкумина поединци кои безмислосно манипулирале со кризата заради сопствена корист или, напротив, дека кризата има длабоки корења во југословенската историја преполна со насилство и дека претставува нејзина неизбежна последица. Иако не мора да значи дека ваквите аргументи се кратковидни, тие не смеат да ја исклучат вистината - како што правеа голем број аналитичари - дека она што се случи во Југославија беше неодвоиво од меѓународните промени и меѓузависноста; дека, наспроти многу сегашни верувања, процесот на распаѓањето на Југославија не беше ограничен на Балканот, туку и самиот беше одраз на поширокиот политички распад кон крајот на 20 век. 
Алтернативно гледање за оваа дезинтеграција може да биде аргументацијата од Аристотелова гледна точка. Како што наведува Аристотел во "Политика", појавата граѓаните да имаат одговорност кон "полисот" (на грчки - град) претставуваше новина во развој на настаните во античкиот еленистички свет; претходно, племенските водичи владееле деспотски со своите поданици, кои биле примитивни објекти на "крвната врска". Според Аристотел, државата се дефинира во однос на распределбата на политичката моќ и кога ќе се сменат начините на дистрибуција на моќта се создава нова држава (Политика, Книга 3, Глава 3, 1276а7). 
Меѓутоа, она што останува многу необично за југословенскиот пример е тоа што различните југословенски републики ја претпочитаа самоидентификацијата со етничкиот идентитет (односно со "крвната врска") во однос на заедничката обврска на граѓаните кон полисот (државата). Тоа, всушност, претставуваше опачина на последователните историски настани за кои пишуваше Аристотел. Таквиот нов начин на политичко однесување, иако не сосема непознато на историјата од 20 век, испраќа порака со предупредување за стабилноста на Источна Европа и на поранешниот Советски Сојуз во 21. век. 
Ако "крвта" секогаш се претпочита пред она што Аристотел го нарече "пријателство кон државата", тогаш војната и насилството се неизбежни сретства во процесот на транзиција. Драматургот Есхил (кој пишуваше за импликациите на промената што технологијата може да му ги донесе на окованиот Прометеј) како да нА предупредува за ова во својата трилогија "Орестија". Со промена на "природата" на Фуриите, односно Гневните во Евмениди, Добродушни, Атина, божицата заштитник на "полисот" Атина, ги уверува Евменидите дека нејзините граѓани ќе ги почитуваат и дека за нив ќе чуваат "подземни храмови" (Ловел 1978, 76). Евменидите, убедени од елоквенцијата и искреноста на Атина, одат под земја, под центарот на Атина, каде што ги очекуваат жртвите принесени за нив. А истовремено, присуството на "крвните одмазднички", Фуриите под земја, како да ја симболизира колективната и веројатно несвесна одговорност да се почитува крвната врска и да не се претерува.

Смртта на југословенската идеја и подемот на националистичката идеја не се случуваа истовремено. Постојат аргументи во прилог на ова становиште, особено меѓу младата генерација која сметаше дека смртта на југословенската идеја е директна вина на постарата генерација, на Децата на југословенската револуција од партизанското движење на отпорот во Втората светска војна или дека таа е резултат на парадоксите на Студената војна што го претставуваат "митот" за Југославија. Национализмот во Словенија, Србија, Хрватска и Босна не изби ненадејно со завршувањето на Студената војна; такви националистички "крвни врски" постојат со векови. Сепак, Европа, не успевајќи адекватно да одговори на југословенската криза, и самата ги прекина врските со вродените контрадикции на нејзините принципи: правото за самоопределување и непроменливоста на границите. 
Европа несвесно помогна да се забрза деструкцијата. Венс-Овеновиот мировен план, претставен во 1993 година, требаше да ги одвои етничките заедници една од друга во Босна и Херцеговина и да воспостави посебни етнички енклави во рамките на независната држава. Во брзањето да се воспостават етнички "мнозинства" во региони каде што порано такви не постоеле, сите партии во извесен степен (иако беше јасно дека босанските Срби беа најзлонамерни) почнаа со убиствено спроведување на "принципот" на Томас Малтус за контрола на популацијата преку дивјачката практика на "етничко чистење". 
Така, дефинирајќи го чувството на југословенски "дух" што полека извираше за време на Студената војна, за да ја зголеми својата моќ со нејзиното завршување, националистичката идеја што го изразуваше духот на времето и чувството на различност меѓу југословенските народи - за разлика од технологијата за контрацепција што ги дефинираше демографските разлики во текот на неколку децении, или постепениот развој на рок ен ролот како израз на младешки гнев, т.е.ослободување и политичка дисиденција - еруптира брзо. Натаму, политичките идеи на национализмот и етничката припадност придонесоа за брза дезинтеграција на Југославија. Промената во индивидуалниот избор, овозможена од технологијата, помогна да се забрзаат разликите во демографијата; рок музиката како уметничка форма влијаеше на сА појасното сфаќање дека крајот на југословенската идеја е неизбежен; и, како крајна перверзија, подемот на национализмот и злокобните етнички поделби доведоа до гротескно докажување на идејата на Малтус за популациона контрола - не преку технологијата на контрола на раѓањето, туку преку спроведување етничко чистење - заради доминација во моноетнички, одвоени држави.

Деца на деволуцијата: Случај на причина и последица

back to top

За време на едно неодамнешно истражувачко патување на Балканот, бев крајно изненаден од еден, наизглед вообичаен, настан. При посетата на домот на еден близок пријател во Скопје, Македонија, гледав како осум-годишниот син на мојот домаќин, роден во деновите кога Југославија изумираше, танцуваше на музика на Бјело дугме и, полн со радост, ги пееше стиховите на една од најпопуларните песни на оваа група: "Пљуни и запјевај, Југославијо". За ова момче, по име Борјан Ѓузел, кое израснало во годините по распаѓањето на Југославија, зборовите добиле различни значење, делумно бидејќи припаѓаат на еден друг "дух" од "духот" што беше карактеристичен во едно време, а потоа, со умирањето на Југославија, му истече рокот. Сепак, беше можно да се најде интернет страница со стиховите на рок песните на поранешна Југославија, полни како со протести така и со пофалби за местото што еднаш се викаше Југославија (фтп.ѕуропе.цом/фтп/пуб-/боокс/ѕу_роцк). "Ју рокот", навистина, престана да врши значајно влијание по првите денови на југословенското изумирање во 1991 година. Но, сепак, рок ен ролот беше витална политичка сила. По неговото владеење, подемот на ужасната музика позната како турбо фолк - во основа еден вид на трајно уништување (или културен армагедон) на рок ен ролот - го обезбеди преминот кон друг културен мотив. Како еден вид обид да го премости јазот помеѓу рокот и фолк музиката, музичкото дело на Ѓорѓе Балашевиќ стана едно од најважните, дури и иконски дела во времето по Југославија. 
Иако може да се тврди дека она што се случи во Југославија едноставно претставуваше голема експолозија на еден дух што долго време различно се манифестираше кај различни народи, ваквата теорија се чини недоволна за да ги објасни милионите начини на кои Југословените порано беа поврзани и преку сличности и преку разлики. Од 1943 година, па сА до крајот на 1991 година, социјалното значење на сменетата демографија и на развојот на политичката свест во различните југословенски републики претпоставуваа "дух" на разлики што постепено се развиваше за потоа одеднаш да се распадне во својот зенит. 
Границите меѓу културите, како што грчкиот поет Јанис Патилис со право забележуваше во својата проза, не се географските граници, туку внатрешните (Патилис 1997, 51). Со испитување на просторот меѓу овие граници, почнуваме да ги препознаваме аспектите на разликите. Во 1991 година, кога југословенската држава не можеше доволно да ја исполни сА поразличната општествена реалност и општествените очекувања на своите граѓани овие граници почнаа да се прекршуваат. 
"Буфот на Минерва лета само на самрак", напиша Хегел во претпоследниот пасус од неговиот вовед во "Философијата на правото". Таква полисемантичка фраза, богата со значења, наведува на заклучок дека философски можеме да гледаме само наназад - односно, со задна перспектива - и, со тоа, како што покажува неодамнешната историја, не само што почнуваме да размислуваме за последиците од југословенската катастрофа по иднината на Европа, туку за нив треба да почнеме да размислуваме и на сосема различни начини.

back to top

Aeschylus. The Oresteia. Translated by Robert Lowell. New York: Farrar,
Straus, and Giroux, 1978.
______. Prometheus Bound. Translated by George Thomson. New York: Dover,
1995.
Aristotle. Nicomachean Ethics. Great Books of the Western World, Robert
Maynard Hutchins, chief ed. Chicago: Encyclop?dia Britannica, Inc.: 1952.
________. Politics. Great Books of the Western World, Robert Maynard
Hutchins, chief editor. Chicago: Encyclop?dia Britannica, Inc.: 1952.
________. Rhetoric. Great Books of the Western World, Robert Maynard
Hutchins, chief editor. Chicago: Encyclop?dia Britannica, Inc.: 1952.
Asbell, Bernard. The Pill: A Biography of the Drug that Changed the World.
New York: Random House, 1995.
Banac, Ivo. Introduction to Balkan Babel: The Disintegration of Yugoslavia
from the Death of Tito to Civil War, 2nd edition. Boulder, Colorado:
Westview Press, 1996.
Boorstin, Daniel J. The Discoverers: A History of Man's Search to Know His
World and Himself. New York: Random House, 1983.
Bregovi*, Goran. "Whoever Doesn't Listen to this Song Will Hear a Storm."
Interview with Sabrina Petra Ramet. Rocking the State: Rock Music and
Politics in Eastern Europe and Russia. Boulder, Colorado: Westview Press,
1994, 134-139.
Chase, Allan. The Legacy of Malthus: The Social Cost of the New Scientific
Racism. New York: Alfred A. Knopf, 1977.
Chernow, Barbara A., and George A. Vallasi, editors. The Columbia
Encyclopedia: Fifth Edition. New York: Columbia University Press, 1993.
Clarke, Jonathan. "The Conceptual Poverty of U.S. Foreign Policy." Atlantic
Monthly, September 1993, 54-56.
Curtis, Glenn E., editor. Yugoslavia: A Country Study. Washington, D.C.:
Government Printing Office, 1992.
Denich, Bette S. "Sex and Power in the Balkans." In Woman, Culture, and
Society, edited by Michelle Zimbalist Rosaldo and Louise Lamphere, 250-256.
Stanford, California: Stanford University Press, 1974.
Djerassi, Carl. The Pill, Pygmy Chimps, and Degas' Horse: The Autobiography
of Carl Djerassi. New York: Basic Books, 1992.
Easterlin, Richard A. Growth Triumphant: The Twenty-First Century in
Historical Perspective. Ann Arbor, Michigan: University of Michigan Press,
1996.
Hegel, Georg Wilhelm Friedrich. Hegel's Science of Logic. Translated by
Arnold V. Miller. New York: Humanity Books, 1998.
________. Lectures on the Philosophy of World History: Introduction: Reason
in History. Translated by H. B. Nisbet. Introduction by Duncan Forbes.
Cambridge: Cambridge University Press, 1975.
________. The Philosophy of History. Translated by T. M. Knox. Great Books
of the Western World, Robert Maynard Hutchins, chief editor. Chicago:
Encyclop?dia Britannica, Inc.: 1952.
________. The Philosophy of Right. Translated by T. M. Knox. Great Books of
the Western World, Robert Maynard Hutchins, chief editor. Chicago:
Encyclop?dia Britannica, Inc.: 1952.
________. Political Writings. Translated by T. M. Knox. Oxford: Oxford
University Press, 1964.
________. Werke in zwanzig Banden [Collected Works in Twenty Volumes].
Edited by E. Moldenhauer and K. M. Michel. Frankfurt: Suhrkamp Verlag, 1969.
Hewitt, Bill, and Theodore Stanger. "A Balkan Power Play." Time [European
Edition], 24 October 1988, 9-12.
Kaplan, Robert D. "The Coming Anarchy." Atlantic Monthly (February 1994):
44-76.
Miljkovi*, Branko. A@,24" [The Collected Poetry]. Belgrade, Yugoslavia:
Prosveta, 1981.
Nyrop, Richard F., ed. Yugoslavia: A Country Study. Washington, D.C.:
Government Printing Office, 1982.
Patilis, Yannis. From the Afterword, "Poetry's Utopia," to Camel of
Darkness: Selected Poems (1970-1990). Translated by Stathis Gourgouris.
Princeton, New Jersey: Quarterly Review of Literature, Volume 2, 1997.
Ramet, Sabrina [Petra]. Social Currents in Eastern Europe: The Sources and
Meaning of the Great Transformation. Durham, North Carolina: Duke University
Press, 1991.
________. Balkan Babel: Politics, Culture, and Religion in Yugoslavia.
Boulder, Colorado: Westview Press, 1992.
________, editor. Rocking the State: Rock Music and Politics in Eastern
Europe and Russia. Boulder, Colorado: Westview Press, 1994.
________. Social Currents in Eastern Europe: The Sources and Meaning of the
Great Transformation, 2nd edition. Durham, North Carolina: Duke University
Press, 1995.
________. Balkan Babel: The Disintegration of Yugoslavia from the Death of
Tito to Civil War, 2nd edition. Boulder, Colorado: Westview Press, 1996a.
________, editor. Gender Reversals and Gender Cultures: Anthropological and
Historical Perspectives. New York: Routledge, 1996b.
Schevill, Ferdinand. History of the Balkan Peninsula: From the Earliest
Times to the Present Day. New York: Dorset Press, 1991.
Shapiro, Paul H. "Social Deviance in Eastern Europe: On Understanding the
Problem." In Social Deviance in Eastern Europe, edited by Ivan Volgyes.
Boulder, Colorado: Westview Press, 1978.
Silber, Laura, and Allan Little. Yugoslavia: Death of a Nation. New York: TV
Books, 1996.
Simic, Charles, ed. and trans. The Horse Has Six Legs: An Anthology of
Serbian Poetry. Saint Paul, Minnesota: Graywolf Press, 1992.
U.S. Department of State. Country Reports on Human Rights Practices.
Washington, D.C.: U.S. Government Printing Office, 1988.
________. Country Reports on Human Rights Practices. Washington, D.C.: U.S.
Government Printing Office, 1989.
________. Country Reports on Human Rights Practices. Washington, D.C.: U.S.
Government Printing Office, 1990.
Vesi*, Du*an. "Novi prilozi za istoriju Jugoslovenskog rock'n rolla": Part
1, "Josip Broz i rock'n roll." Pop Rock (Belgrade), 10 May 1990, 2.
Weintraub, Bernard. "US to Sell Arms to Yugoslavia and Widen Military
Cooperation." Current News, 29 September 1978, 9F.
Zimmerman, Michael E. Heidegger's Confrontation with Modernity: Technology,
Politics, and Art. Bloomington: Indiana University Press, 1990.