Denko Maleski
Professor at Doctoral School of Political Science
Ss. Cyril and Methodius University in Skopje

 

Денко Малески 
МЕГУНАРОДНА ПОЛИТИКА 
Правен Факултет, Скопје, 2000

Книгата Мегународна политика на професорот по мегународна политика и право и Современи политички системи на Правниот Факултет во Скопје, Д-р Денко Малески, представува хрестоматија од текстови на познати мислители и творци на она подрачје од науката, што денес се нарекува мегународна политика. Книгата исто така содржи три студии на Д. Малески : Еволуција на мислата за мегународната политика; Од класичната мисла за мегународната политика и Мегународната политика и мегународното право.>

Книгата е поделена на три дела. Првиот дел ги содржи избраните текстови на таканаречените реалисти во мегународната политика. Мелијанскиот дијалог на Тукидид ; За владетелите и за безбедноста на нивните држави на Николо Макијавели; За природната состојба на човештвото на Томас Хобс; Конфедерацијата како средство за мир во Европа на Жан Жак Русо, се интелектуални предходници на современите автори како Ханс Моргентау, Хедли Бул, Роберт Гилпин и Кенет Н. Волтс.

Институционалистите се представени со текстовите на класичните автори Хуго Гроциус (Законите на војната и мирот), Имануел Кант(мирот, моралот и политиката) , Џереми Бентам (Мирот мегу народите е тука), како и со современиците: Ернест. Б. Хаас (Мултилатерализам, знаење и мок); Роберт О. Кеохејн и Џозеф Нај (Реализмот и комплексната мегузависност); Џон Бартон (Билијардски топки); Мајкл Дојл (Кант, либералното наследство и надворешните работи) и Чарлс А. Капчан и Клифорд А. Капчан (Вербата во колективната безбедност)

Вториот дел започнува со Балешки за Тукидид, Макијавели, Хобс, Ж. Ж. Русо, Кант, Бентам и Мил, кои ги направи авторот на хрестоматијата Д. Малески, како и избор на текстови од овие автори на класичната мисла за мегународната политика.

Третиот дел го сочинуваат седум есеи на Малески за мегународната политика и право (Системот на држави и мегународното право; Еволуција на мегународното право; Мегународното општество, националното општество и мегународното право; Правото и политиката во мегународното општество; Облици на организацијата на мокта во мегународното општество и Обединети нации)

Со оваа книга, вели Малески, настојувам да и пренесам на македонската читателска јавност дел од нашата западна мисловна традиција за мегународната политика, од која бевме отсечени речиси пет децении, прогласувајки само едно нејзино поглавје, марксизмот, за нејзин почеток и крај. Особено крајот! Ослободувајки се од ваквата , балсамирана теорија, разбираме, всушност, дека човековата мисла нема крај, но дека има едно минато и сегашност од кои може многу да се научи,

Како заради прекрасниот и со умеење направен избор на текстови на Малески кој освен тоа што е професор по Мегународна политика, беше министер за надворешни работи на Македонија (1991-1993) и амбасадор во ООН (1993-1997) така и заради неговото разбирање на мегународната политика, книгата Мегународна политикапредставува вистински вредна и незаобиколлива читанка за сите оние што ги интересира мегународната политичка теорија и пракса.

 

Преводот на текстовите од англиски е на Калина Малеска;
Издавач е Правниот Факултет од Скопје (Едиција: Мегународно право и политика)