Албанската миграција во Грција: економски, социолошки и политички импликации

Апстракт

И покрај негативните чувства кај грчката популација, Албанците главно даваат евтини и неквалификувани услуги, со што му се помогна на порастот на грчката економија: тие се експлоатирана стока која носи приход. Во оваа статија ќе го опишам, проценам и анализирам албанскиот миграциски наплив во Грција од економски, социолошки и политички гледни точки. Со моите истражувања и аргументи ќе се обидам да ја насликам албанската миграција во Грција како јасна манифестација на глобализацијата на еден капиталистички слободен пазар.

Според археолошките истражувања, преселбата на човекот е дијахрон и конзистентен феномен, поттикнат од поткрепените трансмиграциски примери уште од номадските и глутничките кромањонски кланови. Во текот на илјадници години, луѓето полека се простирале низ целиот свет. Првин, примерите за миграција ги вклучувале Африка, Европа, Блискиот Исток и Азија, кои довеле до миграциски премини низ Бериншката Теснина и во двете Америки. Бројни групи се населиле на разни места и воспоставиле посебни и одвоени култури и општества кои почнале да вршат влијание едни на други и да се натпреваруваат.

Преселбата на човекот не завршила и покрај еволуцијата на политичките, општествените и културните идентитети, а противставените раси се бореле за поголема доминација врз земјата и врз народот. Разни заедници започнале со трговија и со размена на идеи, информации и технологии. Утврдените и големите цивилизации продолжиле со иновирање и подобрување на оружјето, на земјоделските техники и на методите за транспорт, вклучувајќи го и развојот на поморството. Од ова клучно откритие потоа е родена ембрионската форма на глобализација, принцип што го споделуваат одделни општества, а исто така разменуваат информации, богатства, работна сила и капитал низ целиот свет. Појавата на истражувачката ера, заедно со с? поголемата љубопитност на шпанските, португалските, британските, француските и холандските претприемачи го дава натамошниот поттик на глобализацијата.

Откривањето на Новиот свет ги отворило вратите за миграција и населување на прогонетите, сиромашните и амбициозните европски индивидуи и групи. Со истакнувањето на колонијализацијата и со појавата на Индустриската револуција во 18 и 19 век, човештвото станува сведок на натамошното ширење на идеолошкото зреење и напредок во технологијата, комуникацијата и транспортот. Заедно со глобалната размена на информации, с? поголем е бројот на луѓето од Европа, Африка и Азија кои продолжуваат да мигрираат во двете Америки, како и во други новостекнати колонии и независни држави. Од средината на XIX до крајот на ХХ век миграциските бранови зајакнуваат, додека глобалниот слободен пазар го преплавуваше светот. За време на последните години од ХХ век, а особено во периодот по Втората светска војна, миграцијата ги зафати и дотогаш културно и расно хомогените општества. Триумфот на капитализмот, заедно со напредокот на технологијата, особено со појавата на компјутерската индустрија, доведе до појава на едно глобално село. Потребите за работна сила во богатите земји и сиромаштијата кај сиромасите во неразвиениот свет доведоа до појавата на еден нов бран на миграција, кој предизвика невидена демографска промена во многу делови од развиениот свет. Приливот на муслиманските имигранти, на пример, ја промени религиозната слика на христијанска Европа до тој степен што “исламот се појави како втора европска најголема религија” (Хантер и Сафарти, 2002: xiii).

Еволуцијата кон модерната глобализација го измени светското сфаќање за миграцијата од еден чин на економски опстанок на микро ниво до глобално распространет феномен. Првиот е значаен фактор при донесувањето одлуки за миграција, додека вториот го објаснува глобалното сфаќање за миграциските текови од периферијата кон центарот, дозволувајќи им на индустријализираните нации да профитираат од евтините мигранти кои вршат рачна и неквалификувана работа. Како резултат на ова, мигрантите, а не информациите, технологијата, капиталот и стоката станаа витална компонента на размена која продолжува да служи како стока во светот на глобализиран капитализам.

Во почетокот на 1990-тите, Албанија и Грција станаа два активни учесници во рамките на глобалната капиталистичка парадигма на слободната трговија: првата како испраќач, а втората како примач. Користејќи ја предноста на новосоздаденото слободно движење по пропаѓањето на ксенофобичниот комунистички режим во почетокот на 1990-тите години, над 600.000 сиромашни Албанци ја преминаа порозната грчко-албанска граница во потрага по работа и подобар живот. Со приход од $ 1.200 по жител, Албанија и натаму е најсиромашната европска земја и непрекинат извор на илегални имигранти во Грција и во другите европски земји. Ова масовно “влегување и нерегулирано престојување на странски имигранти претставува нов феномен за современото грчко општество”, кое досега беше испраќач, а не примач на странски работници (Триандафилиду и Веику, 2002:190).

И покрај негативните чувства кај грчката популација, Албанците главно даваат евтини и неквалификувани услуги, со што му се помогна на порастот на грчката економија: тие се експлоатирана стока која носи приход. Во оваа статија ќе го опишам, проценам и анализирам албанскиот миграциски наплив во Грција од економски, социолошки и политички гледни точки. Со моите истражувања и аргументи ќе се обидам да ја насликам албанската миграција во Грција како јасна манифестација на глобализацијата на еден капиталистички слободен пазар. Освен разни секундарни извори, моите податоци вклучуваат опсервации врз база на мојата посета на Грција пред неколку години и врз база на статии од извештаи во весниците и во другите средства за информирање на грчки јазик.

Економските фактори

Грчката историја на миграцијата има поминато интересен пат. За поголемиот дел од нејзината историја од стекнувањето на независноста од Отоманската империја на крајот на 1820-тите години, Грција беше испраќач на иселенички работници. Дури од 1990-тите години земјата стана примач на имигранти. По оваа промена & од земја емигрант во земја мигрант & следеше развојот на нејзината економија. Малата каменеста земја сиромашна со ресурси, одвај успеваше да ја нахрани својата неквалификувана и необразована популација. Илјадници Грци бегаа во Европа, во Русија и на други места во потрага по работа. Емиграцијата во САД се случи многу подоцна, со првиот бран на сиромашните имигранти кои стигнаа на брегот на Америка во 1890-тите години (Москос, 1980). Мојот прадедо Коста беше дел од овој масовен егзодус на работноспособни мажи.

Балканските војни (1912-13), кои завршија со повеќе од двојно зголемување на грчката територија, како и приливот на пообразовани и космополитски Грци од Мала Азија во 1920-тите, ги поставија темелите на постепеното подобрување на економската моќ на земјата (Фрерис, 1986). Но, Втората светска војна и Граѓанската војна (1946-49) го срамнија целиот дотогашен прогрес. Илјадници луѓе беа приморани да го фатат патот на емиграцијата, зголемувајќи го бројот на иселените работници во странство. По војната, Грција доживеа три иселенички преселби во и надвор од земјата. Од 1945 до 1973 речиси еден милион Грци се преселија во традиционално имиграционите земји како што се САД, Канада, Австралија, Западна Германијаи некои други европски земји. Грчката миграција во Северна Европа претставуваше микрокосмос на европски фордизам, еден демографски феномен во кој јужните Европејци мигрираа во развиените нации на Северна Европа поради економски, семејни и политички причини; грчките мигранти “функционираа на истиот начин како ’резервна работничка армија’ за северноевропските индустрии и потреби по работна сила во работните сектори од низок статус” (Кинг, 2000:5). Дури и моите родители беа дел од овај емиграциски бран.

По годините на слаб економски развој, грчкото стопанство почна да доживува значаен подем. Странската помош и парите што ги испраќаа морнарите и Грците кои живееја во странство придонесоа за овој економски пораст. Како резултат на тоа, од почетокот на 1970-тите години Грција доживеа определено враќање во метрополата. Во периодот 1974&1985, на пример, околу половина од Грците кои беа емигрирале од земјата во претходната декада се вратија во масовен миграциски прилив. До крајот на овој период “и емигрантите од и мигрантите-повратници во Грција достигнаа безначајни нивоа, а миграциската мрежа беше блиску до нула” (Факиолас, 2000:85).

Грчкото економско богатство почна да покажува значајно подобрување по пристапувањето на земјата кон она што денес го нарекуваме Европска унија (ЕУ) во почетокот на 1980-тите години. Масовната помош во форма на “пакети на инфраструктурна изградба” и помогна на земјата да доживее економски бум при крајот на 1980-тите години. Од периферијата на капитализмот, Грција се доближи до центарот. Иако инфлацијата беше висока, домашниот производ по жител двојно се зголеми за помалку од една декада, од околу $ 6.000 при крајот на 1980-тите до над 13.000 во 2002 (Колиопулос и Веремис, 2002). Нивото на образованието порасна, како и урбанизацијата, поголемата мобилност и очекувањата. Образованите урбани Грци одбиваа земјоделски или други слабо платени вработувања, какви што се домашни помошници или чувари. Влошените економски услови и политичката нестабилност во Африка и во некои други делови од развиениот свет, заедно со пропаѓањето на комунизмот при крајот на 1980-тите и во почетокот на 1990-тите години, го означија почетокот на промената. Првпат во историјата имигрантите почнаа да мигрираат во Грција “од африканските и азиските земји, а по 1989 година и од источноевропските земји” (Кинг, 2000:7). Одеднаш, од земја на емиграција, Грција се претвори во земја на имиграција. Извесен број од новодојдените имигранти беа со грчко потекло од Советскиот Сојуз и од земјите од Источна Европа. Тие добиваа грчко државјанство и голем дел од нив се вклучија во работната сила (Триандафилиду и Веику, 2002:19).

Меѓутоа, огромен број работници&иселеници коишто ја преплавија Грција се легални или нелегални Албанци. Широкото и с? поголемо присуство на Албанци на грчка почва се должи на потребата за евтина работна сила, на географската близина, како и на сентименталните причини. Иако не постојат прецизни статистички податоци, атинскиот дневник Катимеринија дава бројката која е близу до 700.000. Еден друг весник, Та неа, известува дека до 2015 година речиси 25 проценти од жителите во Грција ќе бидат странци, главно Албанци. Истиот извор смета дека еден од 10 ученици во основните и средните училишта е странец, а повеќе од 80 отсто од нив се Алабанци. То Етнос(еден друг атински дневник) проценува дека веројатно дури 300.000 од албанските имигранти се сметаат за нерегистрирани странци од страна на грчката влада. Во една земја во која живеат помалку од 11 милиони луѓе, таквата бројка е претерано висока и претставува закана за губење на грчкиот идентитет и на културната хегемонија (Триандафилиду и Веику, 2002:195).

И покрај недостигот на работна сила во земјоделството и кај другите слабо платени работни места, на грчката економија и беа потребни помалку од половина од работниците-иселеници. Како тогаш се објаснува оваа албанска лавина? Иако Албанците се сметаат за една од најстарите национални групи на Балканскиот Полуостров, тие се последната група во регионот која се стекна со национална независност. Тоа се случи во 1913,но повеќе од половината од оние кои се сметаат за Албанци продолжија да живеат во соседните територии надвор од јурисдикцијата на тиранската влада. Ваквата ситуација остана непроменета. Според зборовите на Елез Бибнерај “повеќе Албанци живеат надвор одошто внатре во Албанија” (1998:13). Сиромашна и политички нестабилна, земјата беше окупирана од италијанските и германските сили во Втората светска војна. Отпорот против окупацијата го отвори патот на комунистите водени од Енвер Хоџа за преземање на контролата врз земјата и за воспоставување на тоталитарна диктатура.

Режимот, кој ја надживеа смртта на својот основач во 1985 година, траеше само до почетокот на 1990-тите. Заедно со Северна Кореја, Албанија беше една од земјите со затворени, ксенофобични системи во светот. Патувањето беше забрането, како и поседувањето приватни автомобили. Религијата не само што беше потисната, туку беше прогласена за нелегална. Борејќи се за самозадоволување на своите потреби, Хоџа и неговите колеги ја обесхрабруваа трговијата, им забрануваа на Албанците да поседуваат странска валута и строго ја казнуваа опозицијата од каков било вид. Логорите за принудна работа станаа бројни и земјата се нарекуваше “Балкански Гулаг”. Албанскиот комунистички режим падна последен и дури тогаш светот разбра за многу тешката состојба што тој ја остави зад себе. Во 1992 година, година или две по крајот на комунизмот, помалку од 5 проценти Албанци имаа телефон, а годишниот приход по жител изнесуваше одвај $ 650. Ситуацијата е малку подобрена, но Албанија, заедно со Молдавија, останува како најсиромашна европска земја.

Во овие услови не е тешко да се разбере зошто Албанците се обидуваат да емигрираат во толкаво мнозинство. Географската близина и порозната граница која ги одвојува двете земји направи Грција да биде атрактивен избор. Иако политичките и социјалните тешки фактори се основните мотиви за мигрирање, Албанците главно мигрираат во Грција поради економски причини. Освен тоа, значителниот диспаритет во платите меѓу земјите-испраќачи и земјите-примачи поттикнаа поголема миграција. Во суштина, “платите заработени во Грција се околу 4-6 пати поголеми од оние што можат да се заработат дома во Албанија” (Факиолас, 2000:67). Логично е дека амбициозните сиромашни албански граѓани ризикуваат да останат без подобро платени работни места и без подобри услови за живот ако останат да работат во сопствената држава. И покрај негативните импликации на живеењето во странска земја, останувањето во сиромаштија и соочувањето со негативните чувства од страна на грчкото општество & една албанска анализа во смисла на тоа колку чини или колку се добива од ова и понатаму оди во прилог на мигрирањето во Грција.

Повеќето албански иселеници исто така се стремат кон поголемо образование и квалификации во споредба со просечниот албански граѓанин. Како резултат на тоа, поголем број албански имигранти во Грција се жртви на релативни одрекувања, што е во врска со концептот дека амбициозните и образованите лица никогаш не добиваат можности за подобрување на нивниот економски и социјален статус поради непопустливоста на погорната класа. Покрај тоа, образованите албански групи “кои беа традиционално заштитени во Албанија, како што се студентите, сега како да живеат на маргините на албанското општество и се жртви на подземните пазари на работна сила, па дури и на трговија во сопствената земја ; како последица на тоа, го губатекономското државјанствокое дополнително се комплицира ако мигрираат” (Лазаридис и Псименос, 2000:173). Повеќето албански иселеници и потенцијалните иселеници се соочуваат со ограничени избори и можности, што претставува продолжение на работната миграција во Грција која “може да се сфати како движење на луѓе коишто се дел од една глобална идеолошка верига која исцрпуваи е активно вклучена во потрага по новиот животен стил создаден од пазарната економија” (Лазаридис и Псименос, 2000:173). На тој начин, поголемиот дел од албанските имигранти се категоризираат како корисни мигранти “по свој избор” кои се стремат да бидат поамбициозни, поголеми претприемачи и поагресивни од оние кои решаваат да останат во сопствената земја (Чисвик, 2000:61).

Со секојдневното мигрирање на Албанците во Грција, земјата-примач несомнено добива поголема работна сила, особено неквалификувана или слабо квалификувана. Сепак, грчкото општество успева да излезе на крај со странската работна сила поради големата побарувачка за неквалификувани работници. Оваа висока побарувачка на работна сила се должи на повеќе фактори. Пред с?, грчката неквалификувана работна сила “многу се намали поради образовните достигнувања (Факиолас, 2000:61). Како резултат на тоа, повеќето Грци бараат почитувана, квалификувана професија наместо нискоквалификувани работни места за кои се добива минимална плата. Освен тоа, голем дел од економијата во Грција с? уште се одвива во мали семејни фирми и домаќинства кои применуваат интензивни работни производствени методи, ниско и средно развиена технологија и користат главно домашни ресурси (Факиолас, 2000:60).

Освен тоа, на сопствениците на капиталот и на менаџерите кои работат во високоразвиени технолошки сектори “им требаат хотел, угостителство, забава, домашни и други услуги, главно засновани врз неквалификувана и слабо квалификувана работна сила” (Факиолас, 2000:60). Други фактори кои придонесуваат за потребата од работна сила во Грција се и зголеменото учество на жената во висококвалификуваните професии, зголемениот број на грчки граѓани на возраст над 70 години, ограниченото учество на мажите во домашната работа, како и зголемените можности за вработување во земјоделството, туризмот и градежништвото. Како што веќе изнесовме, грчката слабо квалификувана работна сила главно е во доменот на привремена, сезонска и слабо платена. Во очај по работа и со тешки економски можности, албанските имигранти се повеќе од “подготвени да бидат географски мобилни и флексибилни во однос на работата и платите” (Факиолас, 2000:61). Албанските мигранти го сочинуваат огромниот дел од грчката работна сила и даваат огромен придонес за порастот на грчката економија.

И покрај строгата иселеничка политика, грчките работодавци својата голема потреба од неквалификувани работници ја решаваат така што најголемиот број Албанци ги вработуваат илегално. На тој начин, во Грција се создаде една крајно профитабилна подземна економија. Според некои проценки, поголемата “подземна економија е повеќе од 30 отсто од сите економски активности, додека 16 и 20 отсто од работната снила во земјата е нерегистрирана” (Факиолас, 2000:61). Грчките работодавци имаат огромна корист од вработувањето непријавени албански мигранти. На тој начин, работодавците избегнуваат да им даваат повисоки плати на грчките работници, како и да плаќаат социјални и здравствени даноци. Како резултат на тоа, повеќето нерегистрирани Албанци работат во нискоквалификувани индустрии, како што се градежништвото и земјоделството. На пример, до 1996 година, градежништвото претставуваше “одвај под 50 отсто од легалното вработување на странците, со дополнителна пресметка на еднаков број во подземното вработување” (Балдвин-Едвардс, 1998:7). Од другите професии, во грчката подземна економија се: помош во домаќинството, работа во туризмот и угостителството, шиењето облека, чуварите и продавањето стока по улиците.

Иако значајно поголеми од оние добиени дома, платите исплатени на Албанците од страна на грчките експлоататорски работодавци остануваат крајно ниски. Бидејќи зголемената понуда на работна сила дополнително ги намалува платите, албанските мигранти можат да добијат само дневница која одвај ги задоволува нивните егзистенцијални потреби. Во градежништвото, дневницата е 7.000-10.000 драхми ($23-$33). Најниската дневница “според интервјуата на имигрантите и според извештаите на Министерството за труд беше 4.000-5.000 драхми плус 1.000-2.000 (платени оброци, престој итн.) за земјоделски работи” (Факиолас, 2000:66). Албанците примаат најниски плати од сите странски работници во Грција. Во суштина, “албанските домашни помошници понекогаш добиваат половина од платата која ја добива една Филипинка за истата работа” (Лазаридис и Псименос, 2000:179). Освен тоа, понекогаш албанските работници не добиваат никаква плата за нивниот труд и “стануваат жртви на уцена од работодавците кои им се закануваат дека ќе ги пријават в полиција” (Лазаридис и Псименос, 2000:179). Иако мигрантите стануваат поизбирливи откако ќе го научат грчкиот јазик и откако ќе ги согледаат можностите за работа, Албанците и натаму се на маргините на грчката работна сила.

Социолошки аспекти

на почеток

Ниските плати ги тераат албанските мигранти да живеат во привремени живеалишта и во нечистотија. Имигрантите вработени во грчкиот рурален сектор талкаат како номади низ целата земја во потрага по работа. Овие мигранти често се делумно платени во смисла на сместување и храна, што претставува “паралелно протерување кон најмаргиналните и најодбивните станбени објекти во градовите” (Лазаридис и Псименос, 2000:180). На сличен начин и албанските мигранти вработени во урбаниот сектор се изложени на нестабилна станбена безбедност и живеат во сиромашни и распаднати живеалишта. Голем број градски реони се дом на албанските имигранти кои обично ги менуваат живеалиштата поради каприциозните и арбитрарни станбени договори, како и поради полициски сомневања. Во Атина, главниот град на Грција, 60 отсто од Албанците “имале барем една промена на адресата од нивното пристигнување во градот, а една третина живееле на пет или повеќе адреси” (Иосифидес и Кинг, 1998:217). Меѓутоа, големите урбани центри и натаму се популарни дестинации за населување на албанските мигранти. Атина е дом на најголема концентрација на албански имигранти.

Атина привлекува голем број Албанци, биедјќи главниот град има голем спектар на можности за работа, како и атмосфера на голем град, која дава поголеми можности за анонимно живеење, што, од друга страна, го намалува ризикот од апсење и депортација. Многу градски плоштади во границите на градот, вклучувајќи го и центарот на градот, се користат од имигрантите како места за средби и дружење, каде што се споделуваат разни информации и можности за работа меѓу луѓето. Но сепак, иако главниот град нуди цел спектар активности за странците, атинската заедница има издвоено само неколку напуштени градски области во кои им се дозволува престојот на албанските мигранти. Соседствата на овие области се истакнуваат по нечистотијата и пропаднатите згради. Во текот на првичната фаза на албанското имигрирање во Атина, повеќето мигранти се засолнуваа во стари хотели, “на определени плоштади, во подземни и железнички станици и во напуштени или полунапуштени населби околу градот” (Иосифидес и Кинг, 1998:215).

Како што имигрантите се собираа во старите, трошни делови од Атина, така грчките граѓани почнаа да ги избегнуваат местата кои ги обележаа како соседства преполни со криминал и сиромаштија. Во моментот, централна Атина вклучува “неколку области со релативно висок степен на концентрација на (албански) имигранти; овие области се карактеристични по порастот на проституцијата, трговијата со дрога, криминал, лошо домување и неквалитетна инфраструктура. Постои значително опаѓање на цените за земјиште и за станбени живеалишта последниве години и поголемо напуштање и осиромашување во овие области” (Иосифидес и Кинг, 1998:209). Мнозинството Грци ги обвинуваат Албанците за големиот пораст на криминалот. Сето тоа придонесе за ширење на негативни чувства кај Грците спрема мигрантите во Атина, како и во другиот дел од земјата.

Поради значителната закана по културниот идентитет, албанските имигранти страдаат од жигосување. Во сите облици и изрази грчките граѓани развија мислење за мигрантите со кое се унапредува еден национален идентитет “се работи за нас и нив; се создаваат граници со кои се определува групата на оние внатре, националната заедница, и оние надвор, странците” (Триандафилиду, 2000:188). Многу грчки граѓани веруваат дека албанските мигранти им нанесуваат удар на грчкиот општествен производ и на хеленскиот идентитет. Бидејќи “првин се мисли на грчката национална заедница, нејзината стварност лежи во перцепцијата на нејзините членови во однос на виталноста на нивната култура и нивното заедништво. Имигрантите коишто не ги делат културните и идентитетските кодови на нацијата & претставуваат опасност по неа” (Триандафилиду, 2000:189). На албанските мигранти се гледа од висина и тие се изложени на опасни набљудувања. Дури и една етнички грчко-албанска жена која живее во Атина ги опиша албанските имигранти како “нецивилизирани, варвари; тие крадат, лажат и мамат” (Лазаридис и Псименос, 2000:179). Албанските мигранти не само што се социјално изолирани од грчкото општество, туку исто така се и соочени со национални негативни чувства, па дури и со омраза.

Албанските имигранти се во интеракција со грчките граѓани кои се сомневаат во странците. За време на една посета на Атина, забележав некоректнооднесување со Албанците додека престојував во еден хотел во предградието. Неколку албански жени работеа како чистачки во хотелот. Додека внимателно ги набљудував како работат, постојано забележував како се изложени на негативни критики и отсуство на почит при нивните средби со хотелските гости. Па сепак, албанските работнички никогаш не одговараа на непријатните коментари и на некоректниот однос; тие едноставно молчеа и ги извршуваа наредбите. Уште поважно, забележав дека жените не беа регистрирани и дека исчезнаа од хотелот и од околината. Со сопствени очи се уверив не само во грчкиот преѕир спрема Албанците, туку и дека мигрантите доживуваат социјална изолација од грчкото општество.

Со цел да и се противстават на маргинализацијата од страна на грчките граѓани, албанските имигранти формираа социјални мрежи. Градењето и зајакнувањето на мрежите “е од клучно значење за опстанокот на човекот, особено ако се работи за илегален имигрант” (Иосифидес и Кинг, 2000:218). Бидејќи доаѓаат од миграционата верига, социјалното поврзување им дава на албанските мигранти чувство на заедништво, зголемување на социјалниот капитал, олеснување на економските и здравствените проблеми и полесен пристап до вработувањето. Освен тоа, социјалните мрежи служат како голема заштита од полицијата. Иако живеат во области во кои царува криминалот, “резиденцијалните групирања на имигрантите нудат безбедност и успешно реагираат во итни случаи” (Иосидидес и Кинг, 2000:218). Социјалните мрежи им овозможуваат на Албанците да ја избегнат реалноста на негативните чувства на Грците и нивното лошо однесување. За многу Грци овие мрежи не се ништо друго освен гнезда на криминал.

Иако социјалното вмрежување им овозможува на мигрантите привремено олеснување од опасностите врзани за расизам и дискриминација, од друга страна тоа ја зголемува маргинализацијата. Социјалната изолација не се поттикнува само од разликите кај грчките и албанските живеалишта, туку “исто така и во уривање на способноста на Албанците да воспостават и да одржуваат мрежи за потрошувачка и етничка комуникација” (Лазаридис и Псименос, 2000:178). Како резултат на тоа, албанските имигранти не успеаја на вистински начин да се асимилираат во грчкото општество. Освен бескорисните обиди за асимилација, с? поширокото мислење за Албанците како за”криминалци” резултира со полициски рации во живеалиштата и становите на мигрантите, особено во Атина. Атинската полиција од неодамна почна кампања против правата на Албанците да имаат станови во сопственост. Освен тоа, годишните депортирања на илегални албански мигранти се во пораст. Отстранувањето на албанските имигранти “исто така може да се сфати како една поширока стратегија за регенерирање на центарот на Атина. Мислењето за мигрантите како за “загадувачи на градот” ја одразува новата стратификациона политика на урбаните центри, во кои мигрантот “се сметува под килим” во обид да се создаде град без никакви видливи знаци на присуство на мигранти (Иосифидес и Кинг, 2000:178).

Одговор на државата и заклучоци

на почеток

Поради недостигот на искуство со имиграцијата, грчката држава се најде неподготвена да му се противстави на овој феномен. Фактот што државјанство во Грција се добива врз етничка а не врз граѓанска основа, уште повеќе го комплицира одговорот на државата. На крајот, владата донесе закони со цел да ја ограничи имиграцијата и да ги постави условите за добивање работна дозвола. Првиот закон за имиграција беше донесен во 1994 година и негова “главна цел беше да се спречи влегувањето на непријавени имигранти и да се олесни протерувањето на оние кои се веќе присутни со тоа што ќе се поедностават процедурите за протерување” (Триандафилиду и Веику, 2002:196). Во 1997 година е донесен нов закон во кој се подвлечени условите и барањата за издавање работни дозволи. Законот од 1997 година дава можности за два вида дозволи. Белата карта, која се издава на 6 месеци и која може да се продолжи, им се издава на оние коишто можат да докажат дека имаат “потенцијален работен договор со некој работодавец” (Триандифилиду и Веику, 2002:196). Зелената карта е дозвола која важи за пет години и која може да се продолжи, а му се дава на некој странски работник кој може да докаже дека “тој/таа бил во Грција пет години и дека има средства за сопственото издржување” (Триандафилиду и Веику, 2002:197). Иако законот ги штити членовите на семејството од протерување, тој не признава политички или други права за странските работници и не обезбедува државјанство. По 15 години престој (не вклучувајќи ги годините потребни за школување) и 10 години плаќање осигурување, може да се издаде трајна дозвола. Залагајќи се за политика на “етничка преференција”, грчката држава го стави добивањето државјанство надвор од дофатот на албанските и другите иселенички работници (Триандафилиду и Веику, 2002:203). Ова покажува дека државата “с? уште нема разјаснето како сака да излезе на крај со имиграцијата” (Балдвин Едвардс и Факиолас, 1998:200).

И покрај суровата надворешност, законските одредби кои ја ограничуваат имиграцијата не се во сила. Поради с? поголемата невработеност меѓу младите, кои и покрај тоа одбиваат да прифатат слабо платени и непрестижни вработувања, државата се наоѓа под притисок на разни социјални групи, вклучувајќи ја и православната црква, за ограничување и/или протерување на иселеничките работници. Во исто време, државните власти потклекнуваат под притисокот на работодавците кои зависат од евтината албанска работна сила. Порозната грчко-албанска граница и лабавите закони им овозможуваат на оние кои се протерани да се вратат за неколку денови, а со нив да дојдат и нови мигранти. Лазаридис и Псименос ја сфатија суштината на ова неконзистентно однесување на државата со следново: “Мигрантот се претвора воексперименталнасила која, неспособна да ја контролира сопствената економска околина, станува дел од глобализираниот процес на соединување во кој немасојуз на заедницата или ограничувања на способностите. Со други зборови, миграцијата е политичко искуство во смисла и на намалување на социјалните права и на модифицирање на работната сила во контејнернамоќкој функционира според потребите на светскиот пазар” (2002:173). Албанските мигранти во Грција се пример за нивото до кое глобализираниот капитализам ја претвори работната сила во глобално пазарна стока.

Наведена литература

Baldwin-Edwards, Martin (1998): “Where Free Markets Reign: Aliens in the Twilight

Zone,” South European Society and Politics 3:3, pp. 1-15.

Baldwin-Edwards, Martin and Rossetos Fakiolas (1998): “Greece: The Contours of a

Fragmented Policy Response,” South European Society and Politics 3:3, pp. 186-204.

Biberaj, Elez (1998): Albania in Transition: The Rocky Road to Democracy, Boulder:

Westview Press.

Chiswick, Barry R. (2000): “Are Immigrants Favorably Self Selected: An Economic

Analysis,” in Caroline B. Brettell and James F. Hollifield (eds.): Migration

Theory: Talking about Disciplines, New York: Routledge, pp. 61-77.

Ethnos, Athens Daily (February 3, 2003).

Fakiolas, Rossetos (2000): “Migration and Unregistered Labour in the Greek Economy,”

in Russell King, Gabriella Lazaridis and Charalambos Tsardanidis (eds.):

Eldorado or Fortress? Migration in Southern Europe, New York: St. Martins

Press, Inc., pp. 57-79.

Freris, A.F. (1986): The Greek Economy in the Twentieth Century, London: Croom

Helm.

Hunter, Shireen and Simon Sarfaty (2002): “Introduction,” in Shireen T. Hunter (ed):

Islam—Europe’s Second Religion, Westport: Praeger, pp. xv-xvii.

Iosifides, Theodoros and Russell King (1998): “Socio-Spatial Dynamics and Exclusion of

Three Immigrant Groups in the Athens Conurbation,” South European Society

and Politics 3:3, pp. 205-229.

Lazaridis, Gabriella and Iordanis Psimmenos (2000): “Migrant Flows from Albania to

Greece: Economic, Social, and Spatial Exclusion,” in Russell King, Gabriella Lazaridis and Charalambos Tsardanidis (eds.): Eldorado or Fortress? Migration in Southern Europe, New York: St. Martins Press, Inc., pp. 170-185.

Kathemerini, Athens Daily (January 24, 2003).

Koliopoulos, John and Thanos Veremis (2002): Greece—The Modern Sequel, London:

Hurst &Company.

King, Russell (2000): “Southern Europe and the Changing Global Map of Migration,” in

Russell King, Gabriella Lazaridis and Charalambos Tsardanidis (eds.): Eldorado or Fortress? Migration in Southern EuropeNew York: St. Martins Press, Inc., pp. 1-27.

Moskos, Charles (1980): Greek Americans—Struggle and Success, Englewood Cliffs:

Prentice-Hall.

Nea, Athens Daily (Bebruary 1, 2003).

Triandafyllidou, Anna (2000): “‘Racists? Us? Are you Joking?’ The Discourse of Social

Exclusion of Immigrants in Greece and Italy,” in Russell King, Gabriella Lazaridis and Charalmbos Tsardanidis (eds.): Eldorado or Fortress? Migration in Southern Europe, New York: St. Martins Press, Inc., pp. 186-207.

Triandafyllidou, Anna and Mariangela Veikou (2002): “The hierarchy of Greekness—

Ethnic and national identity consideration in Greek immigration policy,” Ethnicities 2:2, pp. 189-208.